Куќа и никако поинаку! И да има двор- тоа е најбитната работа во целава прикаска, да имате дел од природата кој што ќе го искористите максимално и кој што ќе ве исполнува. Не се плашете од дворот или од тоа дека имало нон стоп обврски околу него, и не е тоа толку страшна работа, неколку саати во неделата посветени на дворот може и те како да релаксираат . Инаку јас живеам во куќа со прилично голем двор и го обожавам, а овие изминати два дена сфатив каква казна би ми претставувало живеењето во стан (два дена како во затвор, се мрднав од умов )
КУЌА Во стан се чувствувам затворено!! Родена сум во стан и доста ми е толку години да живеам таму!!! Уфф, едвај чекам да ми ја завржат куќата!!!! Уште плочките, даските и мебелот останаа ништо друго, а за 1 месец ќе се селам како што се брзаат мајсториве! А и супер што на 3ри спрата е си имам и гледки и огромен двор! Ќе пратам слики од куќата кога ќе биде завршена можеби ќе ви дадам идеа.
куќа! дефинитивно. Во куќа имаш повеќе занимација кога ќе ти биде досадно, а вака во стан имаш само една тераса..
Дефинитивно сакам куќа,а живеам во стан.. Се надевам понатаму кога ќе си имам свое семејство ќе ми се исполни желбата