Двајцата бекови нема да им играат на Порто во реваншот. Ќе се враќа некој од повредените во Баерн предвреме?
Колку сме немале среќа. Да ни го извлечеа Баерн, ќе го решевме уште на првата средба. Ние се занимаваме со Проклетико.
Му реков вчера на татко ми, ако стават брз гол ќе има журки Се можело и со овие играчи значи ама тоа е Пеп-зошто да биде едноставно кога може да се искомплицира Жити логикава... Ова е тој германски стил, ова треба да го форсира, ама ај... Да не кукам, за радост е работава Туку кореографијата од вчера, топ Никогаш не се откажувај! Уште нешто бонус
Баерн вчера го уништија Порто нема што , бидете срекни го имате Пеп за тренер еден од најдобрите на сите времиња
Не можам да кажам дека ми е мило за Баерн, амa дека беше перформанс за почит, мора да се признае. Секако се очекуваше нивна победа, ама сигурен пласман уште на полувреме со шест голови од онаков состав... Ceга никому не му е чудно зошто се дрзнав предвреме да им честитам титула... ... Од ПСЖ подосаден и попредвидлив противник од као јаките екипи во нокаут фаза - нема. И се надевам конечно ќе се престане секоја година да се спомнуваат како некои си фаворити од сенка зашто не се никаков предизвик. Подобро да испаднеа од Челзи, па Челзи да се паднеше со Барса... Барем ќе ми причинуваше задоволство да гледам како Барса нив ги елиминира ... Не се замарам со Челзи, ама чисто да ја извадат веќе еднаш Барселона од уста и да увидат кој е кој. ... Вечерва сакам Реал да ги пие клоците и нека кршат глава сезонава со 0 титули.
Vecerva dragi moi feminki baram poddrska za Juventus koj mu gostuva na Monako blagodaram odnapred pozdrav do site koi ke ja dadat podrskata
Јас мислам дека немаше потреба судијата да го чека голот до 85-та минута, кога можеше црвениот за Арда, можеше и некој пенал, да завршеа Реал работа пред време. Замисли пак да не сакаше топката да влезе и да требаше да играат уште пола саат, ќе му се расипеше фризурата на Кристијано... или „недај боже“ по грешка да примеа некој гол од екипа со играч помалку, ептен срамота ќе беше... Добро, барем вечерва Марио Манџукиќ не се бунеше низ терен со раскрвавена аркада да им досадува. Страшна работа, значи.
3/4 погодени. Јас па си го сметав Атлетико за сигурен... а се држеа... штета... Кој ќе ги гледа протежираниве Спојлер копилиња Реал во полуфинале... Добро, јасно ми беше дека располагаат со повеќе индивидуален квалитет, ама што не постигнаа бе гол тогаш кога беа рамноправни по бројот на играчи ако толку заслужуваа да победат? И не сакам да напнувам за истото, ама треба навистина човек да е пристрасен или многу инаетлив за во она на Арда Туран да види прекршок за исклучување. А за Рамос што да се каже, многу мирен, награда за фер-плеј нека му дадат. Мене уште ме чуди што после некоја минута не им беше досуден и пенал некаков. Ај ќе беше и тоа најверојатно, ако затребаше -.- Како не им се падне сега Баерн во топ-форма, душа да им извади... *** Јуве ми е ОК, фино што се пласираа.
Реално Атлетико и Чоло сами си се победија, дел со грубите фаули што ги прават секогаш на граница за жолт, дел со тактиката. Пак вчера јас кажав и така беше, реков ако планира Атлетико да се брани цела утакмица, нема да успее. Зошто побогу одеа на таа тактика, го имаш Реал ослабен на спротивна страна, имаш тим за игра, тие се бранат. Епа тоа е сега, една шанса само створија. За вториот жолт на Арда, што знам, можеби и некој друг немаше да го досуди ама иаку немаше баш контакт стартот беше опасен со отворен ѓон. И сега сигурно ќе ја наместат ждребката за да се избегнат Барса и Реал, за демек Класико да биде во финале. Мрш таму, гнасотилоци ќе гледам во финале, се надевам нема да им успее намерата
Ако Пеп Гвардиола е циркузант тогаш мој најдобронамерен совет е да престанеш да гледаш фудбал и да почнеш да гледаш друг спорт, поздрав
Реал помина нечесно. Не беше фер исклучувањето на Арда Туран. Ниту па за жолт не беше, а каму ли за црвен. Атлетико незаслужено изгуби. Подобри беа. Во полуфинале сакам да се паднат Баерн - Барса и Јуве - Реал. А финале прогнозирам дека ќе бидат Барса со Јуве.
Комплексите зборуваат, тие циркузанти на чело со оваj мозокот им го истурија тоа време Не дека ја сум голем фан на Пеп ама реалноста е таа, џабе ќе си збориме од инат.
А што требаше да прави Чоло знаејќи ги можностите на составот кој го има на располагање наспроти составот со кој се соочува? Сериозно ова дека требало да тргнат во офанзива и да се отворат? Тоа само фан на Реал можеше да го посака зашто при таков потег оној Реал од вчера ќе ги наполнеше (за жал, моментално се уиграни откако се врати Родригез... и нема врска отсуства, некои од тие играчи беа кондиционо неподготвени, некои склони кон повреди, неопоравени, повеќе закочуваа). Додека вака, до 87-ма минута планот се покажуваше горе-долу успешен. Дури и со играч повеќе на Реал им требаа, колку, 10 минути да стигнат до погодок... Мене никој не може да ми гарантира дека Реал 100% ќе тепаа да не беше тој глупав непостоечки црвен картон. Она ретко кој би се нафатил да го суди, ама не, како што реков, да не случајно кралскиот клуб го пие срамот уште еднаш, па мора малку судијата да се вмеша. Денес ми е уште повеќе жал. Цврста екипа се Атлетико, а пред се паметно играат. Атлетико и Реал му доаѓа нешто како Давид и Голијат... А Реал освен што се пласираа во полуфинале, онаква победа не можат да сметаат за голема. Срамота е за тим од оној калибар да се вади при крај. И така сега на мртвите гарант утре ќе им се падне Јувентус и ќе имаат поголеми шанси за финале од која било друга екипа. Иако мене желба ми е полуфинале Ел Класико, Барса да им застане на патот до финале и да ги згази.
Некој вчера го гледал Кралскиот клуб во победничка форма и се изнервирал Мене не ми пречи тоа што Пеп Гвардиола е циркузант за да почнам да гледам друг спорт. Ти се молам немој со вакви небулози. Реал Мадрид има рекордни 32 титули во шпанската Primera Division и рекордни 10 во Лигата на Шампиони на УЕФА. Отсекогаш бил магнет и последна станица кон успехот за најдобрите светски фудбалери. Што е тоа од кое ние имаме комплекс?
не мислам да се карам, сите си имаме свои тимови и си ги бодриме, секој си има свои свакања за фудбалот но сите овде на темава ке се согласат дека Пеп Гвардиола е за почит а ако ти како фан на реал мадрид го нарекуваш циркузант Гвардиола тогаш ти како љубител/ка на фудбалот се нарекуваш себе си циркузант, поздрав