1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Куќна слава

Дискусија во 'Религија' започната од od-samrak-do-zori, 19 декември 2010.

  1. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.983
    Архангел Михаил, и баш денеска беше, помина... Ми се допаѓаaт слави. плус кога правиш руска си поткаснуваш! :) мх мх мх..
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sramezlivoto

    Sramezlivoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    100
    Мајками и таткоми си чекаат слава замене.. Повеке гости имав во неделата за славата, отколку синоќа за именденот и роденденот :lol:
     
  3. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Луѓе не знаев каде да го поставам прашањево. Што се носи кога се оди на слава? Ќе одам кај другарка, па глупо ми е празна да отидам.
     
  4. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    ^Најчесто вино и бонбониера, може и цвеќе. Но сите три ствари кога се оди фамилијарно кај некој поблизок.
    Вака за кај другарка сум носела, и ми носеле само вино.

    Инаку ние кај мајка ми славиме две слави, Св.Троица таа е на почеток на лето и Петковден која е на есен.
     
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Може да однесеш локум или некои благи, но посни да бидат денес.
     
  6. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.291
    Допаѓања:
    3.113
    Пол:
    Женски
    Јас најчесто носам бонбониера, а може и чоколада. :)
     
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.562
    Пол:
    Женски
    Кај нас најчесто носат кафе, колачи или бомбоњера. А кога одам кај другарки носам вино.
     
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Честит нека им е Св.Никола на сите кои го слават денес.

    Ние дома славиме Св.Петка - Матрона. Во октомври е и многу ми е криво што изминативе две години за куќната слава јас не сум дома :doh:
     
  9. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    нека ни е честит св.Никола...кукна слава на моите на дечко ми уште малку и на нас двајцата сами :) го сакам најмногу тој празник
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Куќна слава ни е св.Никола и си ја чекаме секоја година.Мислам грев би било да не ја чекаш.
    Имавме едни познаници на кои куќна слава им била св.Никола.Но тие не ја чекале бидејќи е блиску од Нова година и да не се изложувале на трошок.И во 2011 после 20 години не чекање на куќната слава решиле да ја чекаат.И син му на луѓево кој што имал 30 години заминал на пазар пред славата,и на плоштад имал инфаркт по кој што умрен на самото место ни Брза Помош не го спасила.
    Затоа редовно треба да си се чекаат куќните слави!
     
  11. O.l.e

    O.l.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    6
    Петковден - 27 Октомври (ако тогаш не се собереме да се видиме со најблиските веќе нема кога, сите имаат премногу обврски и некако се отуѓуваме . . . )
     
  12. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Славиме на 6-ти декември слава, св. Меркуриј и Екатерина.
    Доаѓаат гости, па прилично многу.. Годинава дојдоа само најблискити, поради дедо ми што почина..

    Наредната се' ќе си тече како и вообичаено.
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Сретение Господово на 15 февруари. Доаѓаат многу гости и бидејќи немаме многу место дома да ги собереме сите мораме да славиме два дена, на 14ти кога е заслугот и на денот. И бидејќи оваа година 15ти е во среда ќе принесеме посна трпеза, а на 14ти мрсна трпеза.
     
  14. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    Како правилно се слави слава:

    Славата без осветен дом, без славска пченица и колач, без свеќа и кандило пред иконата, претставува обична пијанка, без дух и без Божји благослов.

    Не е работата на славата да се изнајадеме и изнапиеме. Помал е гревот славата да не се слави, отколку да се претвори во пијанка која завршува со чочеци на маса. Зашто, светците својата слава ја стекнале со пост и молитва, па нема ни да ги погледнат оние семејства кои не ја почитуваат славата, па дури и на посни слави изнесуваат и мрсна храна.

    Ако веќе се слави некоја слава, тогаш културата и воспитувањето налагаат домаќинот да ги дочека гостите пред куќата или на куќниот праг, свечено облечен и славски расположен со зборовите: „Добредојдовте“. Гостите ја честитаат славата велејќи: „Среќна слава, домаќине, тебе и на твојот дом, на семејството“. На тоа домаќинот одговара: „Добредојдовте, и нека и вам ви помага Господ и Света Петка, Свети Архангел, Свети Никола (или светецот кој се слави), уште многу години да ми доаѓате во домот“

    На денот на славата во домот се внесува голема свеќа од 50-60 сантиметри, а може и поголема, зависно од можностите. Свеќата се става во свеќник и се украсува. Домаќинот ја пали на денот на славата, непосредно пред сечење на колачот. Се прекрстува, во молитвата го споменува Господ и името на својата крсна домашна слава, ја бакнува свеќата и ја пали. Свеќата и нејзината светлост ја симболизираат светлоста на Христовото учење во домот во кој се слави. Многумина кои ја почитуваат домашната слава веруваат дека на тој ден светецот им доаѓа во домот, па велат: „Еве, ми дојде мојот Свети Никола, Свети Архангел Михаил...” На денот на славата се остава свеќата да гори цел ден. Кога ќе догори до свеќникот, се гаси со неколку капки црвено вино. За време на славската трпеза се водат богоугодни и пристојни разговори, а од домаќинот, кој цело време стои и служи, се очекува да каже и нешто од житието на славата.

    Првото послужување на славата е славската пченица која се подготвува за сите слави и за светите архангели Михаил и Гаврил, како и за светиот пророк Илија.
    Пченицата обично ја послужува домаќинката, или ако има девојка во куќата - ќерка или внука, а може да се повика на помош за служење на пченицата и некоја помлада жена или девојка од соседството (се води сметка да биде убава). Најнапред се служи домаќинот, па сите домашни, а потоа гостите по ред како што доаѓаат. За целото време на славата пченицата стои покрај иконата на домашниот светител. Житото се служи на следниот начин: домаќинката ја принесува пченицата до гостинот, тој станува, се прекрстува погледнувајќи кон иконата, потоа се свртува кон домаќинот и домаќинката за да им ја честита славата и зема од пченицата.

    Да се слави слава не е тешко, ниту е скапо, затоа што славата се слави првенствено со молитвата, кандилото, славската свеќа, славскиот колач и пченицата. Колку гости ќе бидат на трпезата, тоа е помалку важно.
     
    На Makide и Serafima им се допаѓа ова.
  15. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Преображение и Св. Никола ни се куќни слави а, исто така имаме земено и една селска слава уште од пра пра дедоми - Митровден.
     
  16. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    Св. Никола си ја славиме. :inlove: :)
     
  17. Iva.T

    Iva.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    64
    20 јануари.. Св. Јован Крстител :)
     
  18. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Ние славиме ден после вас, на 7 ми декември на втор ден ни доаѓаат гости, ние славата ја викаме Маркулија, ама изгледа истата слава е. :)
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    Ние оваа година во мај отворивме куќна слава.
    Ни се падна Св. Јован Крстител . :)
     
    На SuNsHiNe989 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Ние дома свети Климент го славевме :)