Куќа дефинитивно... но само доколку сум во можност да си дозволам друг да ми го средува дворот. Живеам во голема куќа со огромен двор... не знаете која мака е посебно ова време со лисјата од дрвата кои паѓаат постојано... страшно уморно и нервозно да се пречистува едно те исто неколку пати дневно, да не зборам за цвеќињата кои си бараат посебна нега и одземаат доволно време од денот (никако не е едноставно како шо изглеа во филмовите)... Генералката дома трае минимум 4 дена... со одмор само за јадење и спиење. Од друга страна во куќата си имаш поголема слобода, дворот е одличен за одмор, не се умараш дали комшиите ќе те слушаат ако трчаш низ дома, ако викаш или слушаш гласна музика, не мислиш дека сметаш некому, имаш далеку поголема приватност... Но затоа пак трошоците за нејзино одржавање се многу големи. Станот е полесен за одржавање, и затоа во услови на големи обврски, станот е идеален.
Цел живот сум живеела во куќа и тоа голема. Со текот на времето, јас и мајка ми бевме најчесто дома. А голема куќа, празна некако и не ми оди. Во моментов живеам во дуплекс, значи стан но на два спрата и ми е идејно решение. Секогаш ми се допаѓала идејата за ваков стан, поткровје и да имаш поглед на небото во горните соби. Некако увидувам дека стан ми е попрактичен и полесен за одржување. Не знам дали самата би се нафатила да живеам во куќа.
Еве ме и мене после некое време да си кажам мислење релевантно за живеачка во стан .Одлично се вклопив и баш ми годи промената од куќа во стан .Како и што претпоставував задоволен од изгледот на нова зграда, никој со никого не се познаваа ... Немаме мн одими дојдими со комшиите (раб обврски си го прават своето а и секој си ја зачувува приватноста ) се почитуваме и поздравуваме како што треба .Паркинг простор има пред зградата,маркет,кафич и др дуќанчиња .Има добра изолација (звучна и топлотна ) убав лик и кодекс за однесување .Пр пружање алишта ,тресење од балкон и сл .За сите млади јас препорачувам избор на стан ,побрзо и поевтино се одржува за 30 % од куќа.Да знаев дека волку ке ми годи животот во стан ке иницирав порано да го направев-ме ,но никогаш не е доцна .Можеби ке се променат работите понатака во животот за промена на куќа но јас се приврзувам за работи а станов го чувствувам како да сум живеел долго време .Жените чуда прават ,можеби треба да очекувам промена ?
Цел живот живеам во стан и несакам повеќе. Некако како заробена се чувствувам само балкон и внатре си цело време. Си сакам многу куќа, па дворче, абе мераци Сега правиме куќа, при крај е , па ке и се радувам
Куќа дефинитивно. Цел свој живот живеам во куќа сакам и кога ќе се омажам да живеам во куќа не можам да си замислам да живеа во стан.
Од како знам за себе сум во куќа. Имам многу голем двор што причинува уживанции во летните денови. Ептен ми е убаво и никако не сакам да одам во стан (башка што имам самојед и жално и за него у стан ако го бутнам)
јас и моите родители живееме во голем стан и многу ни е убаво а си чувам и куче а баба ми живее во куќа а и јас сум живеела таму пред 2 години и пак ми беше убаво иако таа е наша куќа и многу често сум таму па затоа и тоа и тоа
Од како знам за себе јас живеам во стан но не ми се допаѓа бидејќи не можес да си пушташ гласна музика пред 12 наутро и 10 навечер стварно ми е здодевно !!! Но кога одам кај баа ми ми е 100 пати поубави бидејќи она живее во куќа и таму лудувам
Одсекогаш сум живеела во стан, меѓутоа многу сакам да живеам во куќа. Сакам да имам двор, а не вака во стан затворена цело време.
Живеам во стан.Но.имаме и куќа,па повремено за разбивање монотонија одам и таму.Иако куќата нуди поголем конфор и слобода, не се откажувам од станот
Имаме стан,куќа имам во село,а таму си живеат баба и дедо по татко ми...Другата баба(по мајка ми) живее во стан со вујна и вујче...Би сакала да живеам во куќа,послободно е и поголемо,ама си бара и поголема одговорност.
Куќа дефинитивно, со двор. Да имаш каде да искочиш летно време навечер, да се релаксираш, да си читаш книга...