1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Куќа или стан?

Дискусија во 'Дом' започната од AnaKarenina, 26 август 2012.

?

Во што повеќе би сакале да живеете?

  1. Куќа

    91 глас(а)
    65,9%
  2. Стан

    47 глас(а)
    34,1%
  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.839
    Допаѓања:
    12.395
    Oган и пламен. Не ми е јасно како народот со мали плати отплаќа кредити и купува мебел. Јака им душа. Сигурно е тешко. Велите пред и по корона, ооффф, се отиде до плафон, само платите во место тапкаат.
     
  2. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    8.798
    Пол:
    Машки
    Можам само да потврдам дека пред 5-6 години кујна од средна класа и со средна големина беше околу 1.500-2.000 евра. Значи да речеме 4 метра должина, висачи, и шанк - да нагласам со фејк плотни а не гранит или мермер.
    Сега за толкава кујна само металните рачки, шарки и штрафови се 500 евра.
    Да не збориме за дрвото...

    Затоа не знам зашо се запаливте за цените.
    Па нормален душек за брачен кревет е барем 400 евра.

    Голем фрижидер со замрзнувач од океј фирма со подобра и поекономична класа е над 500 евра.

    Ако више некој зима нов стан греота е да не си го опреми бар средно некако.
    Секој си ги знае можностите.
    Ама поарно поскапо плати нешто поквалитетно еднаш, отколку поефтино да го плаќаш 2-3-4 пати истото.
     
    На elimkd, Waverly Raven, Noemi и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    48.806
    Пол:
    Женски
    Абе остај криминалци сме сите
     
    На Waverly Raven и Ajronmen им се допаѓа ова.
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    24.224
    Да бе, секој милиметар ми го поплавија и попрво би живеела у поплавен стан, него ли у куќа. Куќите се катастрофа, бљак. У-а куќи!
     
    Последна измена: 30 септември 2022
    На NPN и Feminka22 им се допаѓа ова.
  5. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.542
    Допаѓања:
    34.779
    Пол:
    Женски
    Никој не вика дека не можеш и 50К да потрошиш за опремување на стан, ама дека можеш и со 10/15К да поминеш, можеш. Не секој може/сака да купува најскапо, со ограничен буџет и добро испланиран, се може.
     
    На Kate karate, H.VAGA, Lilik и 2 други им се допаѓа ова.
  6. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.719
    Допаѓања:
    145.081
    Другарка ми пред некој месец опремија стан со 10к. Толкав им беше буџетот. Убаво е. Ново. Со вкус.
    Купатила готови од инвеститорот. Колку ти е чергата толку ќе пуштиш нозе.
     
    На Kate karate, buba4e89, lost123 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.827
    Луѓево очигледно одамна ништо не пофатиле, ни реновација, ни ново купување, си летаат уште со мозокот дека цените им се тие во главата.
    Без 10000 евра најевтино и најшкарт само да купиш, не си за опрема на било кој простор околу 50-60 квадрата. Ако ти е поголем станот, повеќе ќе ти отидат, зошто веројатно имаш повеќе плакари и елементи за изработка.
    Ни нозете ни чергата, туку изгубиле луѓево допир со реалноста.
     
    На Feminka22, Waverly Raven, Noemi и 2 други им се допаѓа ова.
  8. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    3.773
    1200 evra kujna bez aparati za domakinstvo ,pred 3 god pravese cicko mi t.e mu ja napravija, ne e mala, standard kujna, od sjaen medijapan.
    Nasata doma 400 ,450 evra samo materijal iverica, so abs traka , ( tuka vbrojuvam i racki, strafovi, klizaci i sl) ne kostase pred 8 godini, za raka ne plativme oti rodnina ni ja sostavi ( a kaj sto kupuvas materijal gi secat , kantiraat spored dimenzii)
    Nikad ne bile ceni od 2000 evra pred 20 god.
    Sega moze se so poskapuvanjata, ama porano ne.
    Ps. Bozem u 40ka nema frustracii :) sekoe katce na forumov e isto, so frustracii i kompleksi, toa e, takvi sme ko narod.
     
    На Garden of ____ и QuickBro им се допаѓа ова.
  9. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.070
    Допаѓања:
    8.012
    Не е само кујната и дневната туку и спална и ходник и работна :DИ сега истиот мебел нема шанси да е 10 000€ пошо се е поскапено. Фул иверка спална од 15кв без душек е 2000€ а душеците се од 300€ нагоре. Немаат пречекорено ни во салон за бела техника ни во салон за мебел ама уста толкава на темава.

    Споделив реално какви се цените, зашто и јас кога уредував пишав меилови на пола салони за изработки на мебел во државава оти појма немав колку реално треба да ме кошта. Од темава научив доста за договори, преддоговори, кредити, доста членки што веќе не пишуваат го споделија нивниот процес.
     
    На Garden of ____, Nikolina35, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.542
    Допаѓања:
    34.779
    Пол:
    Женски
    Сами правевме плакар во спална за 400 евра, креветот 300 евра, душекот 250. Ни 1000че не не кошташе :D
    Сме шетале по салони, како не, само изгледа по различни :^)
    Како што реков и претходно, кога буџетот не ти е проблем, можеш да потрошиш повеќе, кога ти е ограничен, ќе се снаоѓаш и ќе изнаоѓаш креативни решенија. Како ние :D Добар дел од мебелот сами го правевме и не се одеднаш. Пошо, броени ни беа парите, скоро сите за учество ги дадовме, за уредување немавме. И го опремивме цел стан, за помалку од 10К.
     
    На QuickBro и butterflysk им се допаѓа ова.
  11. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    3.773
    @Noemi vo forma nova dusek 7000 gore dole zavisno dimenzija..sekako koj moze dq si dozvoli ima i mnogu poskapi.
    Komplet bracen krevet so dusek po strumickite saloni ima za 17 do 20.000 (letovo gledav)
    Taka da ne znam zasto se generalizira so cenite. Screenshot_20220930-170515_Chrome.jpg
     
  12. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.827
    Епа сега истиот плакар ќе те кошта минимум 1000 евра само материјал, сам да си го склопуваш. Од пред март годинава, до сега разликите се огромни.
    Од лично искуство кажувам, со најобична иверица, најефтина изработка без никакви механизми, кујната е 2х3 квадрата, пред март годинава добивме понуда за 800 евра, од неколку мајстори, после тоа кога поскапе се 1600 евра беше само кујната. Пошто не се решивме на време да реновираме осетив која разлика е од пред до после.
    Јас сфаќам дека може и поефтино, може пример и да ставиш само умивалник и на пластична маса да сецкаш работи, ама зборуваме за некој нормален комфорен живот.
    Ајде плакар ќе склопиш, кујна можеш сам да изработиш? Или душек за кревет?
    Џабе споредуваме пред година две и сега, сосема е различно и кој не осетил секако има право да дискутира, ама џабе се спредбите што вие сте опремиле за под 10000 евра, кога сте опремувале во друго време. Да опремувавте сега последниве 3-4 месеци, за сами склопување пак 10000 евра ќе ве фатеше, најверојатно и повеќе.

    И фала богу не значи дека наеднаш мораш 15000 евра да ги искешираш за опремуање, ама тоа е небитно, кога ќе ги собереш, пак без 10000Е со најефтините работи не си.
     
    На Garden of ____, Waverly Raven, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.650
    Допаѓања:
    18.251
    Пол:
    Женски
    Во Комодита душек 160 на 200 беше 6000. Пред два месеци.
     
  14. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.650
    Допаѓања:
    18.251
    Пол:
    Женски
    Бела техника е поскапена многу. Машина за алишта е 10к поскапа. За садови 6к. За само 3 години.
     
  15. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.070
    Допаѓања:
    8.012
    Ние не сме handy за сами да склопуваме, за тие работи треба малку и да разбираш што би било од голема помош во случајов. Каде и да сте шетале од 2020 до пролет 2021 метар кујна беше 400-450-500€. Сега е плус 30%.

    Целиот муабет тргна од тоа дека со 65 000€ ќе изградиш и средиш куќа што е невозможно. Затоа дадов пример колку не кошташе едно средно опремување на 70кв, дел со економија, дел со ќеиф. Буџетот ни беше далеку од голем, туку се скративме од многу, многу работи две години. Плус го земавме пред големиот бум на цената за квадрат. За куќа уште 5-6 години ќе требаше да се скратуваме само за градбата, а со цените на градежните материјали може и ќе застаневме на среде.
     
    На Garden of ____ и Celltica им се допаѓа ова.
  16. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.070
    Допаѓања:
    8.012
    Да ти пуштам јас душеци по 50-60 000 тогаш, збориме за средна цена не најефтин и најскап. Ама упорно како слеп за стап сте се фатиле дека има поевтино има да, збориме за средна цена. Има и од Комодита 5 перници за 600ден ама оди спиј на нив.
     
  17. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    3.773
    :^) izvini ti od golemoto dobro utro si, jas imam bracen krevet kupen od almak, pred 7 godini za 15.000 pa eve spijam na nego, i ne mi e nisto zdrava ziva sum, a i udoben e, lezecka bremenost pominav vo nego.
    Prijatno.
     
  18. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.933
    Допаѓања:
    48.103
    Пол:
    Женски
    Пред 6год сум пишала дека сакам да живеам во куќа со дворче… да е до мене сега одма се селам во стан и чиста работа, тој двор по 4 часа минимум косење и тоа на две недели, неколку дрва со јаболка овај период паѓаат па собирај ги на неколку дена, колку само нане испокорнав рацете цели рани, ќе речиш со мало детенце да си трчка, тој порасна по туѓи дворови нашиов не му замили… таа куќа со двор си бара одржавање и супер си е за пензионерски денови доколку си витален
     
    На Garden of ____ му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.188
    Допаѓања:
    11.833
    Пол:
    Машки
    Ехее, од пред 7 години ти знаеш колку се рипнати цените? Нели читаш дека само последниве неколку месеци има покачување од мин. 500€!

    Тоа за се рипнаа цените до плафон, тие: АМА ПРЕД Х ГОДИНИ!!11
     
    На Feminka22, Noemi и Celltica им се допаѓа ова.
  20. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.070
    Допаѓања:
    8.012
    Изгледа слабо стоиш и со читање кирилица не само со пишување. Јас кажувам солиден душек има за 300€ па нагоре, има и за 7000ден да, ама има и за 60 000, така да ова е нзс на цена и квалитет. Ама она упорно Од гОлЕмоТо ДобРо УтРо. Многу сте искомплексирани мајке ми, цел форум е отиден у к*рац од малограѓанштина.
     
    На Garden of ____ и Celltica им се допаѓа ова.