Ние славевме се додека мама и тато да се разведат после не ни тато нешто нејке да слави само излезе со другарите почасте ги по едно пиво ии ајт чао пријатно
Честита слава на сите што ја чекаат Св Никола Штета што не сум никаде на слава да си каснам сармички графче рипчина
Никогаш не сме имале,а отсекогаш сум сакала. Здравје,кога ќе се вселиме во новата куќа,ќе отворам книга Инаку една од така омилените ми е Св.Никола,денешниот ден. Баба ми и дедо ми отсекогаш ја славеле,па ме врзува за убави спомени ...Нека им е среќна на сите што денес ја слават
Среќна слава на сите денес што ја слават. За многу години нека е. Мене домашна слава ми е Петковден, одамна помина. А за денес и утре, уф, имам за одење на 3 места. Голем дел од мојата фамилија ја чекаат оваа слава. И плус двајца другари, тоа се 5. Ама ќе видам кај нив дали ќе успеам да стигнам
Немаме домашна слава. А обожавам да одам по слави. Пријатна атмосфера, уште поубави јадења, мх мх мх. Баба ми и дедо ми од на татко ми страната го славеле Св. Никола, а од на мајка ми страната се славеше Илинден Св. Илија. Тоа им беше и селска слава. Ах, спомени.
Ние славиме две слави - Св.Архангел Михаил и Св. Никола.Не ги чекаме официјално ,само си креваме леб и кој дошол - добредошол.
Свети Никола ни е слава, Архангел и Михаил ни е слава а воедно и именден на татко ми и Свети Стефан - именденот на брат ми