Jaс мислев Јуве лошо пројде. Али коа видов што се случи со шпанскиве фаворити,си викам па добро е што ние на 2 пати ја јадевме порцијава што шпанциве ја јадеа у една утакмица
Јас..немам коментар . Гермациве растур направија, и мило ми е . Секоја година Барса и Реал се сметаат за финалисти и фаворити и секоја година пошетно киснат во полуфинале. Кој на крај се смее, најслатко се смее, во овој случај Германциве . Штета не гледав, ни синоќа, ни вечерва. Сакам Баерн да си ја лапне титулата, годинава заслужуваат. Адиос Барса, бај бај Реал .
Абе види вака, Реал и Барса барем до полуфинале, овие италијанските ни трага ни глас . Мала шала, мора и вие на нешто да се радувате . Јас не очекувам ништо од реваншот, може песимистички ама тоа е тоа. Не убија поштено!
Да, ама не се силеа од Милан дека ќе освојат ЛШ, ниту пак се прават најсилни. Милан со таков состав стигна до 3-та позиција во Калчото и до осминафинале во ЛШ. Реал и Барса со најдобрите играчи во светот се поразени со 4-0/1 . Не е ни за споредба .
Ето га почиње . Јуле тие најдобри играчи како ги разбирате вие. Машини кои ќе се уклучат и во секое време може да полнат било кој . Се зависи од формација, тактика итн. Значи ќе повторам по милионити пат затоа што Реал има едни до најдобрите играчи во светот не значи дека на секоја утакмица ќе си игра играчки со противниците, и ако изгуби се дават одма такви коментари толку и толку пари а сепак изгубиле . ЗНачи никад нема тоа да ми биде јасно. Како прво ако го пратите редовно Реал ќе знаете дека минатата вечер играше со таква поставеност на одбрана која прави најголеми киксови. Не дека и другото не беше мизерија, ама нели головите се примаат најмногу ради одбраната. Не ми е проблем, реметете, правите шали на сметка на Реал, заслужија фала богу . Ама со тие муабети шпанците биле исфорсирани, секоја година во полуфинале блаблабла ми се лоши. Па стигнете и другите бе до полуфинале, зошто не? Лани лесни екипи им се паѓале сега што? Милан секоја година си има некои проблеми, јбг никој не им е крив. Сепак со играта која ја покажа Борусија вчера тие заслужуваат да бидат финалисти.
Исфорсирани се Шпанците и точка . Исто како што Италијанците местат . Германциве се страшни и играат неверојатно добро. Од такви играчи се очекува да играат во такви битни натпревари, а не да растураат во натпревари со Осасуна или Сосиедад.
Дортмунд беа одлични,оваа година Германциве растур направија Иначе што да кажам за Реал,карма... Ама сепак сеуште не е се готово,да не биде накрај шпанско финале да гледаме, а ?
Нема што да се препукуваме, вистината се виде во последниве два дена. ЛШ е најдобро мерило за тоа. И може до утре сабајле да си се лажеме и негираме, да си бараме оправдувања, ама реалноста е друга. И Реал и Барса беа ставени во шише од германските екипи. И немаше да го напишам ова, ако Реал покажеше игра. Ама не покажа ништо синоќа, за жал. Играа ко раштимана банда, немаа решение, не направија една асална акција. Еднаш опасно не се заканија. И не е случајност, не е ни лош ден, едноставно толку можат. Реал сезонава играше 3 пати со Борусија. Двапати изгуби, еднаш извади нерешено. Борусија влезе ко аутсајдер, ама трипати убаво ни одржа лекција како се игра фудбал Искрено не верувам дека Реал ќе може да се врати од негативата. Дај Боже да ме побијат, мада се сомневам. Реал да даде 3 гола на Борусија, а да не прими ниту еден - СФ. Исто мислам и за Барса. Барса па треба 5 на Баерн да му даде. Аха, утре сабајле. На германциве им симнувам капа. Таков брз фудбал, такво играње со срце за тимот, ја одамна немам видено. Сосема заслужено во финале.
И јас да се вмешам малку Искрено кажано Германците растур направија, префектни акции, одлични додавања и сл. Иако сум за Барса и го почитувам клубот им симнувам капа и на Баерн и Борусија. Сепак, се сеќавате кога играа Милан vs Барса, на гости изгубија, затоа на домашен терен 4:0 Се надевам ќе биде вака и на 1-ви мај (тогаш има реванш Барса vs Баерн), иако ќе биде многу тешко 5 голови да се дадат на Баерн, добра одбрана имаат.
Ова ми е хит на денот, 100 пати го пуштив и пак ми е смешно. http://www.youtube.com/watch?v=v-lbNyRK4VU
На германците нормално дека им симнувам капа. Лекција за фудбал, секоја чест. Никогаш не ми биле одбивни, сум кажала стопати. Германскиот ми е еден од омилените фудбали, за разлика од италијанскиот на пример. Но германско финале не ми изгледа атрактивно, оти играат веќе заедно во лигата. Исто и шпанско не сакав, ама што е тука е. Барселона да мине, нема никакви теоретски шанси. Потребен е историски пресврт. За Реал има мали шанси, се зависи како ќе се постават од самиот почеток. Јас како фан секогаш ќе се надевам, и покрај најминимални шанси. Како што изјавил Касиљас треба да се изгине на терен, па сега и да не се помине барем да ги видам дека играат а не како изгубени кокошки вчера. Доколку Дортмунд ни одржи лекција уште еднаш, со среќа нека им е финале, и те како ќе го заслужат!
Не ми е јасно како можат навивачите на Барса да ги споредуваат Баерн и Милан.Викаат,еј Милан ги тепавме 4:0 се надеваме и сега ќе биде така со Баерн.Ало бе кој играчи ги има Милан кој Баерн,играта им е сосема различна.Тие да гледаат да не ги исплескаат и на домашен терен а да поминат тешко. Реал вчера катастрофа,никаква игра само еден гол на среќа,Борусија заслужено,ако не се подобриме сега во реваншот е не го заслужуваме финалето.
Да очекуваш Барса да им даде на Баерн 5 гола, е исто како да очекуваш дека Македонија ќе влезе во Еу. Не се бламирајте, тешко таа работа ќе ја видите. Си се покажа правото лице на Барса, ете нека се силат сеа. Не знаете колку ми и мило, зашто се усраа у гаќи против Милан кога победија вториот пат, како да којзнае што победа имаа, против најслабиот тим на Милан во историјата на постоењето. Тражили сте, гледајте, сакам и вторава утакмица да примат минимум 2-3 гола, ако не поише. Барен ми се фаворити од овие што останаа. И за крај
^ Никој не се бламира, се изјаснивме отприлика сите дека Германците се јаки и дека не очекуваме голем пресврт во среда.
Епа има и такви кои очекуваат пресврт, не викам конкретно ти, или некој на форумов дека напишал така, не ги прочитав сите коментари незнам што точно се пишувало. Јас само мислам дека навистина е ептен тешко, што би рекле Блгарите трудно. За Реал искрено не сакам да си одат дома, али и тука шансите се мали. Али ништо не се знае, чуда се случуваат.
Читам на фб каталонците веруваат во пресврт. Имало и поголеми гревчиња од нас, душички . Не, ајде да им ја покажеме силата на Шпанија на швабиве .
Искрено, навивам вечрева за Мадрид,се надевам дека ќе поминат во финале. It's not over yet,you Spain haters.......... Спојлер
Да се биде или не... Ќе грми вечер Бернабеу. На сите ни е голема желба да влеземе во финале ама ќе видеме што ќе се случи. http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... JSY3cU4bpk