Па реални цени кажува. Моите пред 2 год правеа куќа знам што како е. Еве и да е се поскапо сега пак доста поисплатливо испаѓа туку стан и тоа 60-70м2. И ние бараме плац за нова куќа, оваа сакаме да ја продадеме иако е на 2 км пеш до Центар, сеуште не сме нашле тоа што ни одговара оти сите добри плацеви се распродадени. Мислам, за мене е многу битен дворот, во мојот двор сум раат полн реквизити за деца, они сами си се играат во затворено, комшии јас немам лепенки оти имаме голема квадратура заедно со двор 550м2, За одржување сме навикнати, само тревата е проблем маж има алергија па викаме друг да ја коси.. Ние сме сами маж јас и две мали деца па сами ја одржуваме. шо знам, приоритети.
Тие се цените, ама пресметките се погрешни. Тој пресметал 100 квадрати по 400 еур, ама за 100 квадрати станбена површина да изградиш треба дополнително 100 квадрати подрум да изградиш. Тој мисли гратис го добива подрумот. Пресметал 240 м2 плац, ама не знае дека треба место за кола да паркира на тој плац, дека мора градбата да биде минимум 3 метра од меѓата од сите страни на куќата. Тоа се минимум 400-500 м2 плац х 50 еур квадрат (ако најде за толку). Пресметал фирма ќе му гради, ама не знае како работниците ќе го крадат и дека мора да ги контролира секој ден да биде на градилиште веројатно година две. Со неговата проценка од 65000 еур може само плац да купи и шупа од 50 квадрати да изгради(без подрум).
Nema vrska ama aj ı toa kako moze za 65k da se ızgradı ı toa da se zavrsı kukja. I ne mora podrum,moıte napravıja kako ostava pozadı kukjata. Onı ımaat 350m2 plac, kukja 120m2 dvor so letnıkovec ı 2 parkıng mesta.Sepak se moze
Firma koga gradi gradi za tie pari kluc na raka a toa se podrazbira deka imas vrati.. prozori ...stekeri ..prekidaci.. plocki i sanitarija ...plocki vo kujna i laminat vo sobite..za parket ne sum siguren
Одите во крајности и едните и другите За 65К се прави куќа и се купува плац, да не забегуваме сеа Кај нас проблемот со куќите е што се прават огромни, на триста спрата, најчесто без изолација и без претходно осмислено греење. Кога јас би правела куќа (се надевам во иднина дека би направила) ќе ја правам максимум 100 м2, две спални, една работна, утилити, една бања и едно помошно вц, дневна, кујна со шпајз, трпезарија. Се на еден кат, без подрум. Плац од максимум 500м2, оти не сакам да робувам на дворот. Би направила и гаража. Подрум во никој случај, ем е скапо, ем се поплавува нонстоп. Куќата со добра изолација, добри прозорци, подно греење плус парно, таман Никој не може да ме убеди дека вака изградена куќа е подобра од било кој стан. Само... проблемот со куќите кај нас е што најчесто се градат во недоволно урбанизирани средини, па ако си со деца ќе треба нонстоп да ги развозуваш. Од таа причина и ние се решивме за стан, ама да порасне ќерка ми и се селиме во село, во куќа
Е така де, ама плацот не го купија туку го имаа од порано. И да погодам, ако немаат подрум, дали имаат проблем со влага по зидовите? И колку е ладно на такво приземје без подрум?
Боже свашта Врска ти нема муабетов. Мајка ми живее во куќа со подрум на половина од куќата. Погоди кои соби се поладни? Влага немала никаде и никогаш. Сите овие проблеми се избегнуваат ако куќата се гради правилно и да биде енергетски ефикасна.
Ако немаш подрум тогаш станбениот простор ќе се поплавува нонстоп. Си има функција подрумот, не е за украс само.
Функцијата на подрумот е да се поплавува наместо куќата? Ние не направивме подрум баш поради овие причини, населбава е многу подлежна на такви поплавувања. Ја направивме куќата со доста висока основа 60-70 цм и се надевам дека ќе биде колку толку доволно. Ако има огромни поплави како пред неколку години што имаше, ни подрум ништо не те спасува.
Плацот им е купен пред 5 год Никаква влага немаат а топло им е баш, добра изолација има. Мислам ти немаат врска муабетиве ама ај колку да се коментира Подрум имаат во старата куќа, баш минатата недела го чистеа од невремето скоро
За 65к плац и куќа во Скопје, со пристојна големина, сега да се купи и да се гради? Мислам дека сте многу грешка . Можеби на страна нешто поскромно да.
Da podrumot e da ja sobira vodata ako se poplavi od gore .... Sto sve gazi na ovaa zemja i dava mislenje i soveti boze mój
И да не се распродадени никој не ти дава во било која поурбана населба во Скопје плац, зошто сите знаат дека кад тад ќе никнат згради на тие места и доста посолидно ќе си ги продадат или компензираат. Место за куќа во Скопје, само на ептен периферија.
Dosta se poskapeni gradeznite materijali, dnevnicite i se ostanato no golem problem e sto vece nema ni dobri majstori. Golem del otidoa da rabotat vo stranstvo a del se zafateni bukirani cela godina.
Tesko tebe pa kacete se gore pa kazete I'm da ne smetaat ako I'm kutis uste poloso.reci I'm dole lugje ziveat e zatoa bas I jas rekov vo kuka e podobro
Ако им се качам еден ден пердуви ќе летаат.Пошто им го собирам одамна. Еднаш-два пати океј.Ама шо бушат две години да знам???? што??? Башка тоа со топките и количките, ќе ме извинат, иаме парк на 3 ТРИ минути од зграда. Нека идат таму, па не една, со 100 топки нека игра детето. А не бам-бам-бам да ми праи. И им имам тропано на гредата за да олабават, не бе не.
Нема сомнение дека е поубаво во куќа да се живее наспроти стан. Ние ради сиромаштија се пикаме во станови. Но не е така ефтино ни да се изгради ни да се живее во куќа ко некој што сакаше да претстави тука.
Vo Makedonija e sprotivno. Na periferija zivee rabotnicka klasa vo kuci, a jas kade sto sum momentalno bogata klasa zivee vo kuci i na periferija. Rabotnicka klasa zivee vo zgradi. Sepak tamu e druga kultura. Posle 22 casot muva se slusa koga leti.