"По исклучителниот успех на „Преспав“, чија што седма сезона е во фаза на подготовка, ОХО ПРОДУКЦИЈА на својата публика ѝ ги отвора вратите од домот на еден од најпопуларните, но и најмистериозни ликови од пансионот – Инспектор Томе. Кога Инспекторот е приведен од органите на прогонот, изречена му е мерка притвор која треба да ја издржува во местото на живеење според лична карта. По игра на случајот, на таа адреса живее поранешната сопруга на Томе, Вера, со нејзиниот нов и значително помлад партнер Мете. „Куќен притвор“ е серија која низ вообичаените комични инструменти на ситкомот ќе претстави една поинаква, поинтимна страна на познатиот Инспектор, а ќе ги преиспитува и семејни динамики во најразлични контексти, имајќи предвид дека динамичниот наратив испреплетува социјални, емоционални и интимни, и современи политички аспекти. Главните улоги ги толкуваат познатите актери од домашната сцена Горан Стојановски (Инспектор Томе), Ирена Ристиќ (Вера, сопругата), Сашко Коцев (Таки Кошка, адвокатот), Дениз Абдула (Мете, партнерот на Вера), Јована Спасиќ (Сузе, комшиката) и Зоран Љутков (Звонко, судијата)." Серијата започна со емитување на 19.09.2022 на МРТ 1 и има емитувано 5 или 6 епизоди. Се емитува секој работен ден во 20:15 часот. Ова е прва спин-офф серија во македонска продукција. Јас почнав да ја гледам и ми се допаѓа концептот и како се развиваат ликовите од епизода во епизода. Баш ја отсликува моменталната ситуација во нашето корумпирано општество (за жал). Не дека е ремек дело, ама сега за сега е интересна и колку за промена пуштам ТВ после не знам колку време.
Виш инспектор Томе е цар! Каде и да го видиш го поистоветуваш со улогите на Џемо Биљбиљ или онаа од Преспав па така и не можеш да си замислиш дека во реалниот живот се работи за сосема сериозна личност па токму таа трансформација сведочи за одличните актерски способности...Мене Томе ми е симбол за ведрина, исклучителна духовитост и остроумност па затоа ќе го коментирам само овој аспект на неговот однесување бидејќи тој најмногу ме развеселува и неговата смисла за хумор, а нема да ја коментирам пораката што ја носи оваа серија.
Мислев да ја гледам, ама ја пропуштив. Дали има некоја реприза од 1ва епизода или на YouTube да не ги има епизодите од почеток?
Не е лошо. Горан и Ирена се стварно топ и улогиве им се ептен погодени. За Мете можеа да земат некој друг актер, ич не ми се свиѓа како се справува моменталниов. Никола Тодороски би бил добар фит за улогата, а и за серијава како целина. Повеќе пати сум ги гледала заедно на сцена со Горан во различни претстави и се полн погодок! Ликот на Сузе ми е исто така несфатлив и кринџ, не знам што им била замислата со тоа. А и ќерка им Македонче кога се појави во втората епизода, беше како само да сакале на девојчето да му дадат шанса да се појави на екран. И само Томе и Вера да беа во серијава, и така ќе беше интересно. Ирена опасна ти била бре, па тоа охридскиот како го владее- па, па, па Инаку Горан ептен го имаме заживеано со ова „инспекторсково“, го имам видено 2-3 пати и сите му се обраќаа со „инспекторе“
Да. И јас се согласувам за можниот избор на Никола Тодороски...интелигентен и остроумен е...добар глумец...
Искрено малку ми е досадна. Реално ако помислам инспектор Томе веќе ми е здосаден, т.е тоа кога се лигави при зборување и мислам дека после толку сезони во Преспав, треба да го промени начинот на зборување. Ајде можеби во Преспав и не беше толку досадно, бидејќи помалку го имаше, но сега го има во секој кадар и реално испаѓа 90% од епизодата како он се лигави. Горан Стојановски е супер глумец и не дека ми смета како Актер. Напротив треба да продолжи и да снима уште многу серии, бидејќи имаме смеење доста, НО воедно апелирам до режисерите, сценаристи или кои и да е, да го намалат или па и скрос да го тргнат тоа лигавење од сценариото. Нека пробат барем неколку епизоди да си зборува нормално. Вака мене ми е искрено многу досадно.
Кој знае во која епизода дури сфатив дека Мете не им е син, мислев дека им е аутистичен син. Во никој случај не ми личи на згоден помлад швалер.