1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Куќна слава

Дискусија во 'Религија' започната од od-samrak-do-zori, 19 декември 2010.

  1. Мецаа91

    Мецаа91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2018
    Пораки:
    981
    Допаѓања:
    2.196
    Пол:
    Женски
    Здраво сакаме да си отвориме слава мора ли да отвараме книга или ако ние имаме некој повод на некоја слава да сакаме да ја чекаме
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Не мора да отворате книга, можете да си изберете и сами слава. Отворањето на книга е само побожен обичај. Најбитно е да знаеме што и Кого славиме, ама и како славиме.
     
    На Rama, kuc и Мецаа91 им се допаѓа ова.
  3. Dessa

    Dessa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2019
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    Само да Ве подржам во Вашата намера.Ако не Ви е светено живеалиштето,можете слободно да повикате духовник,да ви испее молитва,а пред секоја слава домаќините постат 7 дена,се исповедуваат и потоа земаат света причест.Доколку не сте запознаени,можете да се информирате во вашата парохиска црква.
    Секое добро.
     
    На Rama, Мецаа91 и kuc им се допаѓа ова.
  4. Мецаа91

    Мецаа91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2018
    Пораки:
    981
    Допаѓања:
    2.196
    Пол:
    Женски
    Здраво да се пофалам денес правевме голема молитва и потоа си отворивме слава сопругот отвори книга сепак одлучивме да отвараме и се погоди св.Јован Крстител 20 Јануари што значи на Водици вечерта ке ја чекаме...нека дава господ здравје само нас и на сите
     
    На poi, Veta, душленце и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Dessa

    Dessa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2019
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    Честито, многу години да си ја славите.
    Мир,спокој и божја благодат на Вас и Вашата фамилија.
     
    На Rama и Мецаа91 им се допаѓа ова.
  6. Anchenceeee

    Anchenceeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2017
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски

    Здраво, а нели на 20ти е јован крстител и тогаш треба да се слави? А на 19ти водици треба заслуг?
     
  7. Волшебникот

    Волшебникот Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2018
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    Св. Петка - петковден на 27 Октомври.
     
  8. mamaorhidea

    mamaorhidea Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    414
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае славата ако се падне во петок дали треба да е посна ..конкретно еве сега ако некој слави св Атанасиј во петок е каква ќе биде.
     
  9. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    79.281
    Посна
     
    На mamaorhidea му/ѝ се допаѓа ова.
  10. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.028
    Допаѓања:
    4.761
    Пол:
    Женски
    Здравје во пролет планираме да си направиме осветување на куќата и сакаме да си земеме куќна слава. Дали може сами да си избереме слава? Ние би сакале да ја славиме Голема Богородица, е сега дали таа се слави баш на денот 28,08, или ден порано?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Може да си ја земете. Се слави на 27. вечерта и на 28. Ако ја земете Голема Богородица, треба да имате предвид дека на 27. вечерта е се` уште пост и не може да се служат риби. Доколку тоа ви смета, можете да си ја земете Мала Богородица или Покров на Пресвета Богородица.
     
    На kuc му/ѝ се допаѓа ова.
  12. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.028
    Допаѓања:
    4.761
    Пол:
    Женски
    Ја славите славата баш на 28.08 или ден порано? Дали секогаш се спрема посно или само ако се паѓа во Среда или Петок?
     
  13. чупето*

    чупето* Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2016
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Иде полека времето за слави. Нас куќна слава ни е св. Димитрија-Митровден. И оваа година е мрсна слава и заслугот и денот.
    Што мислите вие како би било за слава да се направи богата трпеза на која ќе биде послужено се. Па кој сака мезе нека си мезе, кој сака месо нека си земе и сл. Муабетот е да се избегне традиционалното послужување сега салатата сега супата, вечерата, десертот како по протокол. Да си биде се наредено и кој сака тоа да си зема па и ние домаќинките малку да седниме а не како казнети напред назад и за нас е празник.
     
    На Hortenzija му/ѝ се допаѓа ова.
  14. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.910
    Пол:
    Женски
    Јас прв пат слушам за тоа служење едно по едно. Секаде кај што сум била јадењето е поставено на трпеза па секој си зема што си сака,што според мене е океј.
     
    На cresa-jagoda, Avery, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Јас колку што знам само вечера се служи, ние барем така сме правеле, а другото се си стои на маса.
    Пример да речеме еве главното јадење е месо и компир, тоа не се става на маса да стои како мезе туку се послужува како порција, а благо и све остало си е веќе ставено на маса како мезе.
     
  16. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.701
    Допаѓања:
    14.244
    Пол:
    Женски
    Кај нас на слава секога е поставено сѐ на маса и секој си се послужува, без разлика дали е мрсна или посна славата. Можеби ова варира од регион до регион, но во Скопје никогаш не сум била на слава на која се послужуваат оброци (салата, па супа, па главно јадење…).

    Иако морам да напоменам, ни лани ни оваа година нема да ни доаѓаат гости за слава, освен за домашните еден ручек. Многу ми е неодговорно да се собираат луѓе во затворено за слава, додека се уште Короната коси…
     
    На S.W.A.G, cresa-jagoda и чупето* им се допаѓа ова.
  17. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.636
    Допаѓања:
    7.555
    Пол:
    Женски
    И ние (кај мајка ) ја имаме св Димитрија. Превземено ни е од баба и дедо од село ,таму баш така ја правевме ,мезе па јадење па благо на секој гостин посебно ,е кога дојде ред да си ја земеме дома (во друг град ) мајка ми го даде предлогот така се да биде на маса ,и така почнавме значи од пред некои си 10 години. И реално поубаво е и ќе си се видиш со луѓето и се.
     
    На чупето* му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Hortenzija

    Hortenzija Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2019
    Пораки:
    1.515
    Допаѓања:
    13.639
    Пол:
    Женски
    Godini nanazad stavame se na masa koj so saka si jade:)
     
    На чупето* му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DoubleK

    DoubleK Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    984
    Предлог кетеринг служби во Битола од искуство? И цени ?
     
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.987
    Допаѓања:
    261.085
    Дали постои некаков календар на слави, или баш секој ден може да е слава?
    Бидејќи во календаров на МПЦ секој ден е некој светец.

    Кој може нека објасни.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.