Куќа или стан?

Дискусија во 'Дом' започната од AnaKarenina, 26 август 2012.

?

Во што повеќе би сакале да живеете?

  1. Куќа

    92 глас(а)
    66,2%
  2. Стан

    47 глас(а)
    33,8%
  1. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    4.211
    Пол:
    Женски
  2. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Фамилијарно живееме цел живот во стан и за среќа само два сменивме. Порано цело време пекав за куќа, ама едно лето се преселив кај баба ми која живее во куќа и после се премислив.

    Премногу ниска ми е куќата, колку и да звучи глупаво, јас сакам убави глетки и среќа станот ни е на доста висок спрат. Зависи од куќата, ама јас некако побезбедно се чувствувам во стан. Единствена причина поради која сакам куќи е градината. Затоа ако имам можност, би живеела во град, во стан на највисоко со една убава градина на кров (да видиме сега кој го гледал Just like heaven) :D . Еве вака, што убаво.
    [​IMG]

    Куќите ми се вклопуваат со некоја селско-планинска идила и би било фино да се има некоја викендичка. Инаку едно од омилените хобиа ми е зјапање по куќи. Во Скопје го владеам Тафталиџе, ако видите некој што се шлае низ улици и зјапа, јас сум, не се плашете, не крадам, само гледам. :) Дефинитивно се согласувам со она погоре кажано, куќата е за фамилија, да има некој да прави бука во неа.
     
    На 1209, Doozy и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  3. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.558
    Допаѓања:
    23.523
    Пол:
    Женски
    Живеев 12 години во куќа, и тоа во 2 различни. Од тогаш сменив 2 стана, и моментално живеам во стан повторно. Значи знам како е и во голема куќа, доволно голема за играње со топка во неа, со градина од позади, а знам и како е во голем, а и во мал стан. :) И сепак, гласам за станот. Клучот на врата и чао, пријатно. Не се замараш ниту со двор, ниту со градина. Можеби така размислувам затоа што мене не ме влечат такви работи како средување, чистење на трева, цвеќиња и сл. Убаво ми е некогаш кога ќе загледам некоја куќа со среден двор, но мислам дека не би се снашла во таа улога. Станот ми е како мала, интимна кутија, без разлика дали е 50 или 90 квадрати. Плус, до сега имав среќа, во зградите кај што живеев(ам) ептен ми се погодени соседите, има некоја посебна близина.
    Инаку, и јас сум истата ко Тајгерлејди, често знам да зјапам по куќи кога одам по улицата. Ама не со лоша намера, чисто да си замислам колку среќен живот имаат тие внатре. :)
     
    На 1209 и tigerlady им се допаѓа ова.
  4. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
  5. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Живеам во куќа но сакам да живеам во стан.....
     
  6. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    ^ Јас па обратно. Изгорена сум за куќа со некои скалишта , филм ми се скалите во куќите си се осеќам како некоја ѕвезда по нив ..Многу ми се прај кеф за куќа.. :( Ама сепак убаво ми е во стан до душа високо сум ама убаво е . :)
     
  7. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    живеам во стан и супер ми е.... а + и не е голем станот па во еден ден се прави генералка... во куќа само дворот не можеш да го средиш за еден ден. Ова е само една причина, а втората причина е што најчесто по куќите живеат младите заедно со свекрвите :) или пак ако не е така, нашите деца веројатно ќе останат да живеат тука кога ќе формираат семејство, а колку што ние сакаме да живееме со стари, толку и тие ќе сакаат. Е сега друго е ако ние незнаеме колку пари имаме, па да си имаме и куќа, па и на децата да направиме куќи без никаков проблем, а за чистење да си викаме помошнички :) тоа е веќе друг муабет.... но во ситуација во каква што сме повеќето СТАН-ЗАКОН.
     
  8. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Живеам со мајка ми и татко ми во поприлично голема куќа ,некаде 2 километри од центарот , а и стан имаме во центарот, па така убаво ја знам разликата стан во центар и куќа на периферија.
    Често останувам и во станот( поради друштво, излегување и сл), мал стан уреден по мои желби,место каде можеш да поканиш кого сакаш,сон за 17 годишна девојка, но врзана сум со куќава, овде некако ми е попријатно, и не поради тоа што моите живеат таму туку поради градината, цвеќињата, кучето ,тоа некако ме исполнува.Секоја слободна минутка ја поминувам во градината .Изгледа тоа ни е заедничко со татко ми, и тој не може да се откаже од куќата мирот и градината, најверојатно нема ни јас :)
     
  9. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Живеам во стан кој е голем+ има и двор,а убаво би било да има уште соби :)
    никад доста :)
     
  10. ivana.0909

    ivana.0909 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    443
    Допаѓања:
    228
  11. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    куќа нормално.со огромен двор и зеленило насекаде(таква е мојата) :)
     
  12. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    14.277
    Пол:
    Женски
    Сакам да речам куќа, ама мене не ми е до куќата колку што ми е до дворот :D
    Мислам дека стан е подобро. Така да идеално би рекла, стан на приземје на задниот дел од зградата кај што има и мало дворче наместо тераса. :D
    Има вакви во близина кај што живеам, ептен ми прават кејф.
     
  13. something

    something Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2011
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    1.416
  14. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.316
    Допаѓања:
    3.040
    Пол:
    Женски
    Куќа!
    Јас живеам во куќа со голем двор цел зеленило најубаво си е :D
     
  15. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.276
    Пол:
    Женски
    Повеќе сакам стан и живеам во стан..
     
  16. jjoovvaannaa

    jjoovvaannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
  17. optimistka23

    optimistka23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2013
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    56
    Јас искрено не би можела да живеам без мојот двор преполн со цвеќиња и тревичка па и за на зима кај ќе праам ма снешко? КУЌА дефинитивно :)
     
  18. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.572
    Допаѓања:
    5.906
    Куќаа - како мојава..со дрвца да си касне човек нешто(праски,јаболки,слики,смокви,круши,вишни,цреши,зезрелии),тревичка,цвеќиња....па да си излезеш и на тераса и во двор да седнеш кученцето околу мене во двор си игра...ах убавини
    :angel:
     
  19. cungalunga

    cungalunga Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2012
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    6
    Досега живеев во куќа...а сега со вереникот во стан...
    Искрено, мислев дека нема да се навикнам и дека ќе ми биде многу тешко...ама уствари сфатив дека живеењето во стан има неколку предности - можеш да го средиш и исчистиш за многу кратко време, кога врне немора да се секираш дали покривот ќе прокапе од негде и дали сите 342 прозори се затворени :), кога излагаш од дома имаш само една врата да заклучиш...
    Сеедно е, и онака не се прибирам дома :)
     
  20. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.182
    Пол:
    Женски