Ако не сите да живееме во 2 населби, 2 улици, 2 згради. Македонска работа. Луѓе низ многу држави патуваат по час и половина до работа. Не им е на сите 5 минути до центар.
Koga rabotev na preth rab mesto izleguvav saat vreme porano od doma. Decata edno vo gradinka dr na skolo... Duri da se razneseme,(mm nekogas i po 3 nedeli e na teren, pa nemav ni kola togas) 5 min ako izlezes pokasno i te fati guzvata. Pa sto treba da gi budam decata vo 05 nautro za od petrovec ilinden cento...da odam na rabota vo gorce,vlae ,volkovo... i koga treba da go zemam od 16h primer (nikogas ne se izleguva vo 16... da stignam vo 17 30 pa dete mrtvo gladno i samo da dreme)... Epa za mene ne e vo red. Ne sme vo centar no sme blisku i prakticno za nekompliciranje na sekojdnevnite potrebi.
Сопиште живеат моите 20 години. Во тие лепоти спаѓаат немање вода пола лето да не речам барем три пати неделно и немање струја пола зима. Имам барем три бадници и нови години со свеќи поминато онака празнично. Откако се населија доста нови и се изградија зградите и скоро секоја луксузна куќа задолжително поседува базен, капацитетот на основните потреби за живот е преоптоварен. Патот што се дели према Соње и Ракотинци секоја година го прекопуваат. Не ги обвинувам доселениците, убаво е за живот убаво е ако можеш да си се рашириш и базен и три куќи. Општината основен капацитет нема. А за секоја легализација на нов имот очекуваат мито. Има уште многу за работа таму за да биде идеално.
Радишани е супер населба, зависи што конкретно ви треба и каде работите. Природа, мирно, тивко има доста работи во близина. Само патот низ јаја паша смрт ама тоа е само 1час во денот
Треба да се цени квалитетот на живот. Еден саат патување до работа е менливо. Не можеш според моменталната работа да бираш живеалиште и да живееш во загадено, галама и слично. Работата се менува, а и да останеш у истото работно место, ќе ти речат дека смениле канцеларии Затоа, дом се бира според потребите на семесјтвото. Додека имаш мали деца бараш чист воздух, мирно место со деца, близина на болница и градинка, поголем двор и отуство на сообраќај. Расте детето се менуваат потребите. Кога ќе чујам некој, ама како ќе излага детето по дискотеки? Ама детето на 18 може ќе се запише на факс у Шпанија, а јас ќе го осудам 18 години да живее у центар у најзагаденото оти кога ќе пораснало ќе сакало у дискотеки. Затоа, гледајте што е најдобро во моментот. Куќата се продава и се купува нова. Менливо е тоа. Не значи дека цел живот ќе бидете во неа. Поентата ми е дека не треба да мислите за следни 20 години, уживајте
Живеам во куќа, со мал двор и не би го менувала за ништо на светот. Продавам плц/нива 7000 м2 во Скопско (Јурумлери) кој е заинетерсиран нека ми пише. Блиску е до автопат, клучката за до АВтокоманда е само 5 мин.
Да, по автопати како што рече некој пред мене, а и се далеку поурбанизирани со организиран јавен превоз. Воопшто не може да се спореди запад со условите кај нас. Знам што зборувам, сум живеела во село. Последен автобус во 10ч, а другарите тогаш излегуваат, автобус секој саат, саат и пол, па го нема, па не доаѓа... хаос... зимно време мрзнеш по автобуските. Сега е малку посредено и поурбанизирано со почест автобуски превоз, ама пак... останува немање на градинка, а во добар дел ниту основни училишта, јавен превоз мизерен, во многу од селата немаат ниту канализација. Да, кога децата ќе имаа до кај 14- 15 години, убаво е во село, ама потоа кога ќе сакаат да се социјализираат со другарите, па курсеви, тренинзи, кина и сл. Просто е невозможно родителот цело време да го развозува детето на сите овие активности, додека ако живее во урбана населба, сите овие работи му се на чекор. Сум за куќа, секогаш ќе бидам, ама не во МК. Имам плац кај мајка ми и кога ќе се средат документи, ќе правам куќа таму, ама станов ќе го чувам.
Развозување секогаш ќе има. Ќе се запише на балет кај што оди другарка и у карпош 4, а ти со у Аеродром. Тоа е
Здраво девојки, не бев сигурна каде да го поставам моево прашање па еве тука. Дали некој би сакал да предложи фирма за изработување на проект за куќа, значи да се нацрта планот на куќата? Имаме плац сега би сакале да изградиме куќа. Сваќам дека пред да се извади дозвола за градба треба да имаме изготвен проект за куќата. И како се движат цените за истиот? Околку 1000 еур си планираме ние.
Ние со сопругот баравме плац во Сопиште, Соње, Волково и Стопански двор. Живееме во куќа во Ѓорче но исто како во стан, без двор, дворот е претворен во паркинг за 3 коли + гаража на 3 мин ни е градинката и основно училиште, и ете конечно си најдовме плац во Волково, мирно место, високо со преубав поглед кон Скопје автопат за брзо стигнување до Центар, избегнување на гужви, чист воздух, во близина убави нови средени градби, детско игралиште,игротека имаат аптека, маркети, месарница... градинка слушнавме е во изградба близу нас, училиште основно ✔️ Со работата остануваме во Ѓорче пак ќе ни биде блиску. И ако сите размислуваме како ќе им биде во иднина на нашите деца (имаме 2, 3то е на пат) тогаш нема да уживаме во сегашноста додека се помали и додека живеат со нас Исто помислете на родендени, забави, празници поминати во друштва, роднини, или многу дечиња растрчани во дворче и истото тоа во стан или куќа без двор Сопиште и Соње отпаднаа поради патот во јака зима проблемот што се јавува со струјата и водата, иначе сите знаеме дека е на прво место со чист воздух, зеленило, приватност
Никогаш не би купила куќа на село или далеку од центарот. Не сум сноб туку не сте свесни колку е предност близината кога имаш деца, работа. Брзо растат ,од 8-9 години веќе е проблем,не ќе можеш секогаш да ги развозуваш,основно па средно, родендени,курсеви,спорт итн. да не зборам во пубертет и тинејџери,па сакаат да прошетаат. Освен да си најмите личен возач. Изгубено време во превоз.
Може да е проблем како растат децата, но и селава што се околу Скопје, бар поголемите, имаат основно образование и имаат побајаги деца. Ако некој се пресели додека децата се помали, пред да се социјализираат мислам би било помал проблем. Би имале друштво од селото и природно би гравитирале таму, барем до средно.
Најдобри населби за живеење во Скопје ми се центар и Карпош. Додека не бев мажена живеев во центар во зградите кај сосиб Броз гимназија (мајка ми и татко ми сеуште таму живеат),а мажена со сопругот живеевме во стан 3иоол години сега овие 5 или 6 месеци во куќа во Карпош.
Здраво, Морам да прашам подетално. - Колку би ме коштало градежен плац до 200m2 околина на Скопје (пр. Волково, Бразда, Глуво, Горно Оризари). - Колку би ме коштале комуналии за (Волково - (Ѓорче Петров), Бразда/Глуво (Чучер Сандево), Горно Оризари (Шуто Оризари)). - Колку би ме коштало изградба на карабина (основа 50м2). подетално - Темелна плоча, Приземје и Кров ( од лим). - Колку би ме коштало внатрешно да ја завршам сам? (дали е дозволено да е однадвор карабина или според закон мора и надворешно да се заврши до крај, бидејќи НЕСАКАМ да ја завршам надворешно, секако ако е според закон. Моја фигуративна проценка е плац - 5000€ Вода, Струја и Канализација - 1500€ Геодет, Проект, Надзор - 1500€ Дополнителни документации - 1000€ Дополнителни Трошоци - 1000€ Градење Карабина (со фирма - во цената вклучени работна рака и материјали) - 10000€ Внатрешно сам ќе си ја завршам - 5000€
Грешни податоци имаш. Плац од 200 кв е премал за куќа. Треба да пазиш да бидеш соодветно оддалечен од другите плацови, по 3 мерта од објектите, така што у 200 квадрати ќе мораш да одиш на три спрата куќа за да ти збере 4 соби. Цени за плац таму не знам има на пазар 3. Вода и струја е 500 ЕУ. Канализација нема, па јама ти е околу 1000 ЕУ. Геодет ти е околу 500 евра, иде за плац па за куќа. Проект испод 1000 евра нема, ако ти рече 500 евра ќе ти даде само архитектура, а ти требаат 5 проектанти за струја за вода за статика.... Значи пиши више. Надзор не мора по закон. Ако имаш околу 1000 ЕУ, плус патот за бензин до местото, а сакаш далеку, значи изгор. Комуналии у село се евтини околу 1000 ЕУ. Карабина е 250 евра квадрат, ако најдеш мајстори оти се е Германија. Тука само пензионери. Струја вода исто. Плочкари нема никаде освен деца или пензионери што едвај гледаат. Тој што и гради треба да даде потврда дека е во ред се за да ти дадат дозвола на крај од општина и да извадиш имотен лист. Значи сам не можеш да градиш. Внатрешно мене ми излезе 150 евра квадрат, не знам ти што ќе ставаш и како.
Не ми е верно да има толку евтино плац. Ама ако има, провери дали има дуп и е градежно неизградено земјиште. Вода струја јама ДА Надзор не ти треба, минусирај 1000. Геодет може да најдеш поевтино. Рачунај- двор, ограда, влече плус пари.