Утакмицава Реал доминираат а Манчестер среќата ги послужи и одма гол .... Мислам на 3-1 дека ќе заврши али ако овие сречковциве продужат вака може и 2-2 .... Сакам Реал да испадне за да Манчестер го јаде од Барса после (Полесно им е против Манчестер него Реал )
Не можам бре, не можам да се помирам со нерешено кога требаше 1029893102323:1 за нас да биде. Првото полувреме беше совршенство од фудбал, се восхитував буквално колку одлични беа Реал. Второто може нешто побледо од јаката игра во првото, ама бре што малер ќе беа бре, да не се влезе во тоа проколнатиот гол. Среќлии беа Англичаниве, не знам колку среќа може да те прати цела утакмица. Ако ваков Манчестер не можевме да го победиме - од малку појак ќе изгубиме. Калински веќе од киксовите требаше дома да си појде уште на полувреме. Дали има поремечење мозга, ама Руни и Перси НЕ се близнаци, 6 пати ги помеша. АРБЕЛОА се вика фудбалерот од Реал.
Тешко да поминат Реал , ја ќе навивам за Манчестер оти Реал несмеат да освојат ЛШ така ќе бидат 10 титули и Ќе се одалечат уште повеќе од Милан
Кики уште еднаш покажа дека е класа, затоа што играше ко луд до последна минута и сам ги ствараше пола и повеќе акции, тоа што Де Геа денес беше Супермен беше друга работа. Одбрана крш, само ако Видиќ се врати за 2 недели тогаш нема да се пее иста песна на реванш. ГОЛОТ НА КИКИ БЕШЕ КЛАСА!!! Уште поголема класа беше што не се ни обиде да се израдува на голот. Покажа почит човекот. И кон навивачи, и кон клубот и кон Ферги, знае од кај дошол. http://www.youtube.com/watch?v=lkR09mGAcas Му простив за автоголот у тој момент.
Слабо темата луѓе, лани се полнеше за дуелите со Апоел и Цска, сега жива душа нема . Што да кажам, ако резултатот беше како и играта во прво, ќе ми беше мило. Вака, само ми е мака што на толку шанси едвај еден дадовме, а тие на шала на смеа се во подобра позиција моментално, иако реално ептен на среќа дадоа гол. Далеку беа послаби од нас! Де Геа ги спаси од пораз и тоа е. Непишано правило во фудбалот, пропуштените шанси се казнуваат. Се плашам да не бидат уште толку наплатени на Олд Трафорд. Што ќе биде во Англија, не знам и не сакам да коментирам. Огромен тест ќе биде, МОРА среќата да не послужи барем еднаш. Каков малер не бие, аман. Пепе влезе во игра, Руни излезе . Иф ју ноу ват ај мин. Роналдо блескав, Алонсо и Озил одлични, солидна одбрана, Бензема теле као увек. И така. АЛБРЕЛЕОА И Игуаин изведува корнер . А очи ќе му извади во 16-ник .
Реал играше и доминираше, а Манчестер дава гол Шала на страна убава утакмица, Реал многу поконкретен, со повеќе шанси, ама овој Де Геа се повампири, одбрани све што можеше да се одбрани Јас сум презадоволна од играта, па и резултатот не е така лош. Со ваква игра ептен оптимистички сум расположена за следниот дуел, плус ако се земе во предвид фактот дека на Кикица му лежи Олд Трафорд, обожава да игра на тој стадион Друго што ептен ми се бендиса е коректноста и почитта на играчите на двата тима кој скок човече Изјавата на Кикица "I have not celebrat the goal out of respect for a people who gave me a lot" Manchester United is a house in which I played six years and I got as a child. I have a special affection and I have not celebrate the goal out of respect for a people who gave me a lot," he said.
Cesc: "Gledat ću utakmicu Madrid - Manchester United, očekujem odličan meč. Teško je prognozirati tko će proći dalje, ali mislim da je Madrid superiorniji." ^Тhis :up: Накратко,Јунајтед дојде да се брани, некој гол од контра ако им се посреќи,евентуално од прекин... Апла Челзи,се имам изјаснето дека не сакам да гледам таков фудбал. Реал доминираше,и во посед и во шутеви и во све,ама барем јас најдобро знам дека тоа не го одлучува победникот. Манчестер беше оштетен со корнерот на крајот,мислам немаше смисла зошто не дозволија да се одигра тоа,али ај...Ван Перси требаше да добие втор жолт,игра со рака. Убав гол на Роналдо. Тоа е тоа.Убава уткамица,но очекував повеќе.
Страшно добра уткамца падна вчера, посебно интересна бидејќи и 2та тима ми се мојата златна 3ка. Мислам дека Манчестер беа појаки, од причина што играта се водеше 80% на нивна страна, добро беа поставени, одбрана феноменална, со многу помалку шанси за гол отколку Реал. Тие имаа шанси, и премногу среќа, ама наидоа на одличен отпор и затоа и беше тој резултат. Имаше возбудливи моменти, посебно оној при шансата на Манчестер со голот, при крајот на 2то полувреме, кога буквално на чекор од линијата за гол, играч на Реал им ја избаци надвор. Одлична утакмица, и едвај ја чекам втората на терен на Манчестер.
Тоа чуство кога само ти коментираш во Фудбал темите Бидејќи минатиот пат погодив 1/4 резултатите , за 1 гол ќе беше 3/4 Идеме друга рунда Arsenal 1 - 3 Bayern Munich FC Porto 2 - 0 Malaga AC Milan 2 - 3 Barcelona Galatasaray 1 - 1 Schalke
Еве и од мене Arsenal 1-2 Bayern Munich FC Porto 1-0 Malaga AC Milan 2-0 Barcelona Galatasaray 2-2 Schalke
Па обично треба чоколадо ова она , ама јас сакам да ме частиш пица со 2 L кока-кола... за тимот не за друго Вечер е Манчестер против Реал Ќе си навивам за Манчестер вечер оти Реал несмеат да земат титула во ЛШ , се надевам нема дома да изгубат како Барса Од друга страна Борусија ќе тепа 100% да видиме дали ќе погодиме нешто Manchester 4-2 Real Borussia 2-0 Shatjor Juventus 2-0 Celtic PSG 2-1 Valencia
Браво бе Јипи Еднаш да навиваш и ти за Манчестер...Ако тепаме еве јас честам пица Мада и двата тима ми се омилени но секако повеке кон Манчестер сум наклонета Типувам 3-1 Стрелци Перси,Руни Рафаел - Озил
Си ја врти Јипи, за кој како му одговара . Еднаш за Барселона, еднаш Манчестер, во некои дуели за Челзи, некогаш за некое чудо Реал го подржува . Се зезам. Јас луѓе имам чувство исто како со Баерн, финале пред финалето, се може да се случи. Не можам ама баш ништо да типувам. Hasta El Final, Vamos Real !
Ех, џабе пафтаа со рацете (Т)Рајан и Ферги, го збибери Лука. А Кики веќе ве запечати! Гооооооооооооллллллл! Леле славам!
За Борусија не се ни сомневав дека ќе растурат, мислам машинчиња се А за другиве, имав некое чувство дека Реал ќе победи и еве изгледа дека и така ќе биде Јипи, нема врска и да победат сега Реал, не значи дека ќе земат титула