Гледам никој не пишува на темава. Зошто бе, многу интересна серија Да не знае некој кога Касл ќе ја запроси Бекет, дали она ќе прифати? Неможам да ја чекам наредната епизода
^^ па немасе за тоа..на фокс или фокс лифе нз на која беше ја гледав, ама ме нервира ја враќаат од ново. Во последно време ич не сум ја фатила на тв, немам време. Што се дешава после, прифати- не прифати, заедно се- не се ај кажи миии ? Ми се допаѓа серијава ептен, само уште време да имав.
Сигурно сакаш да ти кажам? Поинтересно е да гледаш Иначе не ја гледам јас на телевизија, си симнувам од интернет и си гледам.. Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=xuGKdMMTeUc
Ете види го линкот. После тоа многу интересни работи се случија. Спојлер По 3 епизоди Бекет ќе ја отпуштат од DC и ќе се врати во NYPD
Серијава некако без напнатости се до финалето на сезонава Јас очекував дека ова ќе биде последна епизода и знаете веќе како ќе заврши. Ама... Спојлер Нема шанса Касл да е мртов, сигурно се извлекол некако или ќе го спасат, нема да го има истиот шмек серијава без него.
Не е мртов бее, и онака тој е царот во целата серија. Да не е тој и неговите шеги и глупости не би ја гледала. Инаку, ја обожавам.
Серијава е една од позабавните криминалистички серии,ми беше гледана само 3 сезони,сега конечно и го фатив редот до крај Не е премногу комплицирана,има едноставни случаи,но мислам дека најголем удел врши актерската екипа. Касл е комедија човек,дефинитивно најоткачен лик,си го обожавам,има коментар за секоја ситуација.Малку ми беше чудна неговата соработка со полицијата и како толку време не се истренира пиштол барем да носи Би бил одличен детектив бидејќи е ептен искусен за разни дејствија и има „open mind" за поголемиот дел од работите,што го прави совршен за таа професија. Бекет ми е малку стегната,првите сезони ме нервираше бидејќи не знаеше што сака,ама се оправи после четврта.Инаку и таа е доста паметна,одлична полицајка и комплетно се надополнува со Касл. Имаат голема хемија глумциве,а всушност читав дека не се поднесувале надвор од камерите За последнава сезона,не верувам дека Касл е мртов,слично заврши и 5та сезона на White collar,па и таму сум со исто мислење,мора да го спасуваат некако,или лошо по нив. Се чека 29 Септември
Ќе си коментирам сама на темава,така ми стои Спојлер Навистина сум замислена каква е приказната за исчезнувањето на Касл,ептен чудно се издешаваа сите работи. Премногу ме изнервира понашањето на Еспо,го познава човекот 5 години,му помагал во разни ситуации и не му даде шанса да си каже,одма го осуди. Ај Еспо,ама и Бекет претера.Дали тоа што е полицајка ја прави толку сомничава за толку работи,иако станува збор за нејзиниот свршеник? Касл милион пати и има покажено каков е,човекот беше заљубен во неа 3 години пред да и ги признае чувствата,а кој знае колку пати си го има ризикувано животот за неа.Не верувам дека постои лик во серииве што ги следам што сака некој до таа мера колку што Касл ја сака Бекет. Инаку можно е како за крај, сезонава да има само 6 епизоди,таман да се венчаат и да се расчисти случајот.
Че матка сега цела сезона со то, нелим секоја сезона си има тема некоја, па одлучиле темата на ова да биди исчезнувањето.. Искрено без врска ми станува некако, не зна како да ја должа уште ама ај, секако се подоткажав некако после 4та сезона, па нека се радува малите..
^Најверојатно ова ќе им биде последна сезона,а мене пак 4та најинтересна ми беше,тогаш им почна романсата
На крајот на 4та бев збудалена скрос по серијава, одвај чекав 5та сезона да излези ама и јас кизнај шо очекував.. А мислам дека нема да биди ова последна сезона (за жал), рејтинзите се повисоки се, мислам дека че има уште една најмалце
Не ја гледам стално, само кога ќе ја затекнам на фокс, затоа што е еден меѓу ретките канали што ги гледам на телевизија, македонски не гледам, а серија спуштена на компјутер ми е обврска, а и во тој поглед сум многу тешка затоа што се случува ако гледам серија на компјутер да не потстанам со саати и во ден една сезона е изгледана, па ако не и 2-3, па затоа не си давам таква обврска - напорно е , а не ми се остава, посебно ако е нешто многу интересно. Застанав кај епизодата каде што Бекет ќе има ново момче и потоа Касл ќе замине на летување со исто така друга девојка, а создадени се Касл и Бекет за да бидат заедно. Обожавам крими серии.
Ја гледа ли некој новата сезона? Спојлер Првите две епизоди беа феноменални,барем за мене.Серијата после 5та ја изгуби акцијата,како и главната бек стори,ама сезонава мислам ќе има бајаги возбудливи епизоди. Можеби не требаше да го враќаат Бракен,ама барем конечно умре и нема да се појавува повеќе. Инаку гледам фановите ептен се револтирани после крајот на втората епизода,ама мене некако ми се допадна таа насока.Најпрво ме изнервира фактот што пак ја вратија Бекет на емоционално незрела страна,но како што стануваа епизодите досадни,вака можеби е подобро. И прилично сум уверена дека ќе ги смират најбрзо штом ќе се укаже шанса.Само не сакам Касл да ја моли овојпат,сакам да е лут.Бидејќи таа си замина со надеж дека тој ќе и прости на крајот од се,ама би требало Рик барем малце да и ја разруши таа самодоверба,да види дека не може да го ризикува бракот и тој секогаш да ја чека со раширени раце. Сите овие сезони,тој ја бркаше,и покажуваше љубов,а најбитно од се,комплетна доверба,па време е малку улогите да се сменат.
Спојлер Не беа лоши епизодите, ама некако досадна станува. Мило ми е што Алексис ја вметнаа во решавањето случаи, преубава ми е и има огромна харизма, а во исто време некоја невиност. Многу е слична со Bones некако, дека и таа ја загледав, па ми дојдоа две слични серии и сега и двете ќе ми се здосадат.
Жени, јaс јa прекинaв и тoa ми се чини нa пoлa сезoнa пред еднo време и сегa не знaм дo кaј сум, a сaкaм пaк дa и се врaтaм Ќе ви спoјлoвaм нештo нa штo се сеќaвaм пa aкo не ви е прoблем нa вaс штo јa гледaте дa ми кaжете oд кaде дa прoдoлжaм oд приликa. Спојлер Oд случaите ме знaм кoј се решaвaше aмa вo oднoс нa oвие двaјцaвa пoследнo мислaм декa ми беше кoгa Бекет се врaти oд Вaшингтoн или кaде и дa беше. Мa дa мислaм декa и пoсле тoa сум гледaлa aмa не мoжaм дa се сетaм нa друг детaл. И знaм декa веќе беa венчaни. Хелп сaмуaн?