А што има врска дали братучед ти ја има таа слава, во ред си е да си ја славиш славата а воедно и именден на детето.
Па имаше коментари некои уште ко си напоменав дека сакам, као зашто баш таа.. А името си го носи детево.. Ама ај, мислев да не не гледам јас убаво, сакав и друго мислење да чујам.
Нема никаква врска. Пример кај дедо ми славеа св.Димитрија. Двајца браќа се чичко ми и татко ми,чичко ми живеее во иста куќа со дедо ми и природно е да си ја задржи славата, татко ми се иселил кога имал 18 г. кога направивме куќа не славевме слава туку одевме во село за св.Димитрија се додека не почина дедо ми после тоа си ја земавме и ние. Значи фактички двајцата браќа имаат иста слава.
Моментално славиме само именден, слава се уште не баш од вакви роднински коментари. Затоа и прашував, да знам дали само мене не ми е чудно, или повеќето би гледале така.. Инаку да, би носела лепче во црква ако заславиме.
Ако се сака се се може, сум бил на една слава кај повеќе фамилии, него чудно ми е зошто потклекнуваат на тоа што ќе кажат роднините.
Зошто прво кога повеќе души ти кажуваат едно нешто нормално почнуваш да се преиспитуваш ,второ муабетот најчесто почнува со ,,не чини " а никој не објаснува како/зошто ,,не чини" и си збунет едноставно.
Да не објаснувам посебно на буре, еве и членкава убаво кажа. Кога слушаш такви муабети си викаш чекај да не сум саможивник јас.. Славата си е за нас, ама уште незаславена шо се вели, слушаш коментари и нормално, се преиспитуваш дал си во право. Затоа и прашав, дали само мене ми е нормално или не, две глави се поумни од една. Плус, кога ќе ти напикаат глупави коментари во глава, ќе се преиспиташ.
Кај мене пола фамилија има иста слава, никого да не слушаш и ако сакаш да си ја славиш славата, да си ја славиш. Нема зошто да ти е пречка прв братучед, не ти е во куќата тој.
Нема никаква врска тоа. Која сакаш ќе си ја земиш за слава. Пример Свети Никола најмногу ја слават, тоа не значи дека не треба и ти да си ја земиш таа славa. Едино шо ако роднини ти слават иста слава е тоа шо нема да можите да си одите на гости
Кој сака нека коментира. Ич да не се замараш, нема кој да ти кажува која слава да ја славиш. Не знам како си даваат за право да се мешаат и во вакви работи кои се доста емотивни и интимни како што е религијата. Конкретно, Свети Никола зимската слава е многу славена низ цела Македонија, најбројна слава е. И ние дома ја славиме и братот на татко ми, и сестрата на мајка ми, и мои први братучеди. Така што, не се премислувај поради неумесни роднински коментари, да си славиш слава која ти си сакаш од срце и душа.
Девојки дали можете да ми кажете за слава погача во црква се носи ден пред слава кога е заслугот или на денот на славата. Исто така, што друго се носи во црква освен вино и погача? Дали треба да се однесе и пченица?
Не денот на славата ,погача ,вино и пченица е правилно ама гледам сеа некои носат само погача и вино...