Ауу, мизеријата од игра што ја прикажува Милан . Со ваква игра реално не заслужуваат напред, сосема спротивност од првиот меч. Тоа е, Барселона игра перфектно, што е право, право е. И јас нормално сакам да испаднат, ама со ваква игра тешко. Ако, ако ќе се сретнат пак со нас, за уште една лекција .
Браво Барселона, не се ни сомневав иако очекував 5-0 за Барса. Епа, кој прашуваше Меси где си? Нареден пат нека размисли пред да се обрука.
Ах бре Милан , ...и со Арсенал водеа 4-0 и за малце ќе зезнаа работа и едвај се извлекоа а сега со Барса мислеа истото и ете ти .... Ништо Чим Милан ми испадна остануваат Баерн Реал и Барса , еден од нив 3ца да победи во ЛШ финалето ..... се надевам тоа ќе биде Барса или Баерн ..... Фараонот не го видов денес на терен..... тоа е тоа честито следна фаза
Тоа е....искрено мислев дека Милан ќе се одбранат некако,ама баш и не покажаа некој јак автобус.Ни Јанг бее леле што шанса утна Барселона јако си играше,заслужено беше иако нејќев да одат понатаму.Ама кога ќе ми текне па Реал поминаа а и да ни се паднат Барселона што не верувам веќе ги научивме.
Е значи пресреќна сум,ма и повеќе од тоа.Толку викав по дома мислам дека и комшиите ги разбудив #Proud
Луѓево брзо забораваат дефинитивно. Не смее човеков да земе здив, одма коментари кај бил. Треба од време на време да ги шокира вака да се спуштат, послатко е дефинитивно.
Абе Милан беее...ко два различни тима да гледав,една игра таму сосема друга ваму Како ли само паднавте на тој медиумски притисок што го направија тоа е чудо.Многу лоша игра ама и многу несериозен пристап на Алегри Па каде бе човеку на сред Камп Ноу со тројца напаѓачи сакаш да надигруваш? Заслужена победа ама според мене,не и заслужен пласман. Се надевам веќе на следниот противник ке паднете
Тражили сте гледали сте! Не спуштија на земја, додуше не не спуштија не акнаа на земја. Заслужено, као принцови дошле во Барселона да се прошетаат. Последните 15 минути како муви без глави се растрчаа низ теренот, а претходно посед на топка 28%. РЕЗИЛ! Заслужена победа на Барса, честитки и со среќа во понатамошниот тек со натпреварите. За фер победи и натпревари секогаш пружена рака од мене. Милан.... преиспитај се малку, како може да има такви драстични падови во играта. Како е можна таа толкава неборбеност. Бар малку труд да вложите, бар малку ќе беше ок...
Што да кажам освен дека вечерва Милан беа мизерија. Лоша игра, всушност немаа никаква идеа. Пропуштена шанса за гол кој ќе значеше шанса, ако не и пласман за понатаму. Некни го видовме Милан во поинакво светло, блескаше. Вечерва слабо. Заслужена победа на Барса. Играа одлично, додека Милан беа како изгубени Германци. Ама да не ве чуди секогаш ја осеруваат на крај. Лани со Арсенал за влакно се извлекоа. Со Барса им се наплати. Имаа предност од 2:0, ама ни тоа неможеа да го одбранат. Лошо, неможев да гледам, срце ми се кинеше. Не ми беше толку тешко од резултатот и поразот, се разочарав од бедната игра на Милан.
Барселона тепа БЕЗ судии Крајот на светот маите се збуниле мора да мислеле на 2013 Честито победа каталонци . Заслужено , сосема доминантни , игра со акција да ти е мерак да ги гледаш . Да знаете јас не јадам мушмули само да хејтам што е реално е . Меси се врати сега може да здивнете , искрено жал ми е за Милан . Очигледно научиле како да се справат со автобуси Ај наредна година сега Реал нека му ја мисли .
Морам прво ова да го споделам Samo Baloteli može ispasti 2 puta u jednoj sezoni iz Lige Prvaka.... Честитки за каталонците, заслужена победа Не е лесно да се вратиш од два гола негатива, плус без судии Милан некако ко да се исплаши, многу несигурно влезе во натпреварот и тој рано примен гол им ја уништи самодовербата. Ќе беше подруго таа пречка да беше гол, тотално ќе го сменеше текот на натпреварот, ама тоа е.
Честитки до Барселона, до сите фанови, сосем заслужена победа. Светеа во секој поглед, и во нападот и во средниот дел... Па и во одбраната, иако одбрамбените фудбалери немаа голема работа. Алегри излезе со скроз погрешна тактика, промените што ги направи беа лоши, општо цел тим играше многу лошо. Гледам сите го криват Нијанг, детето не е криво што 10 други души се влечкаа по теренот и дозволија 4 гола да ни настегаат. Млад е, нозете му се тресеа. Сите беа збунети, дезориентирани, како само Шарави да го бараа, кој нажалост не може сам да се носи со цела Барса. Ова да им е за ум на управата на Милан, дека со ваков тим, со просечен тим (Бонера, Антонини, Робињо, Ночерино....) може Сиена, Палермо и Пескара да ги победиме, ама не и гиганти како Барса, Реал, Баерн, Манчестер... Ако сака добар тим, мора малку ќесето да го одврзе. Алегри успеа да ги надогради фудбалерите, ама млади се, им треба време. Успеа од комплетно уништен Милан да направи тим кој се бори за 2 место во Серија А. Може ќе успее да направи и добар тим за ЛШ. Нема што да ми е мака, мака ми е кога Барса со судии тепаат, овој пат си беше сосем заслужено. Немам веќе за кого да навивам, од сега натаму ќе бидам неутрална, али сепак не би сакала Барса да земе титула. Тоа е тоа, повеќе среќа следен пат.
Еј вакви слики друг пат ставај во спојлер па може и со напомена, кој има добар желудник, а не јас мекица јадев и си читам во темава и оп ми се одјаде Победата е слатка, да, ама уште послатка кога ќе му се затне устата на непријателот.
Дури сега го гледам, ајм сори Ево Пица и Кока-Кола од мене, а за вечерва пак ако си во право-пак частење И сори на Офф Топик
И сега демек ако си покажала слика од кока кола и пица си ме частела? , мојот стомак не се согласува со ова... anyway која логика на МТВ да ми ја даваат Малага наместо Баерн и Арсенал ..... демек по неизвесно било .... абе Арсенал кога ќе почнаат да напаѓаат има тамо 4-5 гола да паднат ...
баерн-арсенал..јакоо ќее ајдее уште 45 минн..... ств неизвесно ќе е арсенал им бегаат на баерн за 1 гол разликаа тешкаа утакмицаа ќе е..... Спојлер ги обожавам 2та тимаа ама сепак мислам дека баерн ќе победи ....