Нашата куќна слава е на 8 ноември и се вика Свети Димитрија-Митровден и со нетрпение ја чекам да си дојде си месиме дома лепче и го шариме одозгора и на 7 ми сабајлето го носиме во црква на светење поради што чекаме и двата дена.Инаку гости ни идат премногу три соби ги полниме ко ништо и тоа преку 100 души имаме голема фамилија и доста пријатели.Имаме неколку икончина во секоја соба по една и им палиме свеќи првата ден само вечерта а втората цел ден и секако секоја година славата не ни поминува без сарма,расол,баклава,руска салата,батачиња и ордевер некогаш побогато некогаш по не зависи од финансиите но секогаш со широко срце го обележуваме овај ден.
Ние дома сеуште немаме куќна слава,бидејќи в село славиме селска слава Св.Атанасиј Летен кои се празнува на 15 мај.Додека е жива баба ми треба да е празнуваме в село кај баба,а после тоа здравје. Истотака за овој ден ние носиме лебче на пеење во црква.
Нас куќна слава ние Свети Николај Чудотворец Епископ Мирликијски на 19 декември. Напомош да ни е на сите.
Јас сакам да прашам за Петковден нели петок е посно,а сабота е мрсно. Е сега петок на масава само посни работи се ставуваат или може и мрсно? Зошто сум слушала луѓе демек смеело да се меша.Ама мене некако не ми штима
^^ Само посно се става,ја прашав мајка ми и така ми одговори Кај нас таков е обичајот,а и досега немам слушнато на посен ден,мрсно да се става
Нас куќна слава ни е Митровден а баба ми и дедо ми денес ја чекаа Петковден денес на дедо ми му беше и слава и роденден две во едно..
Нас куќна слава ние СВ.Никола и на дечкоми им е таа и не можеме да си одиме нагости а мама ме зафркава ми вика нема да ни идеш нагости кога ќе се омажиш
Мене овие куќниве слави со теранје гости, гозби ми се малку прости. Ок е ако имаш празник дома да прославите со најблиските, ама сега збиранје ојлевци дојлевци ми е претеризам и нешто просто...
Според мене ова што го правиме ние Македончињата е жива глупост. Сфаќам куќна слава, ќе си ги викнеш најбилските, ние под најблиски освен мајка,татко, брат,сестра сфаќаме и: сите први братучеди, втори братучеди, на дедо-ти браќа и сестри, комшиите, пријателите... Ние ја имаме Св. Јован и си дигаме панагија нели на денот и вечерта на 19 чекаме на вечера гости (крвно поврзани, а овде спаѓаат и кошиите ), полна куќа, неможеш да прднеш нараат . На 20 доаѓаат пријатели и колеги на мајка ми и татко ми. Требало месо (над 1000 ден. иде), после сувомесно, салати, погачи, кифли, баклава, 2-3 вида колачи, без кикиритки и леблебија не бива, грицки-мицки. Столови од кај комшиите . + 1 ден спремање и 1 ден чистење. За ваквите куќни слави сум против own:
......многу чудно е што во една држава сите православни ама различни обичаи во зависност во кој град или крај живееш.. ..на пр јас сум девојка од Битола и таму повеќето се слават имендени,најчесто по името на најстариот или најмладиот член/најчесто машко од фамилијата....татко ми се викаше Танас,така да го славевме зимскиот Св.Атанасиј/31 јануари секоја година...преубав ритуал,се собираат на едно место фамилијата и пријателите и ете повод да се видиш,да размениш што и како,а мајка ми на истиот ден одеше во црква и го осветуваше лепчето...откако татко ми почина,синот од брат ми го носи неговото име,така да традицијата продолжи и во поново време...... .. .на пр јас сум мажена во Куманово и таму повеќето се слави слава/некако Српски обичај,а која слава ќе ја славиш е по тоа што одиш во црква и попот ти отвора книга и се почнува со славење...кај фамилијата кај што влегов како невеста се славеше Св.Aрхангел/21 ноември,така да се меси блага погача се украсува,и се свети на денот од поп...да,исто се собираат фамилијата и пријателите,понекогаш се вика дури и музика,и се слави и по неколку дена....хахахах....старите се сеуште живи,и секогаш слават а псолето се знај традицијата ќе помини кај нас и ние ќе ја продолжжиме.... . ...јас сум поборник на традицијата и сакам да негувам наши православни обичаи,едноставно тоа сме ние и не сакам да избледеат,така да и моите деца исто им споменувам често дека секогаш треба да се чува и негува она што останало од старите......
Св. Константин и Елена мислам дека е на 3 јуни. Јас и мм сме си ја наредиле работата Трипати се веселиме: еднаш на славата на неговите, вторпат кај моите и третпат кај нас, си имаме наша слава. Ни едниве ни другиве не се нешто многу по правење слави шо повеќе личат на свадба, така шо сме немале од кого да научиме да се замараме со по мин.60 гости како што има случаи. Тие обичаи што си останале со благата погача и вино во црква си ги практикуваме (претходно се јавуваме да прашаме во црква кој ден е најдобро истите да се однесат, ден-два пред самиот ден обележан со црвено во календарчето). Ми се допаѓа тоа што ниту јас ниту мм не сме научени и не сме виделе дека пијанчење, галама и глупости правење личи за на слава. Такви гости кои ги знаеме по тој табиет не ги ни викаме, ниту пак сами доаѓаат Како и нашите, така и ние...на слава ни' доаѓа потесно семејство (мајка, татко, брат/сестра со сопружниците и евентуално нивните децата) и кумовите. Имаме убава семејна вечера на која си разговараме опуштено, се веселиме, но се' во границите на умереното како што и личи на религиозен празник.
Ние славиме у очи празникот а не на денот, па баш затоа и го напоменав датумот, инаку ќе го кажев само празникот