Ги посакувам Атлетико и Олимпијакос/МанЈу (ќе видиме утре) за противник на Челзи и Реал. Само никако меѓусебно.
Барселона - Атлетико Мадрид ПСЖ - Челзи Реал М. - Б.Дортмунд МанЈу - Б.Минхен Дуелите за четврт-финале.
Јас сум фан на Барселона и Манчестер. Тешко ќе им биде и на двата. Би сакал Барселона да помине, па да гледаме Ел Класико.
Ај една прогноза да дадам Барса-Атлетико: Атлетико може и да ги исфрли а ако ништо друго убаво ќе ги испотепа барсовци, многу се груби. ПСЖ-Челзи: Овде некако ми е изедначено, ама се надевам дека ПСЖ ќе оди понатака Реал-Дортмунд: Освен ако се случи некое чудо, инаку Реал ќе оди понатака. Борусија сезонава имаат многу проблеми со повреди, плус Левандовски не игра првиот натпревар. Да беше ланската Борусија друго ќе беше. Баерн-Манчестер: Моментално Манчестер се во мн слаба форма па мислам дека и овде би било чудо да оди понатака. Ама се е можно во фудбалот, можеби и ќе има изненадувања, ќе видиме.
Мене само ми гледа дека не го ни допре овде или ќора сум... изгледа ќора сум (уште линкот да се отвораше убо ќе беше ) Зборам за вториот жолт на Швајни инаку. Смешки.
Толку ми е криво што се изглупира онака вчера Луиз во стилот на Даниел Георгиевски. Често шутира од неизградена позиција, а и ако шутира упатува млаки удари, слободни кога ги изведува не се ни во рамки на гол. Па после третиот, надеж изгубив. Преочајна игра, и криво ми е затоа што можеа да им парираат. Белким дома ќе се стегнат. Поздрав до Југослав Костовски и компањонот негов за вчерашното коментирање. Греота е да гледаш ЛШ на МТВ со оние коментатори, за светското сега ќе бидат урнебес. * И се надевам на гол-два на Реал во гости и да им се честита полу-финале.
Барса-Атлетико:Уште ништо не е завршено ама за Атлетико добро е што дадоа гол во гости. Имаат голема шанса да поминат. Барселона ко Барселона секогаш има шанси за понатака. Манчестер-Баерн: Истата ситуација, Баерн има гол во гости, на хартија е фаворит уште да дадат голчиња и да не примат Би требало да е така пошто сега Манчестер не ќе може да ја игра пи*каската игра со автобус пред гол ако сака да оди понатаму мора да се отвори да напаѓа, оти мора гол да даде инаку и со 0-0 оди Баерн. Ќе видиме. Реал-Борусија: Многу ми е криво за Борусија сезонава, кај пола првотимци се повредени па уште за поголема несреќа и Левандовски суспендиран И покрај се не се скрија в гол и створија барем неколку добри шанси, можеа 1-2 гола да дадат ( )ама да беше Лева на местото од Миктаријан сигурно ќе дадеа, овој се плетка пред голот. Очекувам Лева да пукне некое голче на Вестфален, ама недоволно за полуфинале. ПСЖ-Челзи: Кој мерак ми се направи прво зашто не ги сакам челзи а од лани ПСЖ ми оставија убав впечаток, и второ го мразам Давид Луиз пошто е гнасен, се надевам следнава пак ќе си даде автогол А го замразив поради овај гнасен потег(од 0:30 натаму убаво се доловува гнасотијата ) http://www.youtube.com/watch?v=mWaef87w7Aw Едит: Поздрав до принцезата Руни, за Оскар е дефинитивно
ПСЖ си победи заслужено и заслужено ќе оди во полуфинале. Манчестер мислам дека ќе го помине Баерн. Руни игра во супер форма. На Баварците доста им беше. Реал нормално е дека ќе иде, ама до каде...до полуфинале би можел да иде, подалеку не. За Барса и Атлетико тешко е да се каже. Би сакал Барса да иде, ама и Атлетико се добри сезонава. Уиграни се, во форма се...не се знае.
Не ги сакам Манчестер ама колку сакам да ги поминат Баерн. И не знам зошто упорно ја викате кукавичка одбранбената игра, и јас како тактика не ја сакам ама кога играш со толку послаб состав од противникот успех е да се одбраниш. А и Баерн сакаат сите да им се отворат, буквално без одбрана да играт за да им трпат голчиња, не се ова третокласните тимови од Германија што ги полните по 5-6 гола. Барселона - Атлетико. Тука е неизвесно, сеедно ми е кој ќе мине, но ќе гледаме интересен реванш. Челзи - ПСЖ. И тука е неизвесно, очекувам Челзи да минат, но треба многу подобро издание да покажат. Дортмунд - Реал. Ќе треба чудо да мине Дортмунд, Реал минува мислам, се надевам и сакам. Не се истите Дортмунд од лани, но сепак ривенџ ис свит.
Ааааааааааааа луѓееееее, каква среќаааааааааа!!!!!!!!!! За попаметен коментар - утре!!! СЛАВАМ!!!!!!!!!!
Леле како се изнервирав..кога видов Борусија 2:0 леле си реков ај надеж има за продолжение можеби..кое продолжение-Реал тера натака како и господинот Мурињо... Пардон вака ама не ми се баш при срце ниту Реал Мадрид ниту Челзи Барса си е Барса Баерн си е Баерн исто како компиромис... компромис си е компиромис....
Борусијооооо Која игра значи, па и со втор тим растур прават малку само среќа им фалеше, штета. Криво ми е многу
Која среќа ја имаат овие реал. Најискрено не требаше да одат даље. Ама Челзи нема да ги поминат. Челзи - Атлетико / Челзи - Манчестер прогнозирам финале.
Сакам и јас да идат натаму ама многу тешко ќе биде. Ако тепаме ќе славам. Браво за Атлетико Мадрид сакам да ја избушииииии таа Барса т.е. Фарса глупава. Водат 1-0 за сега ќе биде 3-0 на крај јако напаѓаат.
Ќе речам, сиромашки Ман Јунајтед ќе останат без никаков трофеј оваа година А како изгледа нема ни да ги има воопшто во лига на шампиони догодин Спојлер
Сигурно ќе наместат Реал Мадрид - Атлетико Мадрид и Челзи - Баерн Минхен да се паднат аууууу ќе биде прејако. Ризична е друга комбинација може да има шпанско финале. Си знаат мафијашите од УЕФА и ФИФА како најдобро да профитираат и кои двојки да ги извлечат. Во петок е извлекувањето ќе видиме за брзо.