Nisto nema da napravis se dodeka ne im se kacis gore veruvaj oni zosto so godini maltretiraat nitu se svesni zosto cukas po gredata najdobro e pojdi I'm gore pa kazi I'm deka veke ne se trpat
У куќа можда е убаво да живееш само ако се бајаги оддалечени куќите едни од други. Иначе, не. Поарно ќе ја трпам вревата од тие над и под мене во стан, отколку од сите куќи околу што се залепени за мојата. А да не зборам за сите дополнителни обврски што ги имаш околу двор и кров. Најубаво, стан со солидна тераса.
Може може надвор од Скопје. Тие и полесно се продаваат и има избор. Не знам искрено колкав е трошокот моментално да се започне да се гради заради сите поскапувања или да се земе готова. Цените на становите се рипнати заради поскапување на самите материјали, а исти материјали се и за куќа.
Vrska nema muabetov... I da se ripnati cenite treba edno da se znae...so plus 20 30% pokaceni ceni na materijal ne e normalno plus 200 300 evra na kvadrat da se stava ...i zatoa cena na stan pocnuva od 1350 1400 pa se do 1700 1800 ...a kaj kukjite imas max 500 evra po kvadrat plus krov Ali kolku i da e CENATA NA MATERIJALITE NE E PRICINA ZA PRESKAPITE STANEVI ...sve e vestacki napumpano bezveze i toa e TOA ke trpi samo onoj koj ke plati na krajot
За 65 000€ во внатрешноста на Македонија не можеш да купиш плац и изградиш куќа не па во Скопје, кои глупости. Ако плацот е наследен од прадедо и во урбанизирана населба, па и роднини ти помагаат во градба, екстра. Ама пак за 65000 нема да стасаш да се вселиш. Кај е кров, колку пари е фасада. Стан средивме со гостинска/работна соба (во која има само кревет и биро) за над 25 000€. Без цената на станот. Ако правиш со кеиф, сам да бираш плочки, таркет, медијапан и иверка комбо за елементи, квалитетна гарнитура, спална со големи плакари, средна класа апарати, ролетни, не можеш да средиш за испод 20 000€. 10 000€ плативме за кујна, шанк елементи за дневна, маси, спална и плакар во ходник пред поскапувањата. Едноставно толку е, кај и да одиш тие се цените. Сега се е со минимум 30% поскапо. Лабавото кое го купивме пред 1год 3200, пријатели го купија минатата недела за 5 000. Сите сакаме комфорт, ама за куќа чергата треба да ти е бааги подолга ако сакаш да ти е функционална и уредена, а не да средиш една соба само.
Моите го наследија плацот и изградија куќа од темел, ама како шо рече трошоците за разлика од стан се многу поголеми. Не дека нешто сме пребогати, ама отсекогаш им било кеиф да живеат во куќа, а со тоа идат кредити, кредити ехее.. До сега сигурно вложиле над 200000€ и тоа без плац рачунај и уште треба вложување.
Mora da dogovorime kafe u tvoj stan da vidam so bapna za 25000 evra ..koga .... Kujna imas za 2500 evra so se elementi odnosno (furna plotna aspirator frizider masina za sadevi) viseci elementi plus najmalce 4 metra dolni elementy so plotna vo kakvi sakas boi... Drugo.. dnevna so 2 do 3000evra garnitura plus masicka komoda ..neka e Uste.1000 evra ..Televizor Sony da Ti dodadam od 1000 evra 55" i klima do 500 evra... Spalnata so se plakar i dusek 1500.do 2000 max i dekoracji . Detska poise od 1500.ne veruvam da e I kupatilo uste 1500.evra.so prva klasa elementi ..pa sea vidi .. ova sve do 13000 evra maximum bi dodal uste 1500 lusteri ...ogledala masicka za vo kujna so stolcinja ... Znaci maximum 15000 .. Ti za 25000 izgleda go pozlati stanot tvoj
Муабетов не ти држи вода.Не моеш да праиш математики вакви пошо голем к ако потрошиле над 20,000€. Настрана шо два пати ти ги спомна кредитите. Немаат сите ист џеб. Некој си има, некој нема, некој нема па зима ете кредит и сака да си среди. Некој ќе напраи цех и 10,000€, со најетивни материјали, елементи и остало.Некој ќе истури милиони ако сака. Па познатите какви mansions имаат па ништо. Не разбирам. Башка не е толку битно кој колку пари фрлил ако е добро скоцкано, и ако се осеќаат пријатно сите што седат таму. И домашни и гости. И за помали и за помали износи може да се напраи супер. И ја лично му верувам пошто нас средување стан нѐ кошташе исто. Не е дека некој не може да земе и за помалце.Ама кејф си е кејф.
Цениве како баба ми да ги пишувала Не лажете народ што допрва треба да уредува ако си правел/а за тие пари можда пред ковид, последните години нема шанси да најдеш такви цени. Клима за 500€ инвертер за греење стан мало сутра, комплет апарати А+ категорија и 4м кујна за 1500€ можда од шпертплочи или ќибрити. Ама и така сте само тролови останати на темава нема поента во споделување корисни информации. Жал ми е што стварно беше корисна темава баш мене кога ми требаше за целиот процес, а сега се накотија нови полуписмени акаунти само за лупање рекла казала информации.
Поголема е веројатноста да му пукне цевка на комшијата над тебе и да се поплавиш, отколку да се поплавиш од кровот на куќата. Не за џабе рекле к*р ми е двор ми е. Ако си во куќа топката на комшиите нема да ја слушаш. Ама македонска работа, тој најгоре нека се снаоѓа, другите не ги интересира
Во куќа сум, и не само што ги слушам сите топки околу мене, туку редовно ги слушам сите расправии, меѓусебни пцуења, вреѓања и вриштења. И редовно секој викенд ми го ебаваат со "никој ништо не ни може, бум, бум" и други отровни срања рокнати на звучници извадени на тераса, пропратени со караоке на "wanna be ѕвезде гранде" гомна од луѓе. А, да. И редовно ги слушам сите редовно хаусмајсторски работења на спратовите кои вечно ги креваат и фасадите кои вечно ги ставаат. И секако, имаш барем тројца чичовци што праат у двор (дворот до тебе што ве дели 1 метар) маси, шкафови, рамки, и слични diy проектчиња. И најмалце еден што 10 години ја праи истата кола. Двор не ми е зошто сум заложник на циганите околу мене и нивниот гето лајфстајл. Ова доаѓа од некој што претходно живееше во стан и доживеа поплава од горните соседи.
Не е точно за куќа.И те како се слушаат децата и внуците на комшиите со топката. Во зградава ми е поарно оти никој не може да вреви цел ден.И некој да не ги слуша правилата, за жалење е полесно отколку кај комшиите до куќата.
Пред 20 години една поасална кујна беше 2 000 евра, не па сега.... После зошто само у 40 коментирам... Кај да отворам на форумов фрустрации и комплекси. Се фативте за кујната ко....... И жената рече кујна и дневна заедно толку.... Што се чудите ко од марс паднати.