Кaко хороскопските знаци се справуваат со учењето и испитите

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од crazylady, 18 декември 2011.

  1. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.029
    Допаѓања:
    8.002
    Овен

    Овенот секогаш цели кон тоа да биде прв и да го носи епитетот победник. Неговите родители треба да смислат награда која нивното дете ќе ја добие како заслуга кога ќе го положи тешкиот испит, пред се за да го мотивираат. Овните се избувливи и брзо губат трпение. Токму затоа за да останат сконцентрирани им требаат почести паузи од учење, кои се разбира мора да вклучуваат физичка активност.

    Бик

    Бикот е препознатлив како бавен и стабилен, пa поради тоа може да се исфрустрира ако некој го форсира да биде побрз во исполнувањето на задачите. Нему му е потребна мирна и тивка средина во која ќе помине многу часови на темелно завршување на започнатата работа, се разбира без притоа да биде предупредуван дека “времето го гази”.

    Близнаци

    Познати како најкомуникативен знак, близнаците одлично ќе го научат испитниот материјал кога имаат со кого да си ги прераскажуваат лекциите. За да останат фокусирани, ним неопходен им е професор или пријател кој ја учи истата материја.

    Рак

    Овој хороскопски знак може да потроши многу повеќе време и енергија мечтаејќи како ја завршува задачата, отколку реално да се фокусира на учењето. Мала доза на храброст и нежен поттик е она што им треба на раковите за да им тргне работата. Нема да згрешите и доколку ги понудите со некои здрави грицки и витамини кои ќе им бидат како стимул, бидејќи тие се познати по тоа што уживаат во храната.

    Лав

    Високо крената глава и победнички поглед е одлика на цврстите лавови.Првото нешто кое ќе ги мотивира е почитувањето и признавањето на талентот кој го поседува. Ако останат фокусирани на своите успеси, веднаш им се зголемува желбата за создавање на нов успех и несомнено ќе ги редат еден по друг. Нив би им годел систем за наградување за успешно положениот испит.

    Девица

    Девицата, истакнувајќи ја својата внимателност, трудољубивост и уредност сака совршено да си ја заврши својата обврска. Како резултат на тоа може и воопшто да не го учи предметот ако заклучи дека околу неа не е се така “розово” како што мисли и ако нешто не направи како што треба. Родителите треба да ја мотивираат давајќи и до знаење дека секој прави грешки и пред се да и влеат храброст и позитивна енергија за таа да ги реши сите проблеми.

    Вага

    Позната како најдружељубива, меѓу сите хороскопски знаци на вагата не и претставува никаков проблем да биде во друштво додека учи. Нејзината интелигенција доаѓа во полн израз кога и покрај тоа што може да се дефокусира од учењето, правејќи си муабет, сепак ако е опкружена со добар студент, голема е можноста да остане сконцентрирана. Родителите секогаш треба да ја наградуваат со пофални зборови, кои се разбира добро им влијаат и го поткренуваат нивното морално ниво.

    Скорпија

    Секоја дилема може да биде разрешена од скорпијата која сака да навлезе во суштината на материјата. Не ги привлекуваат површни задачи кои во себе не содржат никаква поента, т.е тоа не го задржува нивното внимание. За да останат фокусирани, на скорпиите им треба квалитетен тутор на кои му веруваат и го почитуваат.

    Стрелец

    Најдобриот професор во астрологијата е стрелецот. Тој ќе остане мотивиран доколку паралелно додека учи им помага на другите колеги, објаснувајќи им за да ја сфатат материјата. Додека тој учи, учат и другите околу него. Така стрелецот си помага себеси, па поради тоа поквалитетно и побрзо ја совладува материјата.

    Јарец

    Јарецот е сериозен и практикува концизен план додека учи. Родителите најдобро ќе му помогнат на тој начин што ќе му одредат време и место каде што ќе може целосно да му се посвети на науката. Прецизно поставените граници ќе направат овој знак да осознае што точно се очекува од него како студент.

    Водолија

    На најоргиналниот знак во зодијакот може да му претставува проблем секојдневното седнување пред отворена книга. Водолијата неможе да го задржи својот поглед така лесно врз едукативните материјали. Нејзините родители треба да смислат разни награди со кои ќе ја стумулираат за да не и се здосади. Само така неа ќе и биде интересно и ќе научи се што е потребно за да го положи испитот.

    Риби

    Првиот впечаток кој го остава чувствителната риба е дека повеќе мечтае, отколку што реално ги исполнува задачите за на факултет. Но, ако има добар распоред на време, таа се ќе научи во дадениот рок и ќе резултира со успех. Неа исто така не и пречи да слуша музика додека учи.
     
    На Cacy и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.463
    Допаѓања:
    7.819
    Пол:
    Женски
    КАКО ХОРОКОПСКИТЕ ЗНАЦИ СЕ СПРАВУВААТ СО УЧЕЊЕТО И ИСПИТИТЕ

    Јарец

    Јарецот е сериозен и практикува концизен план додека учи. Родителите најдобро ќе му помогнат на тој начин што ќе му одредат време и место каде што ќе може целосно да му се посвети на науката. Прецизно поставените граници ќе направат овој знак да осознае што точно се очекува од него како студент.


    Јас редовно учам и ако ми заостане материјал ме фаќа паника :tmi: :tmi: :tmi:
     
  3. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    620
    Допаѓања:
    2.366
    Пол:
    Женски
    КАКО ХОРОКОПСКИТЕ ЗНАЦИ СЕ СПРАВУВААТ СО УЧЕЊЕТО И ИСПИТИТЕ



    Истото ќе го напишев.
    Една лекциичка да ми заостанува а веќе била предадена наредната, веднаш паника ме фаќа.
    Како да ми летнало времето и нема веќе враќање назад :D
     
  4. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.153
    Допаѓања:
    5.706
    Пол:
    Женски
    КАКО ХОРОКОПСКИТЕ ЗНАЦИ СЕ СПРАВУВААТ СО УЧЕЊЕТО И ИСПИТИТЕ

    А дали бива малку јас да изменам, како би изгледало тоа во мојов случај.
    Стрелецот не се замара за учење. Не учи редовно, учи вечерта пред испит и по некое чудо се положува. Пред да седне да учи секогаш му се преодува во ВЦ, баш тогаш му се прејадува, му се пие вода, тогаш и играта Соларитер е многу интересна. Тогаш се јавува најголема желба за читање на теми на Фемина кои инаку не ги чита, баш тогаш му се спие, и најбитното- Најмногу му се шета. Е така е кај мене моментално, утре имам колоквиум а јас се спремам за пола саат ке одам во Радовиш на шетња и на по една пастрмајлија. ]:)
     
  5. S-Sister.91

    S-Sister.91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    35
    КАКО ХОРОКОПСКИТЕ ЗНАЦИ СЕ СПРАВУВААТ СО УЧЕЊЕТО И ИСПИТИТЕ

    И јас сум јарец и моментално сум многу нервозна бидејќи сеуште немам научено а колоквиумите се од утре :( Инаку не учам реедовно по се ама положувам :D
     
  6. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.883
    КАКО ХОРОКОПСКИТЕ ЗНАЦИ СЕ СПРАВУВААТ СО УЧЕЊЕТО И ИСПИТИТЕ

    Ооооо јарче мило. :clap:
    За моите родители што ми одредувале дрн дрн јариња, тоа ај не би го сварила.
    Али би го сварила тоа што другите погоре го спомнале.
    Јас пример, дали како јарец или воопшто како некој индивидуалец, знам малце да се опуштам, и кога ќе ми дојде топло на газот, да се стегнам, да не знам кај се наоѓам, па да паничам као: „Лелеееее немам време, нема ништо да направам!“.
    Арно ама успевам, и гледам да не се препуштам многу на долгото спиење без кое не можам, ама затоа после си наплаќам, и ќе се изнаспијам после колоквиумската. ;)
     
  7. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    2.784
    Допаѓања:
    17.341
    Пол:
    Женски
    КАКО ХОРОКОПСКИТЕ ЗНАЦИ СЕ СПРАВУВААТ СО УЧЕЊЕТО И ИСПИТИТЕ

    Девица

    Девицата, истакнувајќи ја својата внимателност, трудољубивост и уредност сака совршено да си ја заврши својата обврска. Како резултат на тоа може и воопшто да не го учи предметот ако заклучи дека околу неа не е се така “розово” како што мисли и ако нешто не направи како што треба. Родителите треба да ја мотивираат давајќи и до знаење дека секој прави грешки и пред се да и влеат храброст и позитивна енергија за таа да ги реши сите проблеми.
    ТАЧНОООО!!!
     
  8. Tanjich

    Tanjich Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    64
    КАКО ХОРОКОПСКИТЕ ЗНАЦИ СЕ СПРАВУВААТ СО УЧЕЊЕТО И ИСПИТИТЕ

    Баш така хахах :) , многу мразам кога некој упорни ми збори како нема време и нема време |( :^)
     
  9. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.417
    КАКО ХОРОКОПСКИТЕ ЗНАЦИ СЕ СПРАВУВААТ СО УЧЕЊЕТО И ИСПИТИТЕ

    Знаев дека не ми штима нешто со знакот. Не е точно напишаново. Си се разочарав. :|
     
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    54.986
    Пол:
    Женски
    КАКО ХОРОКОПСКИТЕ ЗНАЦИ СЕ СПРАВУВААТ СО УЧЕЊЕТО И ИСПИТИТЕ

    Затоа учам преку ноќ :)
    Само тогаш кога сите спијат нема галама, не ѕвонат телефони, домофони, комшиите не пуштаат музика... само во мир и тишина можам целосно да се сконцентрирам и да учам. А кога „времето ме гази“ мене ме фаќа нервоза и сите ми се криви. И тоа не се однесува само на учењето, туку и кога насабајле мајка ми само се шутка по мене и ми кажува колку е саат. „7 и 1 минута Ана, ќе ти избега автобусот, ќе задоцниш на предавање“ |(
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MandyLane

    MandyLane Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    2.665
    Допаѓања:
    11.836
    Пол:
    Женски
    КАКО ХОРОКОПСКИТЕ ЗНАЦИ СЕ СПРАВУВААТ СО УЧЕЊЕТО И ИСПИТИТЕ

    Баш така,како јас да го имам напишано ова..
     
    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.332
    КАКО ХОРОКОПСКИТЕ ЗНАЦИ СЕ СПРАВУВААТ СО УЧЕЊЕТО И ИСПИТИТЕ

    Вага

    Позната како најдружељубива, меѓу сите хороскопски знаци на вагата не и претставува никаков проблем да биде во друштво додека учи. Нејзината интелигенција доаѓа во полн израз кога и покрај тоа што може да се дефокусира од учењето, правејќи си муабет, сепак ако е опкружена со добар студент, голема е можноста да остане сконцентрирана. Родителите секогаш треба да ја наградуваат со пофални зборови, кои се разбира добро им влијаат и го поткренуваат нивното морално ниво.


    Штом има нешто ново за учење ,јас сум хепи и едвај чекам да го совладам материјалот ( секако ,ако ме интересира , ако не - ќе гачкам ,ама пак ќе си научам ) и не ме занима дали сум сама или има 1 000 души околу мене .
    Знам да читнам ,да поразговарам ,пак да се вратам на материјата ,не ми е проблем .
    Секако ,освен ако не ме боли ***** за темите на разговор на луѓето околу мене можам да бидам крајно непријатна ,дури и злобна и да ги замолчам со еден страшен поглед . :D
     
  13. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.644
    КАКО ХОРОКОПСКИТЕ ЗНАЦИ СЕ СПРАВУВААТ СО УЧЕЊЕТО И ИСПИТИТЕ

    Е за ова, ама молим лепо, нека ми каснат од тртлестово ми газе ама не е точно.
    Не сум бавна, брзо учам, ако ми се учи доволно е еднаш да прочитам и да запомнам, ама ако ме мрзи, има да го џвакам со саати, а кога ме мрзи не ни учам, ама кога ќе седнам, седнато е, завршувам во најкус можен рок. За стабилноста е едино точно, ако нешто учам или го учам од почеток до крај, или книга не фаќам.
    Не ми треба мирна атмосфера, баш напротив подобро се концентрирам, кога имам галама, во тишина мозокот ми се релаксира и ми лета на сите страни.
    А како што сум инат, ако јас сум намислила да учам ма и на стадион и на концерт да сум, јас ќе си учам и мува нема да ме лази.

    Е што мрзам некој да ми звоца дека каснам, мрзам, ама па зарем има некој кој не го нервира тоа?
     
  14. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    269
    КАКО ХОРОКОПСКИТЕ ЗНАЦИ СЕ СПРАВУВААТ СО УЧЕЊЕТО И ИСПИТИТЕ

    ova e vo pravooo do nekade :))
     
  15. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.658
    КАКО ХОРОКОПСКИТЕ ЗНАЦИ СЕ СПРАВУВААТ СО УЧЕЊЕТО И ИСПИТИТЕ

    Потпишувам.
     
    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.637
    КАКО ХОРОКОПСКИТЕ ЗНАЦИ СЕ СПРАВУВААТ СО УЧЕЊЕТО И ИСПИТИТЕ

    Болно точно е! И не само што мечтаам како сум ја завршила задачата, туку мечтаам и за добриот исход од тоа...
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    КАКО ХОРОКОПСКИТЕ ЗНАЦИ СЕ СПРАВУВААТ СО УЧЕЊЕТО И ИСПИТИТЕ

    Точно е ова болдираното :)
     
  18. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    5.960
    КАКО ХОРОКОПСКИТЕ ЗНАЦИ СЕ СПРАВУВААТ СО УЧЕЊЕТО И ИСПИТИТЕ

    А зошто мора насловот да е со caps lock? Се чувствувам како да ми се дере некој додека го читам.

    Он топик- За шкорпијата можам да потврдам дека има доста погодено, особено во делот дека од тутор кој го почитуваат многу можат да научат. И површинските теми не ги интересираат.
     
  19. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.327
    КАКО ХОРОКОПСКИТЕ ЗНАЦИ СЕ СПРАВУВААТ СО УЧЕЊЕТО И ИСПИТИТЕ

    Лав

    Високо крената глава и победнички поглед е одлика на цврстите лавови.Првото нешто кое ќе ги мотивира е почитувањето и признавањето на талентот кој го поседува. Ако останат фокусирани на своите успеси, веднаш им се зголемува желбата за создавање на нов успех и несомнено ќе ги редат еден по друг. Нив би им годел систем за наградување за успешно положениот испит.

    Баш така, особено последната реченица. После секоја колоквиумска празнам новчаник, да се наградам :)
     
  20. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.603
    КАКО ХОРОКОПСКИТЕ ЗНАЦИ СЕ СПРАВУВААТ СО УЧЕЊЕТО И ИСПИТИТЕ

    Риби

    Првиот впечаток кој го остава чувствителната риба е дека повеќе мечтае, отколку што реално ги исполнува задачите за на факултет. Но, ако има добар распоред на време, таа се ќе научи во дадениот рок и ќе резултира со успех. Неа исто така не и пречи да слуша музика додека учи.



    Ме зачуди колку е вистина :o
     
    На Princess.S му/ѝ се допаѓа ова.