1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Куќна слава

Дискусија во 'Религија' започната од od-samrak-do-zori, 19 декември 2010.

  1. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Дали за слава поставувате ручек/вечера кога сите ќе се соберат или се е на маса, па кој кога сака да си дојде?

    Кај нас се собираме, и малку е напорно зошто секогаш некој дошол рано, а некој многу касни... :?:
     
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    ^ Подобро е така, инаку нема каде сите гости да ги собере. Вака масата е наместена од 7 саат, па едни гости доаѓаат, други си одат. Замисли сите во исто време да дојдат, ќе нема кај да ги седнеш :)
     
    На Umbrella22 и Silver.E им се допаѓа ова.
  3. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Имаме место за седење, не е тоа проблемот. Проблемот е додека се собират сите во исто време...
    А, така сме се научиле со години наназад... :?:
     
  4. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Наша куќна слава е Св.Никола! :) Нека ни е честит Св.Никола и нека ни е наздравје за многу години! :* :inlove:
     
  5. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Славиме Св.Никола.Ги сакам семејните слава.Тоа се моменти кога семејството се собира заедно и се чувствува блискоста меѓу луѓето :)
     
  6. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    Ние славиме Василица, но денес е именден на зет ми така да ЧИРС у негово име :D
     
  7. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    Ние чекаме Митровден на татко ми. :)

    Се спрема масата, гостите пристигаат од 6 и нешто и се до 1-2 часот, зависи.
    Оваа година на Митровден ни беше посна трпезата.
     
  8. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.006
    Пол:
    Женски
    Нашата куќна слава е Св.Никола. Се собираме целото семејство и блиски роднини и си ја празнуваме секоја година. Многу ми е убаво за време на слави, кога се собираме сите :inlove:
     
  9. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Славиме куќна слава Св. Никола.
    Нека е честит и вечен денот за сите што се собираат околу посната домашна трпеза.
     
    На SwanMay му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Никаде во Библијата не се спомнати светци. Ова е верување кое е потекнато од човекот, а не од самиот Бог. Ако сме вистински христијани треба да го славиме само името на Господ, а не на светци кои биле наречени на светци од народот,
    „Јас сум патот, вистината и животот“, рекол Исус. „Никој не доаѓа при Отецот, освен преку Мене“ - Јован 14:6.
    Прашај се дали е соодветно да паднеме на колена и да му се молиме на кој и да е друг освен на нашиот Творец и Дарител на животот? Псалм 36:9.
    Кога апостол Павле дознал кој е Исус Христос од ангелот од СТРАХОПОЧИТ клекнал пред него а тој му одговорил;
    „Не прави го тоа!“ му рекол тој. „Јас сум само роб како и ти и твоите браќа... Поклони му се на Бог!“ И што сваќате од ова? Дека треба да му се клањаме на живи луѓе кои од народот биле направени светци?
     
  11. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    1. Ангелот изреагирал така бидејќи свети Јован Богослов (а не свети Павле, ова е од Откровението) бил свештеник. А ние Христијаните знаеме дека свештениците имаат поголема чест и власт од ангелите. Свети Јован Златоуст дури бил уште ѓакон рекол, ако видите на улица поп и ангел, прво поздравете го попот, оти тој има поголема власт од ангелите. Затоа овде ангелот му вели на свети Јован Богослов да не му се поклонува. Плус за разлика од демоните кои се горделиви, исто како оние кои се разделуваат од Црквата и формираат секти, ангелите се смирени.
    2. Не е лошо да си ги прочитате Делата на светите апостоли и да видите таму како народот трчал и се поклонувал на сенката од свети ап. Петар и свети ап. Јован. Како се лекувале од шамичето со кое свети апостол Павле си ја бришел потта.
    3. Светци (свети пророк Еремија) и помени на умрени (т.е. задушнини) се спомнати во Макавејските книги. Ама тие книги прво не им одговарале на оние кои Христа ни Го убија па ги исфрлија од еврејскиот канон на Светото Писмо. Потоа и оние кои се со ист дух како христоубијците ги исфрлија од канонот на Светото Писмо.
    4. Никој не вели дека постојат светители, па ни ангели кои се способни да не` приведат при Бога Отца. Зашто измирувањето (приведувањето при Бога Отца) на родот човечки и Бога, дојде само преку Крвта Христова. Пророците и мачениците страдаа и ја лееја својата крв, ама не не` помирија со Бога и не ни ги отворија рајските двери. Ангелите, пророците, апостолите, светителите, мачениците, праведниците, бесребрениците, преподобните заедно со Мајка Богородица, кои ги почитуваме, а не ги славиме и ги молиме да се молат за нас, доколку не се воплотеше Бог Словото ќе беа ништо. Се` што имаат и се` што даваат е од Христа. Како што Месечината и планетите не ни даваат светлина сами од себе туку ни даваат од светлината на Сонцето, така и Богородица и светителите светат со Христовата Таворска светлина, така и Го молат заедно со нас Христа Бога да ни даде благодат и се` што ни е потребно.
     
    На galapce, jacqueline.s, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Мојата куќна слава е на 28.08 Голема Богородица.Почнуваме со подготовките на почеток од месецот што се однеува до колачите.Без оглед дали е мрсна или посна трпезата е богата се е исто само по нешто се одзима.Пример на колачињата наместо млеко им ставаме вода , на сармата наместо мелено месо ставаме соја, ореви и печурки.Лепчето го месиме и украсуваме вечерта пред слава.Доага попот кај нас.Првите две три слави имавме по 90 гости а последните две до 40 гости негде.Многу е убаво тогаш се гледаме со сите за кој времето не ни дава можност да се видиме.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Betty*

    Betty* Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2015
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    77
    Пол:
    Женски
    Јас лично немам некој проблем против слави и ние дома чекаме слава,но треба да се знае важноста на таа слава,треба да се знае зошто се слави,ние правиме слава нормално за слава на Бог него му заблагодаруваме за таа храна поставена на масата и се што има,е сум против многу традиции затоа што традициите се од луѓето измислени а нигде не пишува во библијата такви работи,ние сме христијани и треба да ја почитуваме библијата.Да тие слави што се тоа се слави за апостолите на Исус и треба да се почитуваат тие луѓе,но тие луѓе самите од себе не добиле некакви сила и моќ сигурно,Исус им дал моќ и сила за да исцелуваат луѓе и да помагат,значи повеќе треба да сме благодарни на Исус за тоа што нив им дал моќ.Сега реално да гледаме луѓето одат на слави само за да се најадат и напијат познавам многу луѓе што едвај чекаат да отидат на слава за да се најадат и напијат а не оти нешто за Господ или пак дека луѓето ги почитуваат.Секој си има свое право на мислење и јас ова го мислам,треба да почитуваме секое мислење.
     
  14. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    6.347
    Пол:
    Женски
    ние немаме куќна слава..
     
  15. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Почитувана Бети, веќе имам одговорено на оваа тема на мислење слично на Вашето. Значи ние ги почитуваме светителите, и Му принесуваме на Бога слава во нивна чест. Никогаш во Црквата не сме запеале слава тебе света Петко, или слава тебе свети Ѓорѓија. Не, ние пееме слава на Отца и Сина и Свјатаго Духа, слава Му оддаваме на Оној Кој ни ја покажа светлината, но исто и во тропарите кои ги пееме во чест на светителите најчесто ги завршуваме со „Слава на Оној кој ти даде сила, слава на Оној Кој те овенча, слава на Оној Кој преку тебе на сите им дава исцеление“... Што значи ние ги почитуваме светителите, бараме од нив да се молат за нас на Бога, но славата единствено Му прилега на Бога. Ако некој каже дека “славејќи“ слави ние Го заменуваме Бога со светител лаже и клевети.
     
  16. Betty*

    Betty* Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2015
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    77
    Пол:
    Женски
    Во ред али дали мислиш дека сите го прават тоа ? Јас кажав општо за сите дека има и такви луѓе кој само им оддаваат почит на светците а не на Исус,има луѓе кој што го прават тоа само онака колку да се кажело дека имаат слава или пак дека славата цела година среќа ќе им донесе.Ако Бог сака да имаш среќа ќе имаш по секоја цена без разлика дали правиш слава или не .Го кажав тоа со мое искуство што гледам случаеви ама не реков дека сите така прават.
     
  17. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Ама тоа не значи ни дека славите не се богоугодни. И дека тие што ги “слават“ славите не Го слават Бога...
     
  18. Betty*

    Betty* Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2015
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    77
    Пол:
    Женски
    Пак ќе кажам тоа го кажав со исклучок на некои луѓе а не сите ... Може до утре да ме убедува некој ако сака ама нема никој да ме предомисли затоа што има многу безобразни луѓе на светов кој не го почитуваат Бог...
     
  19. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Сите славите ги славиме исто. Има ли некој идеа што би сменил на славата?
    Освен музиката нели. Нешто да додадам за да биде поинтересна.
     
  20. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Decki sto se nosi na slava? Samo vino moze li? ili mora uste nesto?