1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Куќа или стан?

Дискусија во 'Дом' започната од AnaKarenina, 26 август 2012.

?

Во што повеќе би сакале да живеете?

  1. Куќа

    91 глас(а)
    65,9%
  2. Стан

    47 глас(а)
    34,1%
  1. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Секогаш сум живеела во стан.И немам проблем со тоа, впрочем за поинаку и не знам :)
    Но, одсекогаш мечтаам за убав двор.Ништо гламурозно од типот базен,егзотични растенија, поточиња и т.д....Само убав , симпатичен двор.
    И да бидам искрена, секогаш кога одам на гости ,, во двор,, им завидувам на сопствениците.И секогаш добивам одговор дека тоа е голема обврска.
    Па, си замислувам како мртва уморна доаѓам дома, а дворот треба да се средува :o , а градинар нели немам :envy:
    И така доаѓам до заклучок дека станот ми е тамам...
     
  2. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Отсекогаш сум живеела во стан, иако има многу негативни страни. Се надевам дека барем ко ќе пораснам ќе имам куќа со голем двор и зеленило :inlove:
    Негативните страни на станот:
    1. Немаш дворче, освен балкун кој никако не можи да се спореди со двор. Отсекогаш сум сакала двор, да си седам надвор преку денот, а посебно навечер. Ама секогаш сум морала да бидам задоволна со балкунот.
    2. Бидејќи живеам во стан, родителите не ми дозволват да чувам маче или куче. Ако сме имале куќа со двор одма ќе ми купеле :!:
    3. Во куќа едноставно имаш поголем простор и удобност. Мојот стан фала богу не е многу мал, ама има некои станчиња малечки дури и клаустрофобичен да станиш.
    4. Ова се однесува за подобро ситуираните луѓе, ама во дворот можиш и базен да си изградиш (ако некогаш имаш повеќе пари), а уште како мала сум си замислувала дека во дворот ќе имам базен :lol:
    5. Во куќа имаш и поголема приватност, во споредба со станот каде мораш да ги трпиш сите (не)пријателски настроени соседи. Или па студенти кои постојано пуштаат гласна музика навечер и прат журки.

    И така... Не знам шо да напишам поќе :^) :D
     
  3. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Цел живот сум во стан од 65 квадрати и сум умрена за куќа. Затоа и си ветив дека мажот ми мора да има куќа. Малку е монотоно, тоа е просторот, нема двор но затоа пак имам тераса, не многу голема 7-8 квадрати со супер видик, не излегува на сонце па е супер за летно кафе. Бидејки живеам на 5 спрат и зидчето на терасата ми е од малтер, не се гледа ништо и можам комотно на гаќи да излезам, за разлика од нашите комшии кои имаат решетки. Дворчето пред зградата е солидно уредено, има борчиња, цреша и слива посеани од мајка ми кога го уредуваше пред свадбата на сестра ми. Еден комшија од 3 спрат се нафати да го одржува некои непотребни треви ги откорнува, сади нови дрвца итн. Но како што реков пукната сум за куќа, со немора којзнае колку голем двор бидејки бара одржување, колку да има убава зелена трева на која ке можам да си играм со некое милениче куче маче сеедно, а во стан мајка ми не ми дава да донесам животно. |(
     
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.101
    Допаѓања:
    137.820
    Порасната сум во куќа, каде најголемиот дел од годината го поминував во двор - таму учев, таму јадев, таму пиев кафиња со другарки, дворот беше моја соба, а во собата одев за спиење, и во зима кога немав избор :D

    Во стан живеев 4 месеци, и се чувствував како во затвор. Седев на тераса оградена со решетки кои ме асоцираа на затвор. Беше пролет, а јас во затвор.

    Се сменија работите, што да се прави. Сега живеам во некаков хибрид. Ни е куќа, ни е стан :D Имам мало дворче, помало од дневната соба. Беше со трева, ама откако и јас се стекнав со алергија на полен, а муж ми веќе си ја имаше од порано, му ставивме бекатон - немаше јунак што ќе коси трева. Сега тотално не ме привлекува, и не го користам. Кај има бекатон, па и комшиите наместо ограда кренаа некои ѕидини, а јас многу мразам ѕидови. Друг момент е што треба да се симнувам по скали, никако да ги средиме помошните простории за да може да чуваме таму се што треба да не се кажуваш нагоре ако сакаш да пиеш кафе или што да е. Едвај чекам да дојде на ред и тоа, и еве го, се надевам дека ќе биде во пролет. Ми фали користењето на дворот, и тоа е.

    Куќата постојано бара инвестиции. Нас триста работи ни се случија - ни протече кров, ни се крена паркет, ни се затнаа олуците, и не знам уште што не - нешта кои ги нема во стан, барем така мислам. Ама освен што нуди комфор, нуди и можности. Ако ти треба уште простор - можеш да се прошириш и тоа ќе те чини помалку од колку да купиш нов стан. И ако имаш место, па и платени комуналии, за добиваш повеќе простор отколку ако истите пари ги вложиш во стан.

    Јас сум сепак мааалку повеќе за куќа, веројатно поради добрите спомени од детството :D Иако и во стан би ми било сосема ок.
     
  5. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Бидејќи ми набивте комплекс :P за патење по дворот и седењето во него |( јас едноставно вака планирам да си го заменам пиењето :coffee: и уживање во приватноста на 4-5 ти кат :tmi: .Па видете дали е нешто приближно во уживањето во двор од куќа 8).
     
  6. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    Куќа дефинитивно.
    За живот во куќа има многу предности:
    - комфор и слобода (и помала да е, куќа да е :D )
    - двор (нема ништо поубаво од тоа да си имаш уредено дворче, со масичка, цвеќиња, трева, некое дрвце, природа,... абе убајни. :inlove: )
    - приватност (нормално :!: )
    - нема толку нервози за несовесни соседи (и со куќни соседи има, но во зграда е поопасно :lol: )
     
  7. B-I-B-A

    B-I-B-A Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    12
    Стан.
     
    На biggirlsdontcry му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cece25

    Cece25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    45
    Пред да се омажам живеев во куќа, а сега живеам во стан, но морам да признаам дека живеењето во куќа повеќе ми се допаѓа. :)
     
  9. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    јас пред да се омажам живеев во стан сеа живеам во куќа јесте има помали трошоци од станот ама секогаш би била да живеам во стан куќата некако ми е тешка за одржавање зимно време поладно ми е секој ден треба да ми цепа некој дрва да палам огин сепак сум јас за стан :)
     
  10. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Куќа :)
    Без ни трошка размислување, куќата за мене е број еден кога станува збор за услови на живеење. Ко што сум клаустрофобична, мене стан не би ме поднел ниту два дена, ќе ми се руши :D
    Си сакам соби, мали, големи, на прв, на втор спрат, на тавански, си сакам дворче, цвеќиња, голема тераса, горна, долна, се си сакам, ама не сакам да се сопинам на секој чекор и да се разминувам во профил низ ходник :lol:

    Патем, вака громогласна фамилија, широка нарав и отворени раце кај ќе се собере во станче од 60тина квадрати кога мене дневната ми е толку :^) :rofl:
     
  11. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Истово го мислам.Нема нешто поубаво од куќа.
    Сеа предноста во стан е што во зима барем е потопло,ама затоа лето во куќа е незаменливо 8)
     
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    КУЌА! Дефинитивно и тоа без делење со друг. Во зграда искрено сега не се живее, секој тера како сака ... има да ве фати лудило од безредие и од безосетни комшии, од ука и бука. Признавам само куќа со убав двор, па кога ќе си седнеш да уживаш како треба, а не на балкон исто ко мајмун во кафез да си.
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Мислам дека во објектот за живеење, без разлика дали е куќа или стан, најважно е да се има удобност и хармонија, како со луѓето во него, така и со самиот простор, да ни биде убаво во него и да го чувствуваме местото како наше/свое, да има некоја припадност, а не да се чувствуваме како гости во сопствениот дом.

    Јас дефинитивно бирам куќа.
    Цел живот живеам во куќа и не би го заменила тоа за ништо. Едноставно има доволно простор и приватност за се и за сите, а има и двор - една многу важна и незаменлива работа за мене, место за уживање. Мислам дека куќата ако нема двор не е куќа. Имаш свој двор и можеш да го уредуваш како што сакаш, не го делиш со никој, па да ти пречи или да те ограничува некој.
    Е сега, назима е малку покомплицирано со затоплувањето (освен ако имаш парно), зашто загреваме обично една до две соби, па на горниот спрат и во бањата е поладно, но и тоа се решава.

    За комшиите, позитивно е тоа што не делиш заеднички влез, па да се замараш дека не се грижат сите исто за хигиена и сл. и тоа што можеш слободно да правиш што сакаш и кога сакаш без да сметаш некому и без да ти сметаат.
    Но, сепак можеш да наидеш на секакви луѓе и во зграда и во куќа. Оговарачи и дежурни посматрачи има секаде и секогаш, а некои мислат дека ако живеат во куќа можат да се дерат до бесвест во секое време и дека не пречат никому.

    Имам живеено и во стан, кога бев средно и дури студирав, не беше лошо, но ја немав потребната слобода. Се чувствував некако како во тесно, ограничено, ми фалеше простор - и надворешен и внатрешен и простор за себе.
     
  14. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Куќа секако,во стан се чуствувам како да немам возух или како да ме гуши нешто. :D Ама можеби тоа е поради што сум се навикнала да живеам во куќа. :)
     
  15. princessara

    princessara Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    4
    Јас живеам во куќа преубаво голем двор , градина , миленичиња преубаво не би се согласила да живеам во стан бидејќи не би се навикнала на толку мал простор :)
     
  16. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    По можност двете. Куќа за доцна пролет/лето/рана есен, останатите делови од годината во стан. Ем потопло, ем почисто, покомотно. Освен ако не ти е куќата опремена да си ја грееш цела, на дрва па да ти се згреат коските. Незаменлива е, ама со себе носи дупло повеќе работи отколку оние што се вршат во стан.
     
  17. nezastitena

    nezastitena Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    28
    Живеам во куќа и не можам да замислам да живеам во нешто помало и потесно како што е стан. Имам своја слобода, секој си има своја соба,комфор и време за одмор како што сака да го искористи.Во лето собите ни се многу ладни(куќата е правена од камен), а во зима се топли,имаме и парно на дрва така да секаде е топло.Можеби се проблем дрвата,треба да се снабдат,да се трупаат,да се средат, ама сепак мислам дека е добро.
    Дворот ни е голем и навистина бара големо внимание- ама па што ќе работиме цело лето? :)
    Знам дека во куќата треба постојано да се инвестира и да се одржува,но мислам дека тоа не е така страшно.Навистина во стан можеш на неколку години да го смениш целиот намештај,а во куќа постојано има некои поправки,доградби ,сепак за мене куќата е незаменлива. :)
     
  18. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Дефинитивно КУЌА,а доброто е што имаш сопствен двор и можеш да чуваш миленичиња :!:
     
  19. melani-melani

    melani-melani Активен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    6
    Според мене и двете.Лето куќа,зиме стан ;)
     
  20. napominuvanje

    napominuvanje Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    59
    Имам живеено во куќа а сега живеам во стан.
    Би сакала да живеам во куќа само доколку е населбата добро урбанизирана, со убави улици и тротоари,куќите се под конец и со добро снабдени продавници и поврзана со редовен автобус.Ама кај нас куќите се претежно дивоградби без план за преден и заден двор и најчесто во близина се најблиските роднини кои тешко да ги ставиш во ред кога да наминат а улиците се хаос поготово кога врне поради немање атмосферска канализација.
    Затоа преферирам стан.Живеам во Аеродром и се ми е на дофат а доколку ми ѕвони некој на врата не најавен воопшто не отварам или ептен ретко ако навистина немам нешто испланирано.Можеби грдо звучи ама си го ценам премногу своето време.
    БТВ стан полесно се одржава било лете било зиме.

    ПС.Многу ме нервира кога ќе отидам кај пријателки кои живеат в куќа, кога додека седиме во двор секој што ќе помине по улицата од комшиите обавезно сам се поканува да влезе на кафе и тогаш не ни можам да се видам со пријателкава асално.