Жени, женчиња.. Ја имам едно прашање. Ако именденот се паѓа во пости задолжително ли мора да се тера посно? Некои ми викаат дека славата мора да се тера посна ако се паѓа во пости а за името како сакам. Некој совет, некоја да знае поточно или да чека име во пости па да ми каже?
Јас не чекам име во пости ама мислам дека досега до каде што сум била на посни слави и имендении..секаде трпезата била поснаа..па според тоа мислам дека посно треба да ја наредишш..Честито и Вечно име!
Инаку,сега иди СВ:Ѓорѓија..па е посноо..Е сега да видиме домаќинки дел од вашите трпези..што посноо да подготвимеее..<3 Па кога ќе ми текне,на сармата гравчето и рибатааа...мммм..
Немаме куќна слава, затоа што сме под кирија. Да не бевме под кирија, можеби ќе имавме. Маж ми многу сака да има слава (неговите родители и едниот брат имаат 2 слави), ама јас сум против. Не сум по таквите работи.
Аии..а мене па баш ми е забавно кога треба да спремам,чистам,готвамм,послужувам..хихи Еве сега треба несто посно да се спремаа
Куќна слава ни е Св Никола во Декември, па утрото пред славата си креваме лепче во црква, потоа дома ја спремаме трпезата со посни јадења бидејќи тоа се паѓа во пост, има секогаш посни слатки и риба и гравче и секој роднина или пријател е добредојден
Направи му мерак на човекот. Тоа ти е за тебе еден ден готвење и пријатели, за него слава и за душата и за срцето. Ништо не те кошта.
Абе за коштање си кошта,и тоа од повеќе аспекти. Ама пак што е убаво,убаво е. Еден убав ден со пријателите а организатор си ти самиот. И ние немаме куќна слава сеуште.Нема цела година откако се веривме.Си планиравме после свадбата да си закажиме,ама и таа се одложи.Но во местото кај што се неговите си ја чекаат Архангел Михаил а мајка му е сама.Па ние заедно со нејзе оваа година си чекавме гости. Здравје боже да бидне се како што треба со бебчево па и ние ќе се одлучиме за која.
За поубава декорација на масата можете да си направите и прстени за салфети. Еве ви линк за инспирација: https://www.facebook.com/Hobby-Craft-Art-Galery-931501543609993/
Сакаме да ја славиме Голема Богородица како куќна слава, дали се слави баш на денот на 28.08 или ден порано? Дали е мрсна или посна?
Дали може колач за куќна слава да се сече неколку дена порано или пак покасно во црква, имам слава на 28.08 ама има можност да не сме дома, па дали е грев да се сече колач покасно или оред време? Исто дали може куќна слава и роденден да с еслават заедно, малото ми е на 01.09 па би славела се заедно од финансиски причини, бидејки гостите и за слава и за роденден ми се малтене исти.
За колачот не знам баш. Ние на денот пред славата, на заслогот носиме во црква или доаѓа дома поп. Пред короната во главно доаѓаа дома, сега во црква. Во случајот ако славата е 28.08, тогаш на 27.08 би се однел колачот (поскура во мој крај) во црква. Вечерта би се давала вечера и/или следниот ден ручек. Роденденот веројатно можеш на самата слава да го правиш, некој ден порано. На куќна слава мое мислење е дека датумот не се преместува и да се слави по желба. Се знае кога е празникот и се слави баш тогаш.