Куќа, ама каде?

Дискусија во 'Дом' започната од Buba Mara Zelena, 3 мај 2020.

  1. Buba Mara Zelena

    Buba Mara Zelena Нов член

    Се зачлени на:
    1 мај 2020
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Здраво, нова сум на форумот и ова ми е прво прашање. Оваа тема ми изгледаше најсоодветна за истото, па затоа тука го поставувам. Со мажот ми сакаме да купиме плац/куќа и да се преселиме да живееме во куќа. Ама не можеме да се договориме околу предностите на различни населби, Бардовци, Трнодол, Соње, Волково, ...
    Ме интересира тие што живеете во куќи, каде сте отприлика, и како сте задоволни. Мене ми се битни: мир и спокој, чист воздух и зеленило, не многу далеку од центар, а помалку битни други работи. Можеби за некои не сум ни свесна, ама еве можеби тука ќе станам :) За пари ќе се снајдеме со кредити, и двајцата имаме добри работи. Фала многу !
     
    На Frosty!, Ladyy* и Cka им се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    5.796
    Допаѓања:
    70.921
    Ако парите не се проблем у Бардовци. Најчист воздух у градот, најблиску до центар, систина тука е, комуналии плаќаш за село, не за град, од 50 до 130 евра квадрат.

    Ако сакаш на планина, продавам плац у нерези :))))
     
    На riba79, Feminka22, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  3. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    84.636
    Трнодол е најскапиот избор од тие што ги посакувате ама и убедливо најдобар.
    Најблиску до Центар, подножје на Водно, најмирно е, само не знам дали се наоѓа плац таму... не сум сретнал по огласи
     
    На Buba Mara Zelena и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    16.629
    Допаѓања:
    103.831
    Пол:
    Женски
    Ако јас правам куќа тоа би било во Волково.
     
    На Buba Mara Zelena му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Buba Mara Zelena

    Buba Mara Zelena Нов член

    Се зачлени на:
    1 мај 2020
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Фала на сите :)
    Трнодол изгледа дека е исто загадено како и во центар кај што сум сега, бардовци гледам кога има загадување некако почисто ми изгледа од центар. Бардовци и Волково се блиску ама баш сакам да ги знам разликите. Еве на пример, во Бардовци живеат поимотни луѓе, ама пак во Волково живее Угриновски докторов. Зошто? Нерези исто мислам дека има загадување, а Соње е почисто, барем за Горно Соње, ама некако е пусто и далеку.
     
  6. nonamemacedonia

    nonamemacedonia Нов член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    5
    Kavadarvi, stip ili strumica, moj predlog, ne se pregolemi gradovi, no ne se ni premali, ekonomski dobro stojat, od trite strumica number 1, pa koga semejstvoto na poranesni premier nejke da se prefle od steumica na vodno, mora da e dobar argument.
     
    На Ygritte му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Justicija

    Justicija Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    3.426
    Допаѓања:
    13.609
    Пол:
    Женски
    Во визбегово живее
     
    На Buba Mara Zelena му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Buba Mara Zelena

    Buba Mara Zelena Нов член

    Се зачлени на:
    1 мај 2020
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Pa vo Skopje sme situirani, so raboa, familija, sve
     
    На nonamemacedonia му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    5.796
    Допаѓања:
    70.921
    Не се блиску. Тргни со кола и мери, од центар до бардовци 10 мин, до Волково 25.

    Ние бевме у дилема Бардовци или Сопиште, вака одлучивме.

    Напиши на едно ливче кои тибсе приоритети, ако сакаш чист воздух, блискост, поголем двор, македонци/албанци, близина на автопат, близина на болница... дали имаш градинка блиску, дали ти се роднините блиску или далеку... се мора да се земе обзир.

    За поздрав е што бираш куќа, иако е мачно и градење и барање и одржување, ама радоста на децата и слободата не се споредуваат.

    1000 евра квадрат у стан, и 450 евра сосе плац у куќа ти е финансиски споредбата.
     
    На *Amethyst*, mssuniquee, candy.cane и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Buba Mara Zelena

    Buba Mara Zelena Нов член

    Се зачлени на:
    1 мај 2020
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Во право си, фала на информациите. Го читав и твојот коментар за постапката до куќа и доста е од помош.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    5.796
    Допаѓања:
    70.921
    Гледам да споделам да не се зезне некој на места каде јас сум се зезнала.

    Денеска разговаравме кога би граделе нова куќа, што се би направиле поинаку :)
     
    На Buba Mara Zelena, cresa-jagoda и LiliBoz им се допаѓа ова.
  12. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    1.258
    Пол:
    Машки
    Направи си куќа во Горно Лисиче. Блиску ти е Аеродром. Мирно е. Нема гужва, нема градежна експанзија на згради, релативно безбедно е.

    Сите се набуткаа ко сардини во 5 населби.
     
  13. nonamemacedonia

    nonamemacedonia Нов член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    5
    Da I jas muslam, samo dali ima placevi
     
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.398
    Допаѓања:
    18.457
    Пол:
    Женски
    Нас куќата кај што живеевме нѝ е во Карпош.Не би да пишувам каде потпочно ама на мирно место е.Тивко и пријатно.
    Ако имам можност да друго место куќа да градам/купам тоа би било или Бардовци, Злокуќани или Водно, Трнодол.
    Искрено и Радишни ми доаѓа како опција ама ептен треба да се утепаш од возење.Не е толку блиску до Центар.
     
  15. Buba Mara Zelena

    Buba Mara Zelena Нов член

    Се зачлени на:
    1 мај 2020
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Лисиче и Аеродром се најзагадените места во Скопје, сум живеела таму. Зимно време сиор загаден воздух од железара паѓа натаму како најниска точка, а цементара од друга страна.
     
    На Ketchup, Mami3, martiiinna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    1.498
    Допаѓања:
    25.313
    Пол:
    Женски
    Аии Буба Маро истото не мачи :)
    Сега живееме мн блиску до Центар но сакаме да се преселиме, те сакавме стан те куќа, сепак одлучивме да изградиме куќа на др место. Ние се мислиме Визбегово или Радишани.
    Иначе @Feminka22 моите сега ќе се вселат изградија куќа во Радишани,тс на последна 8ца.
    Пуштен е новиот автопат и незнаеш колку брзо си до Центар. Ок кога нема гужви низ Јаја Паша :D
    Не претпоставував дека волку е тешко да се најде плац. Се по нешто им фали. Или нема цела документација, или дозволи маркици..
    Да имав најдено плац уште летово ќе си градевме...
     
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.398
    Допаѓања:
    18.457
    Пол:
    Женски
    Ја таму во Љуботенски пат никад не би живеела.Или во само Радишани (од градинката нагоре) или во Раштак.
    Ама сепак ми се далеку.
    Треба вртење после од 500 страни да искочиш до Центар
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    3.277
    Допаѓања:
    8.628
    Пол:
    Женски
    Да сме само јас и маж ми, би живеела што подалеку на чисто. Секако сегде со кола идеме.
    Ама со деца не би живеела негде на страна, само за да живеам во куќа. Како дете живеев во Ченто, да ти се одмили животот дури стасаш во центар. Среќа се преселивме пред да почнам средно, па немав проблем со одење на школо или искачање.
    Значи не дека куќа/стан или поблиску/подалеку толку е битно, колку што е што сакаш. Мене лично побитно ми е се да ми е блиску и достапно, отколку да имам двор или поголема куќа.
     
    На Martka, Waverly Raven, Buba Mara Zelena и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Frosty!

    Frosty! Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.139
    Пол:
    Женски
    јас цел живот во куќа и откако се омажив со мм купивме стан. Животен промашај е за нас лично. Додуше пред да го земеме баравме плац или куќа па да градиме или реновираме ама никако не кликнавме. Станов прво дека ново супер ни беше, ама сега со терасичево 4м2 и поглед на комшиски тераси ми иде да си пукнам. Ама си ветивме да сме здрави и живи до 40 години да си најдеме куќарка или плац, ама исто не мачи уште од сега локацијата, тешко се наоѓа нешто со сите салтанати.
     
    На Buba Mara Zelena, Lolipop23, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  20. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    3.503
    Допаѓања:
    6.969
    Пол:
    Женски
    Razmisli, sega ti se bitni mir i spokoj, cist vozduh i zelenilo. Toa da. Ama koga ke imas deca ke ti e bitno da imas vo blizina pred se bolnica ili ambulanta, gradinka, skolo. Spored mene toa e povazno od zeleniloto. Taka da razmislete si sepak i na tie raboti.
     
    На SandStorm, Martka, Buba Mara Zelena и 4 други им се допаѓа ова.