1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Куќна слава

Дискусија во 'Религија' започната од od-samrak-do-zori, 19 декември 2010.

  1. od-samrak-do-zori

    od-samrak-do-zori Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    58
    Дали имате куќна слава, кои пропратни традиции и обичаи ги практикувате (како носење лепче во црква и сл.), чекате ли многу гости?

    Јас го празнувам Св. Никола.
     
    На Ammy.Lee му/ѝ се допаѓа ова.
  2. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Ние имаме слава дома на Мала Богородица и исто така на Св. Јован именден на татко ми :) .
    Имаме голем број на гости околу 40-50 и отсекогаш ми биле интересни овие денови, посебно кога бев мала, колку ли само чоколади собирав од сите гости едно за мене едно за сестра ми :lol: :lol: :lol:.
    И ден денес си припремаме со моите и си очекуваме гости на овие два дена.
     
  3. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.884
    Допаѓања:
    13.423
    Ние славиме Свети Никола. Па лепче во црква, риби се пржат, гости. :)
     
  4. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Славиме Пречиста на 4 декември, мајка ми дома си меси лебче и го носиме во црква го кршиме, приготвуваме посна софра и си чекаме гости, кој дошол - добро дошол :D
     
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Славиме Свети Никола, и многу го сакам тој ден. Не знам зошто, но се’ што се готви на тој ден посебно убаво испаѓа. Лепчето, сармите, рипчето, гравчето - исто ги правиме и во обични денови а не се толку вкусни. Многу сакам кога ќе се собереме сите блиски, јадеме и се смееме. Овој ден има посебно значење за мене.
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    И јас и маж ми сме едни од многуте кои го славиме Свети Никола Чудотворец (оваа година Свети Никола навистина се покажа чудотворец барем за нас и сметам дека ни даде „знак“ дека тој треба да ни е заштитник на домот.) :)
     
    На elena.mak му/ѝ се допаѓа ова.
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.572
    Пол:
    Женски
    Го славиме Св. Никола, но заслугот. Се собира поблиската фамилија на вечера. Приготвуваме риба, пржена и печена, сарма, месен леб, грав, баклава , алва...
     
  8. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    368
    И јас како и повеќето Св. Никола славам како куќна слава...и Богородица на 21 септември еден вид селска слава...:) Ги обожавам овие денови, се собираме сите и имаме доста гости, посебно на Богородица зошто Св. Никола повеќето слават... Кај нас понекогаш попот доаѓа дома и го крши лепчето, т.е две лепчиња кршиме нзз зошто :) едното го јадеме одма а другото одкако ќе помине славата :)
    А имаме и на др празници како на пр. Св Јован носиме лепче во црква... баба ми така има ветено, била тоа нејзина слава... хехехе
     
  9. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Па славиме Мала Богородица на 28 август, оваа е селска слава и славиме Св.Сава на 17 и 18 декември-посна слава е оваа, си чекаме гости, си пржиме риба за посната,гравче правиме и сарми,за Мала Богородица исто спремаме,имаме доста гости, гостите ги чекаме кај баба ми и кај дедо ми.
    И порано славевме Спасовден (исто селска слава) ама ја откажавме кога баба ми отиде на операција, сега за тој ден одиме на ручек и тетка ми исто доаѓа.
     
  10. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Си славиме Водици, по мажот ми овој ден ми е прекрасен едноставно со сета душа приготвувам се, ни доаѓаа околу 50 гости а за лепче во црква и поп во домот се уште не сме се одлучиле, не знам зошто но уште и јас пред да дојдам во куќава не доаѓал попот
     
  11. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.328
    Допаѓања:
    5.841
    Ние славиме Пречиста на 4ти декември. Попот доаѓа кај нас и го кршиме лепчето, значи не одиме во црква. Се собираат некои поблиски роднини, комшии, пријатели и така си се одбележува денот. :)
     
  12. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    3.216
    Пол:
    Женски
    Ние славиме Митровден... :D Мислам дека куќната слава е и како прочистување на куќата... Кај нас кога доаѓаат гостите ги пречекуваме со пченица па потоа се јаде,пие, некогаш и се пее... Многу добра атмосфера се создава.... :D
     
  13. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Мојата слава е на 23 и 24 Ноември. Мартинија се вика :) Не ја знаат многу оваа слава, ретка е :)
     
  14. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    11.127
    Пол:
    Женски
    Ние славиме Голема Богородица сега на 28ми Август :)
     
  15. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Чекаме именден на татко ми а тоа се смета за кукна слава

    Јас сум против куќните слави и сум за да се искоренат. Тоа е еден од најголемите пагански обичаи. Не знам кој, кога и како го вовел, ај ке речеме прапрапрабабите наши неписмени биле ама мислам дека е време да се искоренат паганските обичаи од верата наша.
     
  16. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    367
    Ние ја славиме Св. Никола. Во Прилеп повеќето ја имаат оваа слава па затоа и Св. Никола стана како заштитник на градот..
    Ја сакам неделата пред славата. Секој ден нешто се прави. Баклавата, гравчето, сармата... Не знам како и зошто ама стварно на овој ден сармата и гравчето се повкусни отколку да ги направиш во обичен ден.
    Исто така прекрасно е да ја видиш барем 1 годишно твојата фамилија собрана на трпезата, каде што сите се смеат и песни пеат... :)
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  17. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    ние дома не чекаме слава но бабами чекаат ќурќовден и пречиста а што се дава појма си немам :)
     
  18. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    Ние дома ја славиме Павловден (13ти јули) :)
     
  19. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    И кај мене се чека Свети Никола ... баба ми ќе ја однеси погачата во црква потоа дома, а вечерта доаѓаат гостите. Бидејќи се пости се дава посна вечера како сарми, риби, посен грав, се јаде и овошје :rofl: :rofl:
     
  20. Tanny

    Tanny Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    401
    Кај нас св.Андон. Именденот на татко ми :)