Куќна слава

Дискусија во 'Дом' започната од Elena-123, 24 октомври 2014.

  1. Elena-123

    Elena-123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2013
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    322
    *Ако има ваква иста или слична тема,тогаш-АУТ!се извинувам..*
    Ова е тема во која може да постирате се што е поврзано со славата која ја чекате..Декорацијата на масите,мезето,десертите,визитарските колачиња,пијалокот за слава,салфетките,како да се постави приборот за јадење на гостинот,што за вечера на гостите за слава,салати,може и некој рецепт пригоден за слава и сл. Некој бара помош,некој помага! Па споделете со нас ваше мислење и подготовка за слава! :$ :D Ставајте и фотографии :)
     
  2. Elena-123

    Elena-123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2013
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    322
    Еве за почеток јас ќе ве прашам..Благото,колачињата што сме ги направиле,,да ги наредам на масата кога ќе ја редам самата маса..или после вечерата,ручекот??Како е подобро според вас..очекувам мислење :D
     
  3. Boleyn.7

    Boleyn.7 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    425
    Слатките и колачите,стави ги на истата маса каде што ќе биде и останата храна, за да можат гостите да си земат од се по нешто.Можеби некои ќе сакаат да пробаат само од благите и кифличките, други од салатите, трети од сосема нешто друго.Бар ние кога сме правеле слави , памтам дека се задно сме ставале се на една иста маса, освен блага пченица.За кај други , не знам, ама ние вака имаме правено секоја година.
     
  4. Elena-123

    Elena-123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2013
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    322
    Ама сега помодерно,поново било демек десертот по ручекот,вечерата..ее незнам..сеуште се двоумам..ама и ти си во право кога велиш секој што сака ќе си земее..Фала за советот :$ :$ :*
     
  5. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    34.240
    Пол:
    Женски
    Не знам од кој град си, ама во мојот град, традиционално за слава ставаме се на масата, од солено до благо, а пченицата ја служиме откако ќе седнат гостите, па потоа пак други гости, пак со пченицата и така :D :D
     
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Ние славиме Петков ден, тоа е сега во Понеделник.
    Сегаш ни доаѓаат многу гости така да и трпезата треба да е полна секогаш.
    Мајка ми многу се потресува околу спремањето и тие работи и со денови спрема и подготвува. Сака да се држи до традиционалното и секогаш има сарма, гравче кое го прави во малечки земјени садови, кифлички, погача, руска салата плус уште некоја салата на пример онаа со телешко, салата со урда итн...
    Свежи салати има обавезно убаво декорирани во големи чинии за салати, има: зелна, црвена зелка, цвекло, морков, домати, краставички.
    Ордевери со сувомесно, врат, пршут, печеница, шунка и кашкавал, сиренце, маслинка стандард.
    Кога е мрсно обавезно имаме и прасе кое татко ми претходно го набавува па му го печат во некоја фурна, а кога е посно се знае риба.
    Од благо прави само баклава, а останатите слатки секогаш ги порачуваме од една слаткарница, превкусни и преубаво декорирани во малечки форми ама оваа година мајка ми напна да си направела сама. Направивме бомбици, бајадера, некои коцки со крем и уште неколку видови имаше ич не ми текнува, ќе напишам подетално ако некого го интересира, а ќе прикачам и слики.
    Има и грицки, кикирики, леблебии...
    Гостите ги послужуваме со пченица кога доаѓаат, може да си земат веднаш, мајка ми ја прави пченицата многу убаво. Прво ја вари па ја меле, па додава лешници, ореви, бадеми мелени и шеќер, ванили, цимет ... и од неа формира топчиња како бомбици кои ги става во тие украсните корпички за колачи.
    За пиење има се, вино - црвено, бело, бунари чуда, ракија, пиво, сокови секакви, виски за попрефинетите, узо... Во принцип секогаш имам се за пиење за пребирливите па дури и со Мартини знам да ги послужам :D
    Мислам дека не заборавив ништо, како и да е ако ми текне да сликнам во понеделинк ќе поставам и слики како сето тоа ќе изгледа.

    А да, на масата е се сервирано, само дотураме ако има потерба, ништо накнадно не вадиме-ставаме. Така да благите слободно нареди си ги на масата како и се останато.
     
    На befit, Elena-123, duffi и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Elena-123

    Elena-123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2013
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    322
    Ммм..Преекрасно! :inlove:
    Ние не даваме пченица никогаш,јас дури сега од вас разбрав дека пченица се давалоо.. :) Ќе ја наредниме масата и потоа кога ќе дојдат гостите ги прашуваме кој што ќе пие,па потоа се мезиме,па вечерата/ручекот и потоа пак на масата од се по нешто и такаа..И благите ќе ги ставам заедно со сето тоа <3 фала за советите :$ :*
     
  8. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.654
    Допаѓања:
    144.929
    И нас ни се ближи славата, и баш е ко што опиша мимс.

    Имав ставено и слики. Се е наредено на маса, па секој гостин кога ќе дојде си се послужува. Мајка ми на крај дава торта, и тоа е единствено нешто што не е оставено на маса.
    Ја убедувам да правиме ситни колачи и се да си стои на маса. Оти вака секој пред станување му вели, чекај и торта да ти сечам.

    Инаку спремаме што ли не, млечни салати неколку видови, зелените се сервирани во големи чинии , мезето е на даски.
    Правиме обавезно 2-3 вида на ролати со месо, обично пилешко и мелено месо.
    Кифлици неколку видови мора да има, да не остане некој гладен :D
    Пирошки обавезно, без нив не поминува ниедна слава кај нас, а мислам дека и најмногу се јадат.
    Нема некој кој нема да проба.
    Спремањето започнува недела дена пред тоа, мајками сака се да биде домашно, а јас сум асистент :lol:
    Си правиме распоред кој ден што спремаме и воопшто не е заморно, уживаме двете додека припремаме.
    На крај на мене ми ја остава декорацијата,која ми е најинтересна.

    Па бујрум!
     
    На mims-89 и Elena-123 им се допаѓа ова.
  9. Elena-123

    Elena-123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2013
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    322
    ММмм..звучи преевкусно <3 :inlove::pizza:
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.079
    Пол:
    Женски
    И ние имаме слава. Се зависи од тоа колку гости ќе имаме. Порано се собиравме цела фамилија, сега не. Сега само поблиските роднини. Инаку мајками сака многу да спрема, јас сум задолжена за масата и нејзините декорации. Од јадење спремаме салати, салати со макарони и пилешко месо, потоа имаме и ордеверер, имаме и печеница,некогаш скара,бело месо,гравче и сарма. Исто така и торта. А зависи имаме и колачи и торта. Мајками секогаш домашно спрема, никогаш не купуваме купечки. Месиме и кифлички. Јас многу сакам кога вака спрема па и помагам стриктно во се.
    Од алкохол имаме вино,сокови газирани и негазирани,кисела вода, пиво...
     
    На Elena-123 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Elena-123

    Elena-123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2013
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    322
    ММмм..:inlove:,Блазе му на гоститее!:$:rofl:
    Ставете и некоја слика (ако сакате) од колачињата или од салатите,да ги видиме декорациите и да ве пофалиме :D 8)
     
  12. JustBeYou

    JustBeYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    490
    Пол:
    Женски
    Еве од последната визита на брат ми сега следува на другиот брат па на тато па на дедо ми :( дома имаме многу визите ама ако нека ми се здрави и живи сакам експерименти а и мајка ми е таква па секогаш се "натпреварувааме" кој што и подобро ке направи хаха се надевам ви се допаѓаа :*
     

    Прикачени фајлови:

    На martine, Mahidevranfan, Elena-123 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Скоро ќе имам куќна слава. Па ме интересира што би направил посно, затоа што славата ќе ми биде посна.

    Дајте ми повеќе идеи.

    За риба, гравче и пита знам и јас. Ама што би зготвил/направил друго?
     
    На Elena-123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Никој не знае? :worried:
     
    На Elena-123 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    посна сарма, салата со макарони и туна, соини плескавици, посен кашкавал, посни колачи, кикиритки, гравче, кифли, риби, свежа салата. Одприлика мајка ми ова сервира
     
    На Elena-123 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Освен гореспомнатото се прави и сарма со ореви, компир салата, некој пинџур, макало, печен модар патлиџан со лук и магдонос, посни кифлици, доколку имаш туршија може да извадиш, секакви видови салати од зеленчук, посни слатки - гурабии, бомбици.
     
    На mims-89 и Elena-123 им се допаѓа ова.
  17. Elena-123

    Elena-123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2013
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    322
    Направи посни бисквитни визитарски колачиња,посни кексови,кикирчиња,посна баклава,зелена салата,посна салата со макарони..и сл. :mm::D
     
  18. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Каква е таа салата со макарони?
     
  19. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    се варат мали макарончиња се додава туна, се зачинува и се додава посен мајонез колку да се соедини, мислам дека тоа беа состојките
     
  20. Elena-123

    Elena-123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2013
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    322