Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ЛШ - Лига на Шампиони

Дискусија во 'Спорт' започната од vendiii, 31 август 2012.

?

Сезона 2024-25

  1. PSG

    2 глас(а)
    10,0%
  2. Barcelona

    1 глас(а)
    5,0%
  3. Arsenal

    3 глас(а)
    15,0%
  4. Bayern

    1 глас(а)
    5,0%
  5. Real Madrid

    3 глас(а)
    15,0%
  6. Man City

    4 глас(а)
    20,0%
  7. Atlético Madrid

    3 глас(а)
    15,0%
  8. Dortmund

    3 глас(а)
    15,0%
  1. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Во второ полувреме се препородија Реал, инаку не им бегаше пораз, си реков готово е. После црвениот веќе напаѓаа ко луди, Рамос вечно ќе го колнев ако изгубевме.

    Епа да видите како боли кога Клаутемберг избрка двајца од Челзи. Oва ми е вратка, задоволна сум. :)


    Прегорда сум на Реал, немам зборови како совршено ги совладаа и Барса и Ман.Ју.
    Диего Лопез пер-фек-тен!
     
  2. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Па има врска , сеа само Баерн можат да ги сопрат ....

    Вечер реално Манчестер ги имаа под контрола Реал се додека не падна црвениот , после тоа како муви без глави , а фаул беше али не за црвен , а судијата треба да знае што е дерби или класа меч и да не избрзува со црвените и пеналите..... реално црвенот не беше заслужен и незаслужено Реал отидоа напред.....


    *Изјавата на Мурињо , незаслуживме да победиме али тоа е фудбал


    и најважното од све
    [​IMG]
     
    На m2m2m2 и Dog-lover им се допаѓа ова.
  3. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Се слагам дека беше престрого досуден црвениот картон, се гледаше дека Нани немаше намера, но имаше високо крената нога и удар со отворена копачка во градите на Арбелоа и најверојатно заради тоа судијата се одлучи за црвен, мада требаше да му даде само жолт имајќи во предвид дека е нокаут фаза, а плус тоа и натпреврот беше доста коректен и од двете страни.
    Али тоа е :)

    И Кикица која душа е :inlove:
     
  4. Lozanoska

    Lozanoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2012
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    133
    Судијата го реши натпреварот...!!!!
     
  5. zapirka

    zapirka Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    21
    Hala Real Madrid :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
  6. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Клатенмберг, Веб, ги памтите? Памтете како Ливерпул непоштено загуби во почеток, како на Челзи му падна моралот за титула после срамен пораз?

    Сите, сите имаат право да се бунат за судии, фанови на Манчестер и Барселона никогаш. Можеби престрог црвен, ама не и баш неправеден. Ѓон во стомак, намера или не, тоа е опасна игра. Можеби поради важноста на мечот требаше жолт само ама во никој случај не е нешто измислено од судијата.

    и јас разбирам дека со исклучен играч е секогаш така, ама толку важна алка ви беше Нани па не мрднавте после негово исклучување? Ни В од ван Перси и другите не се виде, како муви без глави. Севкупно земано, Реал беше подобриот противник на двата меча.

    Рамос се спаси од тоа да стане трагичар од херој, во рок од три дена :). Лопес, Роналдо, Лука...мен оф д меч.

    Честито пролаз во четврт финале кралеви, иако за оваа ЛШ сум најголем песимист ќе видиме што ќе биде. Воедно среќен роденден на најдобриот клуб на светот. Подобра прослава, амин! :)

    [​IMG]
     
  7. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    weweeee ќути,баш е срцуфкичкецкуцка,го сакам највеќе значи највеќе луѓеееееееее мњааа!
     
  8. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Жалосен обид да се биде саркастичен :lol:
     
  9. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    Страшно е дури колку твоето "Кикирикица" мњацкање и срцуфкање има врска со фудбалот :D
     
  10. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Ако имаш некаков проблем СКРОЛАЈ бе човек ;)

    :)
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  11. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Абе нека го сакаат назад, ама дали некогаш ќе се врати :D. Јас би рекла никогаш :).


    И боже, како иритираат коментарите на оние што се за Гејчестер, дека Реал поминал незаслужено. Значи, ви исклучија играч океј, толку ли ќе плачете за тоа? И вака, кога ја гледаш одблиску сликата и оди накај црвен.
    Ај погледнете убаво, после се жалите само. Требаше на лице место да го остави, за да добие црвен? Во фудбал се казнува и намерата ;).
    [​IMG]


    Али тоа е, знаеме дека Until we score не се навикнати на таков третман, штета што Веб не судеше.
     
  12. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Веб и Клатембург додека го следам Јунајтед ако добро се секавам никогаш не направиле вакви пропусти ко овој синока...
    И Реал имаше пенал кој им беше недосуден исто и Јунајтед,само што црвениот картон јас не можам да го сфатам.Судијата го уништи натпреварот.Буквално.И двата тима имаа шанси но Реал имаше повеке срека,тоа е :)
    Читав изјава од играчи на Реал на твитер дека биле изненадени од црвениот картон а исто и Мурињо кажа дека подобриот тим не победи...Така да повеке ке слушам менаџер отколку навивачи на Реал...секако не очекувам да признаат :)

    на првиот натпревар немаше црвен на Варан над евра,тоа не се памети нели?
    Со срека Реал во следната фаза,друго не знам што да кажам...Браво и за Роналдо,што не го прослави голот.



    Инаку фергусон ја згреши формацијата.Да го стави велбек во игра а Руни на клупа е колапс...
     

    Прикачени фајлови:

    • redcard.jpg
      redcard.jpg
      Големина на фајлот:
      49,2 KB
      Прегледи:
      163
  13. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    А па сега нова форма на тешење е во тренд: Ако тренерот кажал дека е грешка, тогаш стварно е грешка, и мирно ќе се спие. |(
    Мурињо веќе одамна си се мести да дојде во Англија, не берете гајле, времето во Реал му е избројано, секако пак ќе дојде во Англија, само дали во Челзи или Манчестер, we will see. Искрено се надевам во Челзи, ама Ферги уште некоја сезона и ќе мора во пензија, па Мурињо се мести за наследник, жива радознала сум што му шепна Моу пред да заврши мечот.

    До црвениот, како што кажав, Реал беа очајни, се врткаа околу средина на терен, баш му искоментирав на татко ми, ко Барса да ја гледам.
    После им се крена морал, и веќе натака се е јасно.
    Дали биле зачудени, или дали Мурињо рекол дека послабиот победил, што е тоа битно, ме интересира тоа што се случуваше вчера на терен.
    Ама ствааааарно го отупеа фановиве на Манчестер, што треба да кажат клубовите од Англија?
    Манчестер и Барса кога се жалат на судии е еднакво на |( .
     
  14. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    се согласувам со јипи :clap: :clap: :clap: :clap:
    еве го мурињо
    http://www.youtube.com/watch?v=UzidJYq3ROc
     
  15. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Можеби бидејќи сите црвени картони ГИ ДАВАЛЕ НА ДРУГИТЕ ТИМОВИ КОЈ ИГРААТ ПРОТИВ ЈУНАЈТЕД :!:
    Пропусти милион сите во корист на Јунајтед

    Челзи се утепани од господ , толку од нив :P , сигурно у Манчестер ќе иде на печалба , таман и Роналдо ќе го земе со себе и ете ти 4та ЛШ титула , или 3та зависи како ќе поминат Реал со Германскиве екипи.
    Му шепнал вечер кај мене у 10 биди :lol:
     
    На Dog-lover и LilBaby им се допаѓа ова.
  16. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Мурињо многу лошо ќе постапи ако отиде во Манчестер, после толку почитување од страна на навивачите на Челзи нема да е фер.

    Нема потреба повеќе да се дискутира, црвениот не беше неоправдан, според сите правила имаше причина за црвен. Сега, тоа што некој судија е потолерантен, некој не е друга работа. Да не заборавиме дека Нани се тракавалкаше по земја по самиот прекршок, уште една причина ;).

    Покрај се, Реал да земе ЛШ оваа сезона е рамно на невозможно, барем за мене. Се надевам дека интуицијата ме лаже.

    Едит : Пеликуна, па зависи, секој гледа различно на тоа. Го теравме истиот муабет и за Перси, според тебе може е океј, според мене малку нефер. Го знаеме Абрамович каков е со тренерите, но јас реков поради навивачите. Но тој ќе си одлучи...
     
    На vendiii му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Работата не е дали и против оние кои играле Јунајтед делеле црвени картони...Туку тоа што овој картон го смени правецот на натпреварот а на првиот меч Варан не доби црвен...Јунајтед ја имаше играта,можеше и да остане со победата...Но познато е дека и судијата не сакал наводно англиски тимови... :)
    Нема што да кажам повеке,реал замина со победа со срека нека му е.
    И како што кажа Блак Свон зависи каков е судијата...
    Инаку Блак...кога веке зборуваме за преминувањето на Челзи во Јунајтед и почитта кон фановите дали и Мурињо имаше почит од Абрамович после неколкуте неуспеси а успеа на тимот да му донесе титула?
    Мислам дека тој муабет многу пати го имаме зборувано..
     
  18. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
  19. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Дечки дајте малку објективност и од наша страна.
    Точно дека црвениот картон го смени правецот на натпреварот.
    Точно дека Манчестер доминираше се до црвениот и имаше резултат што го носи понатака.
    Реално Реал немаше идеја првите 45 минути. Кружеше ко киша око Крагујевца без конкретна шанса за гол и со многу грешки на средината на теренот. Дајте да бидеме реални.
    Иако верувам дека и без црвениот картн Реал ќе постигнеше барем еден гол, ама сега не е наше да нагаѓаме шта би било кад би било.
    ФАКТ кој мораме да го признаеме е дека до црвениот картон Манчестер доминираше и заслужено водеше(иако ние им го дадовме голот :lol: )

    Е сега за црвениот картон. Глума од Арбелоа немаше, стартот иако беше ненамерен сепак беше опасен. Има многу вакви ситуации каде судиите свирнале црвен(Ибрахимович, па и врз Јанг мислам дека имаше сличен старт и го исклучија противничкиот играч) но има и такви каде што не свирнале ништо(кога ваков старт имаше врз Чаби Алонсо). Значи се останува на слободна проценка на судијата, но притисок од играчите на Реал врз судијата за црвениот немаше :!:

    Но од друга страна пак, се прашувам што ќе коментираа останатите навивачи(овде не мислам на Пеликуна) ако ваков старт направеше на пример Пепе? Дали тогаш воопшто и ќе се доведеше во прашање кредибилитетот на судијата? Или ќе беше по дифолт Пепе животното?!?
     
  20. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Пепе си е познат по тие стартови така да јас веке се навикнав ама да признаам бев срекна што не играше од самиот почеток.

    Руд Гулит: „Неверојатно лоша судиска одлука. Црвениот картон целосно го промени текот на натпрeварот“

    Мајкл Овен (во кариерата настапувал и за двата тима): „Разочаран сум поради тоа што судиската одлука ја прекрши средбата. Разбирам што судијата мислел, но одлуката е преостра“.

    Паоло Малдини: „Охохо, смешна судиска одлука. Зошто секогаш мора да се најде некој за да уништи добар натпревар?“

    Кевин Принс Боатенг: „Како за ова се добива црвен картон? Дали е сериозен? Тажно е кога некој ќе убие ваков натпревар“.

    Диди Хаман: „Јасно е дека не го виде Арбелоа, не сакаше Нани да стартува на него. Ова не е ниту за жолт“.

    Ентони Пилкингтон: „Зошто судиите секогаш мислат дека се главни ѕвезди на натпреварите? Овој кловн обожава црвени картони“.