1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ЛШ - Лига на Шампиони

Дискусија во 'Спорт' започната од vendiii, 31 август 2012.

?

Сезона 2024-25

  1. PSG

    1 глас(а)
    14,3%
  2. Barcelona

    0 глас(а)
    0,0%
  3. Arsenal

    1 глас(а)
    14,3%
  4. Bayern

    1 глас(а)
    14,3%
  5. Real Madrid

    0 глас(а)
    0,0%
  6. Man City

    2 глас(а)
    28,6%
  7. Atlético Madrid

    2 глас(а)
    28,6%
  8. Dortmund

    0 глас(а)
    0,0%
  1. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Лигата на Шампионите најелитното фудбалско натпреварување ...



    Најдобрите клубови од Европа ќе си ги одмерат силите победникот го освојува трофејот и епитетот Најдобар клуб во Европа . Оваа година финалето ќе се одигра во Лондон на стадионот Вембли ...
    Актуелен шампион од минатата година е Англискиот клуб Челзи од Лондон . Кој успеа да го победи германскиот Баерн Минен на домашен терен Алијанц Арена .



    Tитулата ќе ја брани тимот на Челзи, пенал рулетот одлучи минатата сезона славеше против Баерн Минхен на пенали.. Тоа беше прва титула во историјата на Челзи, а најтрофејни екипи се Реал Мадрид со 9, Милан со 7 и Ливерпул со 5.. Вкупно 22 различни екипи ја освоено Лигата на Шампионите..
    Денес беше ждрепката која одлучи кој со кого ќе игра на тој начин да го бара местото во понатамошната фаза .

    Ждребот одлучи вака ...

    Што мислите кои се вашите прогнози и вашиот фаворит ?
     

    Прикачени фајлови:

  2. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Мислам дека Барса добро ќе се снајде, има искуство против сите екипи, и против сите има издвоено победа, без разлика дали било ЛШ, друго натпреварување, или пријателска утакмица, мислам дека без проблеми ќе ја пројдеме групава, а исто со нас мислам дека и Бенфика ќе оди натаму, третиот оди за Лига Европа, од нашава група јас мислам дека ќе оди Селтик...
    А нашава група со која ќе се вкрсти понатака? со група Х?

    Едит: Еве некое си мое видување за тоа кој ќе оди натака... ќе го ставам во сполјер кој сака нека види, ај баш да видиме колку ќе сум точна во проценките :lol:
    Од група А: Порто и ПСГ ќе одат понатаму...........а за Лига Европа ќе оди- Д.Киев
    Од група В: Арсенал и Шалке ќе одат понатаму....а за Лига Европа ќе оди- Олимпиакос
    Од група C: Милан и Малага ќе одат понатаму......а за Лига Европа ќе оди- Зенит
    Од група D: Р.Мадрид и М.Сити ќе одат понатаму..а за Лига Европа ќе оди- Дортмунд
    Од група Е: Челзи и Јувентус ќе одат понатаму.....а за Лига Европа ќе оди- Шахтјор
    Од група F: Валенсија и Баерн ќе одат понатаму....а за Лига Европа ќе оди- Лил
    Од група G: Барса и Бенфика ќе одат понатаму......а за Лига Европа ќе оди- Селтик
    Од група H: M.Јунајтед и Брага ќе одат понатаму....а за Лига Европа ќе оди- Гвалатасарај
     
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Јас презадоволна, лесна група има Милан,и се надевам дека ќе помине без мајмунски работи, како во неделата до Сампдориа :devil:
    Среќна бројка, на титули, па ова година да ја збогатиме, само да се опамети Берлускони оти ништо не праиmе работа.
    Група Д жештоко ќе биде таму.
    Другите групи се онака, Ливерпул го нема, да се надеваме среќа ќе ни донесе тоа.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  4. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Реал е мој фаворит. Абе знаете, нема потреба да ви кажувам :D .

    А како што кажав и во другата тема, во најтешка група сме. Сити колку и да ги презирам имаат страшен тим, а и како да немаат на толку пари. Дортмунд за нијанса полесна задача ама ни тука нема отпишување. Е Ајакс не би требало да изненади. Не очекувам сите бодови како онаа година, ама прво место во група очекувам. Не сакам ни да помислам на испаѓање или ЛЕ.

    Барселона, Милан и Манчестер најлесни групи, особено Барселона. Челзи со Јувентус, би сакала да ги поразат Јувентус ама реално се непредвидливи. Со овие другите две не би требало да има потешкотии.

    Да се надеваме на добра и интересна Лига на Шампиони и да си ја земеме конечно јубилејната титула, ја чекаме веќе деценија и повеќе.

    А Хипстер Ливерпул ги нема веќе одаамна во ЛШ, дури и заборавија како изгледа тоа.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    ^ Ма да дае господ никад да не заиграат во лига на шампиони, никогаш повеќе :devil:
    Си имам јас големи фрустрации од нив, и и тоа дете, 12-13 годишно :(
    А како се вкрстуваат групите после тоа, знаете?
     
  6. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    ^

    Како тргнала работа, за опстанок во ПЛ ќе се борат а не за ЛШ :D . Да не бегам оф.

    Само првите две места од групите продолжуваат понатаму и се повторно влече ждрепка за дуели во осмина-финале. Третото место во групите одат во ЛЕ, четвртите отпаѓаат.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Пак ждрепка, зш бе јас мислев дека се вкрстуваат групите некако :?: ...
     
  8. GazdataodParencoJR

    GazdataodParencoJR Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    40
    Се влече кој пар со кој друг пар ќе вкрсти во четврт финалето, затоа што во осмина играат 1ви од група А со 2ри од група Б итн .. :)
     
    На Marbella му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Групата на Реал на изглед тешка но тоа ништо не значи.Еве пример лани Јунајтед се мислеше дека ке заврши прв а заврши трет.

    Е овој пат нема така :D Ке навивам за Јунајтед и за Реал па ако не освои едниот нека освои другиот.Ке ми биде мило и Фарса да испадне порано и да не стигне до самиот финиш.Сакам и Англиските екипи со исклучок на Шити да стигнат далеку па ке видиме како ке испаднат работите.
     
  10. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Абе точно дека не може предвреме никој тим да се отпишува. Еве, пример од минатата година кога многу екипи за кои не се очекуваше продолжија дури до четврт-финале. Не мора да значи дека овие поголемите клубови сите ќе продолжат а послабите ќе отпаднат. Ќе има изненадување сигурно. Туку вака гледано, на хартија Реал има најтешка група. А што ќе испадне од сето тоа останува да видеме.

    Ако треба да бирам тимови кои би сакала да отпаднат уште во групна фаза тоа се Сити и Јувентус. И би сакала да продолжат воглавно повеќето поголеми тимови за да има поинтересни дуели ама којзнае :?: .

    Инаку збунка за ова :tmi:. Да, во осмина финале играат првите од една група со вторите од друга а за четврт финале има ждрепка :) .
     
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Милан и Барса баш лесни групи имаат. Реал изгор уфф (морам да напоменам дека очекувам Борусија Дортмунд да продолжи, и Реал Мадрид. Сити да се бори во Лига Европа). Група А ми е најнепозната значи за мене и најдосадна, нит сум ги гледала тимовиве како играат нит ништо, само статистички, делува најлесна, ама не мора да значи. Од таму типувам на ПСЖ, ете по нив и Порто. И Арсенал е во тешка група. Ќе видиме.
     
  12. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Mоите фаворити се Челзи и Pеал, as always. ;)
    Mоре фала богу што Лион ги нема во групата на Pеал, речиси секоја можна година играат со нив, дали во група, дали после во осмина финале, аман веќе од нив.
    Bо група A, се надевам дека Порто ќе биде на челна позиција, и дај боже Псж да биде наполнет од сите, ми се одмилува за сва времена клубов, козата дома да си појде. :D

    Bо Б групава, французиве се незгодни, Mонтепеље не се баш слаби, Aрсенал ми е превртлив тим и тука ми е возможно свашта, а Oлимпијакос мислам дека ќе биде најслаб во групава.

    Kај Mилановци, групата им е боза лесна, уште да не бидат први ќе им се смеам, ама добро сега ќе се вадите дека никад не се зна, ама од групава и тоа се очекува, ќе биде срамота Mилан да не биде прв во групава, Mалага не ни памтам дека некогаш играла во ЛШ, 3енит и Aндерлехт не се којзнае какви тимови.

    Д групата е стварно статистички најјака, Cити не се за одбивање колку никој да не ги сака, германците исто така, последниве години Дортмунд е многу појак, Aјакс исто не е лош, полни мрежи во Xоландија, така да многу тешко за Pеал, осеќам дека нема да биде многу уверлив, дај боже да сум грешка.

    Bо E групава, Челзи и Jувентус се фаворити, овие последниве не знам од кај се, Шведска, Данска, мислам дека прв пат играат во лигава, барем јас не сум ги видела никогаш да играат, Шахтјор се најјаки во Украина, така да не верувам дека ќе бидат многу слаби, даваат многу голови иако украинската лига не е којзнае колку јака.

    Баерн не би требало да има проблеми, Bаленсија е превртлива, не е константна, и не е ни многу јака, Лил може да е второ место, а Батево не го пратам многу, така да за второ место тука сите се во игра.

    Oд фарса се очекува да биде прва, а за второ место како и во претходнава група можат сите да се борат, ете Cпартак Mосква ми изгледаат како најслаби во групава.

    Mанчестер Jунајтед исто доби слаба група односно слаби противници, и искрено поима немам од овие тутуруткиве останати кој што ќе направи, може да бидат по исти редослед како што се напишани со таа разлика што Галатасарај може втори да бидат.
     
  13. Macedonian.Horse

    Macedonian.Horse Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    44


    Од Зенит Милан има да губи ко Грчка на времето :D Зенит ќе биде шампион оваа сезона во ЛШ.
     
  14. Macedonian.Horse

    Macedonian.Horse Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    44


    Милан нема лесна група од Зенит ќе губи 2 пати и од Малага можи 1 да изгуби :D а Барса од Спартак може да загуби, а во А групата Динамо Киев на Горан Попов ќе биде прв.
     
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^Аааа важи. Ај ќе видиме :rofl:
     
  16. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    А?Милан да изгуби од Малага?Милан? ај размисли уште еднаш. ;)
     
  17. GazdataodParencoJR

    GazdataodParencoJR Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    40
    Па има шанси .. Малага добро се засили, а со Ачерби и Констант не се игра лига на Шампиони. Но Зенит и Милан ќе си ја земат групата, а Малага ќе си оди во ЛЕ преку 3тото место ..

    2 МХ

    Горан Попов не игра повеќе во Динамо Киев, туку во премиерлигашот ВБА .. :)

    Барса нема да има пораз во групата...
     
  18. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Галијани: Во Италија можеме да ги победиме сите, но не и во ЛШ

    Потпретседателот на Милан, Адриано Галијани смета дека Милан не може да се натпреварува со Реал Мадрид и Барселона, кои што за него се клубови од друга планета.

    Шефот на италијанскиот вицешампион изјави дека „росонерите“ можат да ги победат сите клубови од Серија А, но работите во Лигата на Шампионите се многу поразлични.

    „Сметам дека можеме да ги победиме сите италијански клубови.Но, во Лигата на Шампионите работите се сосема поинакви.Многу е тешко да се победат Реал Мадрид и Барселона.Тие се клубови од друга планета“- изјави Галијани.

    Тој исто така ја коментираше и ситуацијата со младиот напаѓач на Милан, Алесандре Пато, и откри дека Бразилецот наскоро ќе се врати на терените.

    „Пато? Тој одлично се опоравува.Наскоро повторно ќе биде спремен за игра“.

    http://mkacmilan.wordpress.com/2012/09/ ... %B5%D0%B4/

    Ова е тоа за кое ја зборев прошлата сезона и тоа е таа моја логика што не беше сфатена тогаш. Се согласувам со Галијани, за жал тоа се уште е така.
     
  19. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Слабо слабо,ајде разбудете се :D
     
  20. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Утре Барса ми игра конечно не ќе морам со стримови да се тепам, се надевам ќе ја даваат оваа утакмица на Мтв, иначе ќе ги кољам :lol: ....
    А вечерва, :!: очекувам пораз на Реал !