1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Куќна слава

Дискусија во 'Религија' започната од od-samrak-do-zori, 19 декември 2010.

  1. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Куќна слава кај мене дома е Св. Никола...кој кај нас го прават 2 дена, вечера и следниот ден ручек и вечера... посно а вкусно :)
     
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Петковден :)
    Колку ми е убаво кога ќе се собереме братучедите на едно место. Па тоа мирис на сарма се шири мх мх, убавини :)
     
  3. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    Исто,ајде уште малце се ближи, најмногу сакам ко ќе сме фамилијарно собрани :inlove: ..иако не ја сакам сармата :lol:
     
  4. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    17.901
    Пол:
    Женски
    Славиме Св. Никола (19 Декември)
     
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Нас куќна слава ни е Пречиста, на 4ти декември.
    На тој ден, обично татко ми оди во црква да крши лепче, а вечерта ни доаѓаат роднини и пријатели. Од целата трпеза јас јадам само гравче, ама затоа сум главна за сервирање и украсување. Имаме обичај да ставаме огромни риби во чинија и после да ги украсуваме со марула, маслинки, лимон, моркови и слично. Мајка ми прави мали сармички и ги реди како пирамида :lol:
    А колачите ми се омилениот дел, особено бајадера и лампионки :)
     
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Дедо ми е сеуште жив, инаку потоа татко ми ќе си ја превземе - Св.Никола (инаку и сегашниот дечко мој ја слави Св.Никола, и е роден на Св.Никола),така да цврсто сум решена дека доколку утре имам син ќе се вика Никола.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.291
    Допаѓања:
    3.113
    Пол:
    Женски
    Ние ја славиме Преображение на 19 Август.
    Или татко ми или мајка ми, рано наутро го носат лепчето во црква, а гостите ги чекаме вечер.
    Славата е посна, па така да има риба, гравче тавче, сарма и така натаму.

    Не сакам да ги дискриминирам другите слави.
    Но некако многу си ја сакам нашата слава.
    Најмногу поради тоа што не е слава која ја слави секој втор. Како св.Никола и други.
    Ми се допаѓа тоа што е во лето и најнеобично ми е тоа што секогаш на тој ден секогаш приквечер врне. :lol:
     
  8. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    3.291
    Пол:
    Женски
    Ние дома славиме две слави: св. Богородица (21 -ви септември) и св. Никола (19 декември). Ги обожавам овие денови, сите најмили и сите што ги сакам се тука.
     
  9. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Нас славата ни е на 6 декември Св.Катерина мислам дека беше,не ми текнува во моментов.Многу го сакам тој ден,спремањето на масата и вечерта доаѓаат братучетките (6 први братучетки сме) и ќе седнеме,ќе јадеме гравче тавче,со сарма и риба ослич (ја обожавам комбинацијава) :P ,па после ќе седнеме заедно во некоја соба и си правиме муабет,се потсеќаме на работите кое сме ги правеле како помали,се смееме на некои наши глупости и така интересно ми поминува вечерта...одвај чекам да дојде 6 декември,фала богу за 2 недели е тоа.
     
  10. Lordi

    Lordi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    7
    Сега даваме вечера и ги повикуваме само најблиските ...незнам дали и моите 2 другарки да ги повикам,или не?
     
  11. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Моето семејство е голем верник, чекаме една куќна слава Митровден и името на брат ми Ѓурѓовден :inlove:
     
  12. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    моите чекаат Митровден, не знам ние која слава ке ја чекаме кога ке се осамостоиме со мажотми :^)
     
  13. dryad

    dryad Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2011
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    55
    Свети Никола и Свети Архангел Михаил.
     
  14. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Ние славиме денес на Архангел Михаил, по моето име.
     
  15. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Додека беше жива баба ми славевме Архангел Михаил, но откако почина престанавме бидејќи тоа всушност беше слава на вујко ми, он би требало сега да си ја слави, ама тоа не знам. Татко ми пак слави Митровден, тогаш му е ем роденден, ем именден, ем слава. Три во едно, така што супер му се има фатено. :D
     
  16. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    225
    Како куќна слава чекаме Митровден, тоа е на 8 ноември. Убав ден исполнет во друштво со блиското семејство.
     
  17. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Обожавам слави.

    Сарма, баклава, руска со кифлици ако е мрсна славата, месо, пити -FTW!
     
  18. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.482
    Ние го славиме св.Никола и јас едвај чекам само ради пченицата :D
     
  19. Ragazzina

    Ragazzina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    56
    Ние ја славиме Св. Архангел Михаил, затоа што мене ми е именден. Даваме само вечера за најблиските, вечерта спроти празникот.

    Инаку, многу ми е жал што во периодов не сум во Македонија и нема да можам да го практикувам овој добро познат наш "зимски спорт". :D
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    Ние ја имаме Св. Архангел Михаил, куќна слава на дедо ми, ама по смртта на баба ми само пееме пченица и лепче, така што попот иде дома, а за некој ден и вода. А порано нема што не спремавме, а се собиравме најблиските роднини.