Форумџика на годината

Куќна слава

Дискусија во 'Религија' започната од od-samrak-do-zori, 19 декември 2010.

  1. TheSecret

    TheSecret Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    5.180
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Zdravo. Dali Krstovden e posna ili mrsna slava?
     
  2. mickey18

    mickey18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2024
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    290
    Пол:
    Машки
    Секогаш е посен без разлика во кој ден се падне
     
    На TheSecret му/ѝ се допаѓа ова.
  3. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.814
    Допаѓања:
    13.909
    Пол:
    Женски
    Како се отвара куќна слава?
     
  4. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    17.523
    Допаѓања:
    187.469
    Мислам у црква ке ти дадат книга да си отвориш страна
    Мислам @CameliaMiller знае
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.004
    Допаѓања:
    276.433
    @anggell во црква можеш да отвориш Евангелие и што ти се падне - тоа, а можеш да одбереш и по свој избор светец/светица и да побараш благослов.
    @Orthophill може да ме надополни подобро.
     
    На Orthophill и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  6. HipHop Girl ♥♥

    HipHop Girl ♥♥ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2018
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Секоја година славам именден на св. Архангел Михаил, пред две години беше среда и не правев посно. Оваа година е петок. Дали е грев доколку сервирам мрсна храна?
     
    На Компир Манџа му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Burevesnik

    Burevesnik Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2025
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Машки
    Кога се падне во среда или петок е посна славата!
     
  8. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.188
    Допаѓања:
    7.731
    Пол:
    Машки
    Да, грев е. Прави си како што треба. Господ ги казни на беровчани кога го направија истото.
     
  9. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.915
    Пол:
    Машки
    Зошто би било грев? Ако е грев тогаш е грев и тоа што не постиш секој Среда и Петок.. Тоа е правило на црквата и би требало да е посна храната..
    Дали ќе ти се случи нешто ако поради х причини не ја направиш посна? Не, ништо лошо нема да се случи..
     
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.004
    Допаѓања:
    276.433
    Па не станува збор дека нешто лошо ќе и' се случи, туку како е "редот" или правилата на празникот кој го слави.

    @HipHop Girl ♥♥ грев не е, казна Божја да те стигне нема, но дека е посно - посно е.
    На крајот направи како мислиш дека е исправно ти.
     
    На Mr.Limonko му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Burevesnik

    Burevesnik Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2025
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Машки
    @CameliaMiller не она како мисле како е исправно, туку исправно е секоја слава што се падне во среда или петок е посна.



    Во поглед на постењето во среда и петок, покрај она што е кажано во 66-тото апостолско правило, на ова место го изнесуваме и она што го кажал блажениот Петар Александриски во своето 15-то правило:
    “Никој да не не oбвинyва што ги држиме среда и петок, денови во коишто ни е заповедано да постиме;
    Во среда поради заговорот што го направил Јуда за предавството на Господа, а во петок поради тоа што Он за нас пострада.

    Неделата ја поминуваме како ден на радост зашто во тој ден Христос воскреснал”.

    Затоа треба да се види 218-тото правило од Номоканонот, каде што свети Атанасиј Велики говори:

    “Тој што самоволно се paзрешува од пост во среда и петок, Го рacпнува Господа Исуса Христа исто како Јудеите, оти во среда се состанаа да Го yбијат, а во петок Го раcпнаа”.
    ------
    Никoгаш нe нарушувај гo пoстoт вo срeда и вo пeтoк. Тoј пoст e запoвeдан oд Црквата и
    e дoбрo oбразлoжeн.

    Акo нeкoгаш вo живoтoт си гo нарушил oвoј пoст, мoли сe на Бoга да ти oпрoсти и пoвeќe нe грeши. Благoчeстивитe луѓe нe сe смeтаат сeбe си за разрeшeни oд тoј пoст,ни на пат, па дури ни вo бoлeст.

    Свeти Пахoмиј eднаш срeтнал луѓe кадe штo нoсат мртoвeц и видeл двајца ангeли вo пoвoрката. Тoј пoчнал да сe мoли на Бoга да му ја oткриe тајната за присуствoтo на ангeлитe при погребот на тoј чoвeк.
    Каквo дoбрo направил тoј чoвeк за да гo
    придружуваат свeти ангeли Бoжји вo спрoвoдoт дo грoбoт?

    Тoгаш, пo Бoжја прoмисла, сe приближилe свeтитe ангeли дo Пахoмиј и вака му oбјаснилe: “Eдeн oд нас e ангeл на срeдата, а
    втoриoт e ангeл на пeтoкoт. Па какo штo oвoј чoвeк сeкoгаш, дури и дo самата смрт, пoстeл вo срeда и вo пeтoк, затoа и ниe сo чeст гo спрoвeдувамe нeгoвoтo тeлo. Какo штo тoј дo смртта гo сoчувал пoстoт, затoа и ниe гo прoславувамe”.
     
    На Rama и eliesaab им се допаѓа ова.
  12. Bettina23

    Bettina23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2023
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    3.715
    Пол:
    Женски

    Ако чекаш на името т.е 21.11 бидејќи е петок убаво е да е посно,ние ја чекаме славата точно на денот 20.11 т.е четврток и ќе ставам мрсно
     
  13. FlowerMarija

    FlowerMarija Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2024
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    255
    Пол:
    Женски
    Зошто сакаш да сервираш мрсна храна кога денот налага да биде посно ? Денес има многу рецепти за посни јадења.
     
    На Burevesnik му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Цаци маци000

    Цаци маци000 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2024
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    979
    Пол:
    Женски
    Секако дека е грев, а зошто не би правела посно?

    Точно е тоа што @Компир Манџа го цитираше за Беровчани кога гром удри во казаните со храна и уби неколку луѓе
     
    На FlowerMarija му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.203
    Допаѓања:
    8.735
    Пол:
    Женски
    Дали е грев или не, не знам ама од практични причини ако е именден среда или петок ставам посно.
    Добра половина од гостите што доаѓаат кај нас си почитуваат пости и реално јас се чувствував лошо ако ме прашаат што е посно, а на маса се мрсно и нема со што да ги послужам. Што се вика пола вечер со апетисани да ја поминат само.
    Инаку има куп рецепти и производи сега достапни за посно. Лесно е и се посно да се спреми.
     
    На Цаци маци000 и Manako2 им се допаѓа ова.
  16. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    2.293
    Пол:
    Женски
    Кога веќе си решила верски празник да славиш, тогаш редот е да прославиш како што треба. Петок се пости и трпезата треба да биде посна.
     
    На Rama, FlowerMarija, Burevesnik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.004
    Допаѓања:
    276.433
    Јасно, јас за мојата тоа си го почитувам, иако намерно ја бирав да не биде во пост, сепак првите 2 години така падна (среда па петок) тек оваа, третата година беше мрсна, сабота.

    Меѓутоа, и да не и' е посна славата, вистина - не е според правилата на црквата, но дека вистински нешто ќе и' се случи - нема.

    Религијата секој ја почитува онолку колку што лично ја доживува, јас лично не постам никогаш освен денот од славата, ако е посна. Некој друг поинаку доживува и тоа е океј.

    Одговорот е сосема јасен: на посна слава (посен ден) не се приложува мрсно според правилата на црквата, но ако приложиш мрсно нема ништо да ти се случи. Сè е до личното поимање на денот.
     
    На Sesil и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  18. Burevesnik

    Burevesnik Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2025
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Машки
    @CameliaMiller Во делот за славата ти си знаеш зошто си ја избрала, јас кога за мене слава си бирав не гледав дали е во мрсно или посно туку имав именден и за тоа го зедов за моја лична слава.
    Дали ќе се случи нешто или не тоа јас незнам, но зошто не идеш според правилата ако е во посно мрсна храна да спремаш, толку ли е тешко бар тој ден да се испочитува и да биде на посно, 2023 Св.Пророк Илија се падна во среда и на селска слава селаните одлучија мрсно да прават во кругот на Црквата и сабајлето попот кога виде дека ќе служат мрсно во среда не држа литургија и си отиде и неколку месеци Владиката му забрани да иде во тоа село на попот се додека не се покајат за стореното и од како се покаја Црковниот одбор за тоа што служија мрсно во среда попот пак почна да иде во селото.
     
    На Rama, MeowMeow и eliesaab им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.004
    Допаѓања:
    276.433
    Јас си ја одбрав затоа што бирав што мене лично, на мојава душа ќе и' значи. Што е и суштината.

    Не навлегувам зошто некој прави вака или онака, сите го живееме овој живот според свои сфаќања за исправно и неисправно, оттаму мојот одговор беше јасен, мислам.

    Лично ни мене ми нема логика на посна слава мрсно да служам (затоа и не го правев истото), од друга страна никогаш освен тој ден, ако е посен, не постам, за ниту еден празник. И тоа пак ќе свртиме круг доаѓа од моето лично доживување на религијата и какво место има во мојот живот.

    Нема потреба да се осудува никој, одговорот беше едноставен: според црква е така и така, понатаму по свој памет постапувај.
     
  20. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    5.352
    Пол:
    Женски
    Дали е во ред да си заславиш одредена слава бидејќи секако си славиш именден на детето на тој ден, а прв братучед да ја има таа слава веќе...?