Никогаш не би градила куќа , посебно не на село!! Тоа се залудно потрошени пари , кои што цел живот ќе плаќаш кредит и ке крпареш крај со крај за на крај некој друг во наследство да ја прокоцка!! Само квалитетен живот лугенца
Зошто да не? Еве јас и мм од град се преселивме во село и искрено, еве трета година, не сме зажалиле за таа одлука и кога би требала пак да бидам, пак исто би одбрала.
Јас сум дете кое израсна 40 минути оддалечена од центар и два автобуси до средно и факултет. Во куќа со 500м2 двор. Иако кога бев помала се ми беше убаво и авантура истражував, возев точак, планинарев. Кога влегов пубертет работите се свртија 360°. Друштвото полека се оддалечи од мене со изговор дека нема да имам превоз до подоцните часови. Пријателствата ми беа ограничени. Се повлеков во себе и ми беше тешко да си ги изживеам најубавите години од младоста. Почнав да излагам и водам младински живот дури откако се преселив кај момчето значително поблиски до градот. Не си ги обвинувам родителите. Благодарна сум и на тие лекции кои ги имав во куќа на село а според мене не би ги знаела во стан.
Убаво е да сакаш да живееш на место со почист воздух,ама тоа не вреди многу ако нема болници,училишта,и повеќе маркети и аптеки во близина. Растена сум во Ѓорче Петров и Карпош. Поради лошиот воздух во Карпош,едвај чекав да ми речат да поседам неколку дена или месец дена во Ѓорче. Не ми се допаѓа Карпош,ама близината на ГОБ-8-СЕПТЕМВРИ испадна клучна за спас на мојот живот.
Бидејќи градењето куќа чини многу пари , а куќата потоа не можеш да ја продадеш ни пола од парите што си ги вложила Парите у бунар
Prostata matematika koja nie ja napravivme i bese presudna... Prva pricina: 3 deca imame na vozdrast od 10 god 7 god i 3 meseci,utre da gi pustam da se setaat so 2 3 avtobusi ne fala.. zasto prvo treba na skolo da odat neli...pa im kidnal avtobus,pa ostanale na kafe, pa se setale niz trgovski pa neznam ti sto... 2 pricina: parite sto ke im gi obezbedam za prevoz za site nivni zelbi ke me kostaat kolku polovina od kykata sto sakam da ja gradam(sekako bez tekovnoto odrzuvanje sto kosta premnogu,bunar bez dno)... 3pricina: nikogas nema da ja prodadat i da mozat da podelat za nivni potrebi eden den. Podobro na site po 1 garsonjera ke im kupam (dve devojcinja imame i 1 masko) ,neka si imaat svoe,da ne gi mislam,ne se znae na sto idioti ke naletaat!!!! Nie mozebi ke nasledime kuka vo malo gratce pa na stari godini ke im se mavneme da ne im smetame,zdravi zivi neli!!@
Грешка си. Нас куќата не чинеше околу 100.000 € и помалку, а мм има пријател, проценител, и ни рече дека вреди 250.000, ја ставивме на оглас само за да видиме дали некој ќе посака да купи и верувај ми, имаше доста заинтересирани. Е сега јас не сум од Ск, од друг град сум, за 10 мин се стига, селото е мирно, тивко, чисто. Има аптека, има амбуланта, школо до 9то основно, а кај и да е градинката треба да биде готова. Според сето ова, мислам дека не сме направиле грешка.
Za Skopje e navedena odlykata. Zatoa se spoteduvaat odalecenite mesta i kolku bi im trebalo na decata za da stignat na skolo! Ako vo Skopje najbliskoto osnovno mi e 5 minuti,srednoto moze ke e na kraj na gradot,zatoa se zemeni vo predvid i tie raboti.epa ne e isto od Ilinden da go pustis da uci vo Karpos i vo pomal grad kade sto se e okolu centarot na gradot! Sporesbata ne e ista! Inaku pa za vo drug grad da dadam tolku pari(iako i jas ne sum od Skopje) nema teorija! Moite imaat kuka vo 2 najgolem grad vo mk, nikogas nema da ja prodadat,iako e ubava na 3 sprata,sredena so parno,dupla izolacija,solaren sistem it.n sto pred 30 godini bilo mislena imenka! Sekoj so svoite odluki
Ние потрошивме околу 80 000 евра имавме понуда од 200 000 за куќата. Не прифативме оти немаме сили пак да градиме. По некоја година да. Иако јас сум градско дете со генерации наназад и ми изгледаше неприфатчиво да сум у село, можам да кажам дека ни е одлична одлука. Исто и сопругот, од градско дете. Ама топ ни е. За тинејџерката ќе биде тешко, ама затоа како татко и и како мене по 18 години ќе оди да живее сама.
Зависи кој како си е навикнат. Јас лично мразам периферни локации, сакам урбани населби. Кога ја бираш локацијата зависи пред се кои ти се приоритетите, повеќе фактори треба да согледате. Како на пример оддалеченоста од работното место, дали во близина имате градинка, училиште, амбуланта, маркети, поврзаност со јавен превоз... Исто така земете во предвид и дали имате деца, како би излегувале навечер доколку одберете некое подалечно место. Мора да се внимава при избор, ете да затреба да ја продавате на пример ако локацијата не е погодна, тешко би нашле купувач. И на тоа треба да се мисли, не се знае што носи животот.
Населбите, но подоле населените места, напротив. Отворено е кон Китка - Козјак,од другата страна Матка, има одличен воздух кај полињата кај што се развива зелена индустрија, а подоле населба ќе има. Летно време секогаш е 5 степени сигурно поладничко. Комуналии за џабе, има населби одма близу со се што ти треба, од нив до Аеродром за 10 мин.со кола. Ново Лисиче и Аеродром баш, друга прича. Кога би бирала - би бирала Сопиште или Соње. Стари Скопјани знаат зошто. Додека сите се гушат доле под јорган смог, они горе зиме сонце имаат. Имаме пријатели куќа си направија и плус гостинско куќарче ко на филм, а за дедото цела визба со летна кујна од камен, а се им е италијански стил - лепооота. Сега и патот им го направија, до Кисела Вода си за 10 минути. Не за џабе куќа до куќа се луксузи.
Мислам дека секојдневие стана по сите скопски населби. Причината ја знаеме сите. У Центар секој ден такоѓе... особено доцна кон 22, 23 ч. За овие две, стварно не знам, ама знам дека сите имаат генерален проблем зошто сите се жалат.
Не се пожалиле. Не сме ни збореле на темата. Што е со дрскоста?! Не ви пукам јас под прозор. Ако си имате фрустрација, пожалете се кај треба. Не водам полициски записник. Па и извичници, не смее да ми се допаѓа? Не го разбирам проблемот. Јас ви кажав што мене ми се допаѓа и ако би можела да бирам - таму би избрала. Ни кај што сум, ни кај што можам, туку ете таму ми се допаѓа. Едино зимата можеби би била лоша ако стегне јака зима. Што је-је. Еве сега у Центар имаше огномет. Да не знаете нешто околу него? Еве сега се пука. Исто така да не знаете? Мислам цело Скопје слушна, можда и вие во Кисела Вода слушнавте. Адресирајте кај треба, тоа што ми се лутите мене нема да ви го реши проблемот кој всушност не ви го создадов јас.
Hah ne e drakost... I jas nesakam takvi.. Samo me interesirase dali nesto slicno iskomentirale... zasto nie ednas razmisluvavme za natamu... ne summ vo sk za da.slusnam..sorryy...
Не се пожалиле, ама не сме ни зборувале на темата. Живееа во зградите кај улица Македонија и само викаат еј абе се спие тука, мирно, тивко. Е сега моето и твоето мирно и тивко со нивното, може не е исто, зошто пукање наспроти вревата у Центар, па им се гледа ко тивко. Ама посериозно не се пожалиле па да зборуваме.
Blagodaram za komentarite. Dobiv mnogu dobri informacii. Sega treba samo da odluchime shto ni e pobitno. Pozdrav