Jas cel zivot ziveam vo stan. Golem e 100 m2 ima komocija baagi i 2 terasi. Najgolema zelba mi e kuka da imam ne za drugo tuku mnogu sakam dvor, cvekinja, drvca ( ovosni i zimzeleni) treva pa edna lulaska abe uzivancija. Ako eden den imam kuka garant ke bide sredena cakum pakum
Јас повеќе би сакала стан. Помалце работа, а и потопло е. Живеам во куќа со голем двор и апсолутно све си бара свое внимание како цвеќињата, овошките, бавчата иако е мала, па метење, двете тераси чистење ,метење. Лисја што паѓаат треба метење, тревата бара да се наводнува на време. Цвеќињата секојдневно и со оглед на тоа дека секојдневно све си бара своја грижа. Така да повеќе би сакала да живеам во стан, а да би имала куќа и да одам само за викенд или онака малце за одмор.
Живеам во голема куќа и обрските и трошоците не се споредливи со тие што живеат во станови. Башка за промена, би сакала да живеам во стан.
Kuka e bunar bez dno,postojano vlozuvanje,plus pogolemi obvrski i trosoci za odrzuvanje. Stanot e raj za vo zima a kukata za u leto.
Ние живееме во куќа од 140 квадрати со двор од 400. А само сме маж ми јас и син ми. Преголема е само за нас, празна незнам језа ме фаќа кога сум сама. Се мислиме да купиме стан а куќава да ја издаваме. Но ми е страв дали би можеле да се навикнеме да живееме во стан со оглед дека и двајцата сме растени во куќа..
Стан никако неможе да се спореди со куќа, посебно со куќа кој има таков двор. Стан не е ништо поразлично од кафез. На крај секој за себе си одлучува ама го кажувам ова бидејќи знам како е и во куќа и во стан.
Секако дека ќе се навикнете. Јас цело детство го поминав во огромна куќа со двор, а последните година и пол живеам во ептен малечко станче. Секако дека не е исто, во куќа е далеку покомфорно, ама и станот си има свои предности. Ако ништо друго барем живеењето е попрактично и поевтино е за одржување.
Dvajcata sme izlezeni od kuki, ednata ogroma na 3 sprata, (momentalno nesikoristena nikako, moite sami dvajca doma vo 1 soba sedat,2 sprata prazni).iako sme ziveele super so instalacija na parno i solarni paneli postaveni uste pred 30god,sto vo mk bilo naucna fantastika,sega kukata e prazna. I jas i bratmi ne ziveeme so niv odamna. Mm imaat pomala no sepak neodrzuvana, i ako bi sakale da ja sredime bi ne kostala kolku nova zasto ni sajka ne e staveno,ne ziveeme so niv ziveeme sami vo stan. Mene licno ne mi saka ama ic renoviranje prepravanje zivci i pari na nesto sto ne go koristis non stop,a nemame tolku mnogu za da se rasfrlame.mm obazava da me nervira kako ke dopraval ke sreduval i drn drn.. Stanot sto go zedovme ni e za cel zivot pod hipoteka,so plan da se pecali i nadvor,sto momentalno e fikcija. Prednostite na kukaa se navedeni, no jas izlezena od kuka' sega ne sakam da sedam,si go sakam mirot vo stanot ,sakam da mi e se na dofat. Decata da gi gledam kafe da si pijam najmaloto da sedi blisku i jas da si pravam jadenje primer... Ne da se setam 180 pati gore dole za sadovi pa za tenfzere pa za pleh...i neznam ti sto... Pa spielo pa nemozes da mrdnes,mora do nego da sedis. Sakam mir kako sto go imam sega. Ne za dzabe rekle starite kolku poveke sobi ima kukata-tolku se podalecni roditelite od decata*...
Здраво, нова сум на форумот и ова ми е прво прашање. Оваа тема ми изгледаше најсоодветна за истото, па затоа тука го поставувам. Со мажот ми сакаме да купиме плац/куќа и да се преселиме да живееме во куќа. Ама не можеме да се договориме околу предностите на различни населби, Бардовци, Трнодол, Соње, Волково, ... Ме интересира тие што живеете во куќи, каде сте отприлика, и како сте задоволни. Мене ми се битни: мир и спокој, чист воздух и зеленило, не многу далеку од центар, а помалку битни други работи. Можеби за некои не сум ни свесна, ама еве можеби тука ќе станам За пари ќе се снајдеме со кредити, и двајцата имаме добри работи. Фала многу !
И едното и другото си имаат своја предност и маана. До лани зимото, 18 цели години живеев во куќа со двор.После тоа се преселивме во стан каде зимно време каде-каде е поевтино за живеење бидејќи цело време цел стан е топло дури седиме и по кратки ракави дома а сметката не е голема уопште. Додека пак (еве второ ни е сеа) преку лето сме пак во куќава. Прво е природно поладно и многу побрзо се лади просторот неголи во станот. Плус, дефинитивно кога имаше полициски час константно цел викенд не се издржуваше во стан. јас буквално не искачав од соба освен по потреба, а во куќа можеш и во двор да си седнеш, па ако е поголем и нозе ќе протегнеш. Мене ми е убаво и ваму и таму.Само што во куќата предност голема ми е што од мојата соба директно искачам на една од терасите и можам лабаво да си седам без да зборат моите ,,ајде фрли цигарата доста више” А таму па имам свое вц и можам на раат и да се бањам и да се средувам на раат без да ме брзаат.
Сум живеела и во куќа и во стан. Поубаво е во стан. Куќата секогаш има повеќе обврски, стално нешто недостига, мора да се додава и поправа, а станот е чиста работа. Си имам тераса си седам, пушам цигара и уживам. Еднаш неделно се чисти терасата и толку. Кога ми беше мерак си земав 3 саксии со кактус и некое цвеќе, кога ми овенаа ги фрлив. А во куќата има двор, има трева,куп цвеќиња и секакви растенија. Мачиња ми шетаат по дворот, да не може човек надвор да седне, пчели,оси и секакви летечки и глупави инсекти се собираат по тревата. Ужас. Да одлучував јас ќе немаше ниту едно растение, трева ќе немаше ни 2 метра, се ќе направев со бекатон плочки или бетон и ќе си паркирав во двор. Ќе оставев само дрвцата, борот и елките.Овошките сите ќе летаа од овде.