колку што познавам на форумов има едно 5-6 навивачки ( сигурно има повеќе) кои одсекогаш навивале за Баерн.Кога не не познаваш,мислам дека не треба да критикуваш,може не биле активни останатите ( како на пример што сме јас,м2м2м2,Кетрин.Мун.....) ама одсекогаш навивале,на пример јас уште од кога почнав да пратам фудбал (на мои 7 год) навивам за Баерн,немам ништо против Барса,цело семејство навиваат за нив само јас сум исклучок Спојлер немој да мислиш дека те напаѓам или нешто слично,само си кажувам позз
Обавезно ќе го гледам финалето, Германците знаат да покажат добар фудбал. Мислам дека Баерн ќе победи, доста беа изненадувања оваа година во ЛШ
Вечерва обавезно гледам фудбал, турски серии и тие тракатанци не се признаваат. Има што да се гледа, јака утакмица. Би сакала Баерн да победат, ама сепак кој е подобар нека победи.
Ајде редно е да се скрши малерот, трета среќа годинава Мислам дека заслужува Баерн да победи и да не се подрекувам ама убаво предчувство имам До сега оваа сезона не ме излажа
Овие дефинитивно ќе играат пенали, ма да има уште до тогаш (ова додека да заврши па + две-три минутки, па два пати по 15 мин.) имам такво претчувство. Едит: Си го повлекувам мислењето. Манџукииииииииич, гооооооооол.. Голов како сервиран во тацна ако не го погодеше ќе беше стварно срамота.
Неможам да искажам колку сум среќна, не се опишува ова чуство заслужена победаа,бравоооооо поубав поклон на Јуп за заминување неможеа да му поклонат фантастичен натпреварр Отсекогаш биле шампиони во моите очи, а такви и ќе останат,ЗАСЕКОГAШ!!! БАЕРНННН
Честито баварци, сосема заслужено. Преубав фудбал се гледаше, дури сакав продолженија . Бев неутрална, немаше да ми биде криво и Дортмунд ако победеа. Малку жал ми падна за нив ама тоа е. На крајот плачење од радост, плачење од среќа...ете тоа го може само фудбалот. А тотален оф-топик, кога толку брзо мина цела година . Како вчера да ги гледав Баерн покриени со дресовите, а Челзи како слават.
Душииии најубавииии, пресреќна сум, редно беше ми се плаче од радост Се на се, преубаво финале, сосема заслужено на двете екипи, и нормално во ваков дуел нијанси одлучуваат Пресреќна сум Робен душиче, како плачеше
http://supersport.com.mk/index.php?opti ... &Itemid=90 Не би рекла дека на Меси му е овде местото за оваа сезона
Честитки за Баерн , ќе ми беше повеќе мило да тепаа Борусија бидејќи ова им е последен пат да стигнат до финале (следната сезона пола тим распродаден.) , па уште кога видов кој даде гол , најутепан од сите Робен секое финале трагичар сега најде да даде гол и асистенција .....
Утре Реал С-Шахтјор Манчестер У - Леверкузен Галатасарај- Реал Олимпијакос-ПСЖ Плзен-Манчестер С Баерн-ЦСК Москава :geek: Ќе биде интересно :geek: Спојлер пропуштив неколку утакмици сигурно