Сакав да отворам тема за природната козметика Логана, бидејки е доста рекламирана и фалена во последно време. Кој користел некој производ од оваа козметика нека пише свој заклучок, колку е задоволен од купениот производ, која му е цената и сл.
Нема мислам веќе. Во Центар имаат продавница, ми има излезено на ФБ реклама. Ако добро се сеќавам ги имаше нивните производи и по аптеките.
Со 100% сигурност не можам да ти кажам, но претпоставувам дека најголеми шанси за такво нешто има ако отидеш во нивната продавница во Центар. Сепак ако таа продавница е сопственост на самите увозници, барем ќе знаат точни информации да ти дадат. Пиши Логона на кирилица на Google и ќе ти даде и бројче, па прашај си ги за секој случај да не одиш за џабе.