Сум била во можност да искусам и со двете,а по долго размислување на оваа тема сепак се одлучив за куќа најмногу поради комоцијата повеќе соби има,има и дворче во било кое време да ти текне да си излезеш кафе да си се напиеш,љубител сум и на цвекиња па онака дворот на лето прекрасен е,единствена замерка за куќата ми е што во секое време има нешто за опрафка оваа година едно другата друго и се нешто ке искрсне.
Стан,ми делува како поприватно,попрактично место,зашто куќа како куќа е со поголема квадратна површина,а со сето тоа и поголем простор за чистење
Цел живот живеам во куќа,но би одбрала стан. Имам двор да,но повеќе сакам балкон.Кога ќе размислам,па и не ни седам нешто многу многу во двор. Сметам дека и станот може да има доволно комоција како и куќата. Тип-топ средено станче,не премногу високо ете до 4 спрат,тоа сакам јас
Потполно се сложувам со Тинкрбеллл. Ете, јас имав искуство и со едното и со другото. Цел живот сум во куќа, а од Х причини се преселивме во стан привремено, ама навистина мене поубаво ми е така, во станче. Помало, полесно за одржување, попрактично ... Мислам дека ако ми се пружи прилика по дипломирањето да си живеам во стан, би си го налицкала и скоцкала како бонбона, онака како што јас сакам. Обожавам убаво средена градина, ама убава ми е само за око - не уживам да средувам низ градина, не обожавам цвеќиња и мислам дека дури и не би имала желба и живци да се трудам да ја средувам. Таков човек сум, пре би одбрала станче кое ќе биде и лесно за средување и удобно, него ли куќа со убав двор. Па искрено, сто пати ми е поубава глетката од балконот на било која зграда, него ли уживањето во дворче со зелена трева. И не, не ми е проблем ако треба да се пентарам и до петтиот кат, и онака качувањето по скали ми е единствена физичка активност последниве 3-4 години.
Живеевме во стан на први спрат и никогаш ништо не можевме да оставаме на терасите, често ни снемуваше облека фармерки, тренерки, дури еднаш и ќебе ни украдоа. Кога ќе излезеш врата и прозор не можеш да оставиш отворено да се проветри и немаш никаква приватност. Единствена поволност е тоа што генералка можеш да направиш за еден ден, додека во куќа е поубаво, покомотно, си имаш двор, можеш на пиџами да излезеш без да те видат сите комшии, е тешко е за одржување, ама сепак е поубаво.
12 години живеев во стан се омажив и седев во кука 7 години и сега сум пак во стан 3 години и дефинитивно мојот избор сега за сега е --СТАН
Сум живеела и во двете, и категорично ќе си речам станче. Не патам од желбата за убав, голем и отмен двор, прошаран со разно разни цвеќиња, трендафили, лавиринти и што ти знам јас. Како што рече и Мишела погоре, убаво за око - ама некој не ужива во сето тоа средување, одржување, еве пример јас . Баш поради ова не се сеќавам кога последен пат сум излегла надвор кај мене во двор(патем, во куќа живеам моментално) да прочитам книга, да испијам чајче со другарки или едноставно да поседам. Сето ова го правам кај мене на тераса. Така да, мене воопшто нема да ми претставува проблем фактот што ќе немам двор ако живеам во стан. Едноставно ми се допаѓа атмосферата што владее во зградите, и нормално некој ден доколку би имала можност да бирам - радо би одбрала стан, него ли куќа.
Дефинитивно стан, со ова брзо и скапо темпо на живот мислам дека живеењето во стан има повеќе предности едно поради затоплувањето друго од хигиенска гледна точна. Станот си го средувам цакум пакум за 3 саати.
Живеам во стан и многу сакам во куќа.Имаш двор како прво.Не е важо мал или голем,важно е двор,па ќе си имаш цвеќиња,па лето време надвор ќе си седиш,што сакаш ќе правиш,кога ќе дојде некој на гости убаво надвор ќе си седнеш.Комотно.Во стан единствено на тераса можеш да излезеш,ама тоа не се споредува со двор.Потоа,не можеш да му пречиш на некого.Во куќа е едноставно покомотно,ако сакаш до надвор да излезеш не треба сто скали да поминуваш.Си имаш двор,приватно место.А исто така мислам дека куќите се поголеми од становите,што е уште подобро.И најважното;можеш да си чуваш милениче,куче,маче без проблени,што во стан е помалку тешко.Значи јас си гласам за куќа,што многу сакам да ја имам. Не велам дека станот не е убав,ама куќата е подобра.
Живеам со куќа и се надевам дека и кога ќе се омажам ќе живеам со куќа, послободно се чуствувам.. Сега за сега живот во стан тешко можам да си замислам.
Живеам за куќа и сум за куќа! Многу е поубаво кога имаш свој двор своја врата, градина... А во стан имаш малку соби, еадна тераса (што може и во куќа да се види), излегуваш од врата и пред тебе ходник, со лифт - доле! Не е убаво ич
Живеам во куќа и за неколку години треба да рушат тука и згради да прават Незнам како ке издржам,10 дена во Охрид во станот што одам здивувам,неможам и неможам Ке ми фали куќичкава многу.Ама еден комшија прави проблеми,и намерно со другарка ми кога поминуваме пред него мрчиме дека е поубаво во куќа и го набуцкуваме Нема,нема да живеам во стан и точка. Утеха ке ми биде тоа што ако живеам во стан ке имам моја собаа
Се согласувам со тебе... Многу подобро е во куќа Имаш двор...можеш во лето комотно да си седиш...во зима можеш снешко да си направиш Има многу предности куќата спрема станот.
Цел живот живеам во стан но имав прилика да живеам во куќа и одреден период. Мојот избор е дефинитивно стан, од причина температурите во зима. Зимурлива сум, што да правам, премногу ми ладно во куќа, ако ништо друго од долу ми влече ладно па нозете секога камен, а ти облакај и волнени калчинки нека биде топло, ако, јас пак ќе кукам. И тоа греење на дрва, убава работа е ама јас да оставам деца (кои патем не дај Боже да се на мене спретни со оган) да ги мислам па да ми се запали куќата, а не не. Ту мач секирации Побогу јас една пегла ја мислам три саати откако ќе излезам, не па дрвја. Друга работа е чистењето и одржувањето. Со ова темпо на живеење, многу е потешко да се одржува куќа.
Нема поубаво од куќа со голем двор поготово за деца а и за мезенце летоска.Израснав како девојка во куќа и тоа ми фали многу,како во затвор сум во стан и тоа не мора да биде незнам си каква куќа туку онолку колку ти е потребно соба за секого а не да и робуваш пошто куќа си бара чепкање секојдневно за разлика од стан!