исто и јас не очекував ама ете.. прекрасно одиграа Швајни,Ноер ( немаше многу работа вечерва ама сепак имаше критични ситуации ) Мартинез,Гомез,Рибери,Милер... Ајдеее одиме на следна победа.. сега чао од мене одам јас на раат да си поспијам сега едноставно ми ја разубавија вечерта
Јас така малку како збунета . Не знам што е подобро за ако Реал отиде во финале. Барселона како прочитан буквар ни стана, а на Баерн капа им симнувам за фудбалот кој го играт. Се надевам дека ќе им се истроши енергијата за финале, како и обично . Ама добро, да не се истрчуваме. Прво Дортмунд треба да го минеме. Ама поепско финале би било Реал-Баерн дефинитивно. Соочувство до фановите на Барселона . Зошто побогу оној Санчез уште е постојано прв состав ? И Алба е страшно гаден дечко own:
Тоа е тоа,јаки се ова Германциве нек си е*ат мајката машини не им се рамни,90 минути држат игра на ниво.Утре ќе биде интересно,се надевам Реал ке успее да се носи со овој притисок. Туку,кои идиотски грешки ги направија судиите,Баерн вечерва не само што ја заслужи оваа победа и следната требаше да им ја дадат! Очекувано (пре)добра игра од Баерн ама што е со одбраната на Барселона? -Катастрофа...очигледно
Да не одиме во крајности со муабетите дека се катастрофа, ама еве јас искрено никогаш ги немам видено во таква збрка растрчани низ терен буквално на сите страни без конкретна цел. Не знам која е причината за лошата форма, не може цело време да се потпираат на Меси, а крилата воопшто ги нема ни да му подадат топка. И покрај двата сомнителни гола (еден офсајд, а еден од фаул) можам само да ја признаам победата на Германците колку и да ги мразам како народ. Баерн е единствен тим што си го одржува стандардот сезонава без да скршне или потклекне. Heynckes: We're delighted about the victory, but there are still 90 minutes to go in Spain. We can enjoy today, but no more than that. Досега Барселона покажала дека може да излезе и од најтешките ситуации, покажа и на реваншот со Милан. Штета што сега правиме муабет за Шваби што нема да дозволат да губат со 5-0.
каков пенал бре луѓе? Па гледате ли воопшто? На успорената снимка убаво се виде дека воопшто немаше контакт. Инаку Борусија далеку подобра ова полувреме. Повеќе шанси, поконкретни шанси. Среќа направија грешка, па дадовме гол Ај да се надеваме дека во второ Реал ќе се поправи
Не беше пенал. А и не дека Реал па ич немаа шанси,само ај...овој голманов на Борусија им вреди инаку...
Аииии не ми се верува.Лелееееееее ми се стемни. Германско финале,супер. Е не можи само Роналдо да ги вади,другите играат ко муви без глава.
Ајде уште еден гол и ете ја нашата болка од вчера 4-1 Бравос за Германциве, растур ги направија Шпанциве, и иако не им бев некој фан, башка Барса си ги сакам, ама во финале ги сакам Германциве..
Се помиривме де готово. Левандовски парче направи утакмицава. Жално е да се каже дека ќе гледаме германско финале, за мене најмалку омилено. Пак нека му текне на Платини ждрепка за полуфинале да направи.
Страшно! Мизерен Реал и супериорен Дортмунд. Кој брз фудбал го играат германците, секоја чест Реал заедно со Барса ќе можат да си се договорат и заедно да си гледаат германско финале. А ја ич неќев германско финале, сакав мешано, ама шта је ту је Ај догодина пак ќе си идеме по 10 тата титула