1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Куќа, ама каде?

Дискусија во 'Дом' започната од Buba Mara Zelena, 3 мај 2020.

  1. 1998296

    1998296 Активен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2021
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    - Добро ако 200м2 плац за куќа е премал, колку би било минимално според тебе да е плацот за 50м2 куќа (дневна, кујна (една соба), спална и тоалет)?

    - За вода, струја и јама ми кажуваш дека ми требаат 2000 €.

    - Геодет 500-1000€, Проект 2000€

    - За цената за карабина, еве истражував по пазар3мк, фејсбук, реклама5 и горе доле за 50м2 би било најмногу 10000еур севкупно материјал и работна рака, за фирма зборам, а НЕ мајстори.

    - И за внатрешно се согласувам до 150 евра квадрат.

    Мое гледање е дека куќа 50м2 со мал плац севкупно би чинело до 30000еур најмногу. (Јас би гледал да пробам да поминам и до 25000еур).

    Според тебе фигуративна проценка е плац - 10000€
    Вода, Струја и Канализација - 2000€ **
    Геодет, Проект - 2500€ **
    Дополнителни документации - 1000€
    Дополнителни Трошоци - 1000€
    Градење Карабина (со фирма - во цената вклучени работна рака и материјали) - 15000€ **
    Внатрешно - 10000€ **

    Со што можам да заклучам дека финалната цена е 40000+ евра, плус многу обврски околу процесот. А тоа е многу скапо, колку еден стан.
     
    На Kristina1122 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.242
    Допаѓања:
    124.441
    IMG_20211031_180431.jpg

    Имај го предвид и ова, струјата влијае на се.
     
    На 1998296 и CareTee им се допаѓа ова.
  3. Danche96

    Danche96 Активен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2023
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Здраво, заедно со моите се размислуваме да инвестираме во плац кој за почеток ќе го користиме како место за одмор, а здравје во иднина ни е план да градиме и куќа на истото место. Разгледувавме воглавно во околните места на Ѓорче Петров. Ги разгледавме: стопански двор, волково и кисела јабука како места на кои има поголем избор на плацеви и по прифатливи цени. Ме интересира дали некој на форумов живее во некои од овие места, има мислење или познава некој што му споделил мислење за местава зашто се добри односно зашто можеби не се добри за живот. Исто така доколку некој од вас го прати маркетот на недвижнини во овој регион би ми значело доколку ми каже која е реалната цена во овие населби.

    Доколку имате предлог друго место кое е подобро од овие во околината на Скопје и би можело да ми се допадне, добредојдени се и предлози