Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ЛШ - Лига на Шампиони

Дискусија во 'Спорт' започната од vendiii, 31 август 2012.

?

Сезона 2024-25

  1. PSG

    2 глас(а)
    10,0%
  2. Barcelona

    1 глас(а)
    5,0%
  3. Arsenal

    3 глас(а)
    15,0%
  4. Bayern

    1 глас(а)
    5,0%
  5. Real Madrid

    3 глас(а)
    15,0%
  6. Man City

    4 глас(а)
    20,0%
  7. Atlético Madrid

    3 глас(а)
    15,0%
  8. Dortmund

    3 глас(а)
    15,0%
  1. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Срамота со ова местење секоја година за класико во финале. Дај Боже и оваа година да не им успее :devil:
     
  2. veren

    veren Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.270
    не да беше местено апла местено беше не ги ни измеша топчињата директно извлече :)
     
  3. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Баерн Минхен - Барселона
    Реал Мадрид - Јувентус


    Ама реков јас дека на мртвите ќе им се падне Јувентус, нели реков... Уште кога беа познати четврт-финалистите знаев дека во полуфинале ќе налета Барса на Баерн (ако не знаев и претходно)... Со таа разлика што си мислев дека втората двојка ќе биде Атлетико-Јувентус, кога ете... победникот од мадридското дерби навистина игра со Јуве. И тогаш не ми беше толку криво што ќе имаме мали шанси за финале затоа што го немав Реал во пресметките... вака пак на нерви да гледам завршна фаза (wtf) ...
    ***

    @RainBow, ќе може да добиеме нова анкета на темава? Полуфиналистите се погоре.
     
    На veren му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Beauty*

    Beauty* Активен член

    Се зачлени на:
    14 март 2015
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    42
    Слободно престани да ме цитираш ако не мислиш да се караш. Ти да не си заљубен во Пеп што цело време го величиш и го браниш |(? Сликите беа смешни, ги постирав и дадов мислење за човекот кој од барселона направи актерска школа. Тоа е мој став и немаше потреба да ми се нафрлаш со лични навреди. Јас вас не ве навредував кога упаѓавте во фан-клубот на Реал да тресете глупости без причина. Ете ви го најдобриот тренер на светот кој толку го сакате, ви се падна на ждрепка, па вадете си ги очите сега :lol:
     
  5. veren

    veren Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.270
    Не сум ја заљубен у Пеп Гвардиола заљубен сум си у девојката :) а за Пеп Гвардиола ти кажав имаш нет читај и едуцирај се ке ти стане појасно , не те навредив никаде ама како сакаш свати си го тоа за цикузнат што го реков чиста вистина е тоа на тема фудбал, поздрав :)
     
  6. Beauty*

    Beauty* Активен член

    Се зачлени на:
    14 март 2015
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    42
    Но, продолжуваш да оставаш таков впечаток ако не си забележал. Поздрав :hai:
     
  7. veren

    veren Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.270
    ти ме цитираш не јас :), секое добро
     
  8. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Честито финале на Барселона уште од сега :| Робен пак се повреди само што се врати, Лева беше нокаутиран вечерва од голманот и ништо чудно да има потрес на мозокот... ко што тргнало сигурно до полуфиналето уште некој ќе рикне и така...
     
  9. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Јуве изгледа ќе зажали што не ставија барем уште еден гол зашто реално можеа и тоа не само еден, вака резултатов е отворен... А што се случуваше со одбранава од Реал побогу :?: дупки колку сакаш :|
    A вечер топ би било да се повтори истиот резултат од вчера 8-| 2-1 а уште поТоп би било обратно :emo:
    Само аман више доста е со повредиве, ДОСТА Е!
     
  10. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Туку, потресената фаца на Анчелоти при првиот гол на Јувe - priceless. Mу навалија флешбекови изгледа - Un maiale non può allenare :D
     
    На veren му/ѝ се допаѓа ова.
  11. veren

    veren Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.270
    Јувентус вчера одигра одлично штета што не погодија за 3-1 заслужена победа нема што ама ништо не може да се каже со сигурност реал дома игра моќно цели 90 минути, вечер сигурно ке гледаме добар фудбал и се надевам на отворена игра и многу голови

    FORZA BARCA!
     
    На sajonaramucaca му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Се потсмирив малку па да пишам импресии... Ај јас што се смирив, ама овие Баерн не знам како ќе се приберат :D Какви фацијални експресии, човече...
    Меси БОГОТ од Аргентина :bow::bow::bow:За неговиот талент веќе нема што да се зборува, а да не е познато, туку секоја чест на онаа мотивација и посветеност...
    А ич не бев оптимист, имав изгубено надеж, во прво полувреме што се изнапромашија, во второ не очекував ништо. Си викав готово е, дома ако не можат да ги победат, тогаш каде... Па и 1-0 немаше нешто посебно да ме расположи... Коа во последни 10 минути демолирани Баварците, уплакани ќе си одат назад сега :D. Добро, не дека беа толку лоши, 80 минути резултатот идеше во нивна полза, башка што без главните напаѓачи играа, 0-0 пак ги ставаше во поволна позиција... Ама Пеп некако слабо резервни варијанти... сепак е искусен тренер за се да става на една карта онака... Добро, тој си знае, т.е. не верувам дека знае, ама ич не ми е гајле :D
    Каталонија може да почнува да слави полека (waiting) ... Огромен стимул за реваншот и уште поголема надеж за финале... А кој очекуваше ваква убедливост пред неколку месеци ...
    Toa е Барса...VISCA!
     
    Последна измена: 6 мај 2015
    На veren му/ѝ се допаѓа ова.
  13. veren

    veren Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.270
    Кажав еднаш ке повторам пак секој кој го споредува МЕСИ со било кој друг во историјата на фудбалот е МЕНТАЛНО ОГРАНИЧЕНА ЛИЧНОСТ , поздрав до ноер ;), инаку финале БАРЦЕЛОНА сигурна, а за ЈУВЕ и реал ке видеме кој ке оди


    GRANDE BARCELONA GRANDE LEO #1
     
  14. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Не дека навивам за Барса, туку не гледам екипа што повеќе заслужи титула.
    До финале стигна преку победи над гиганти, останативе се влечеа во нокаут фазата со судиска помош.
    Баерн којзнае и Порто дали ќе го поминеше да играа двата бека кај Португалците (плус недосуден црвен за Ноер во 1. натпревар).
    Реал ништо не може ако не му исклучат играч на Атлетико за ситница.
    За Јуве не ми се веруваше колку му беше прогледано низ прсти на реваншот во Монако.

    Инаку Баерн годинава можеа да земат титула ко од шала... Да играа Робен и Рибери, ќе не свиткаа како сармички. Јас да бев нивен фан, на Пеп ќе му се лутев. На Камп Ноу капитулираат во последни 10-15 минути со три примени гола, на домашен терен примаат два, а 99% екипа составена од класа играчи. Не Барса, кој и да е од другата страна, што е многу е многу... Тој ако е врвен стратег за каков што важи, треба да има разработено повеќе планови, а не истите грешки да ги повторува, срамота е Баерн да губи 3-0 од било кого, а да не зборувам 3-1 од Порто.


    Вечер срцево ќе ми се наполни ако Јуве оди во финале, башка, Анчелоти да си го добие од кај што најмногу го боли :D ...
    Ама од друга страна :?:... крајот на сезонава плаче за едно Ел Класико...
     
  15. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Аооооо, Јуве во финале.
    Нема поместување часовници, играње до сабајле дури не даде Реал гол? Хехе чудно.
    Прасето да не го измачуваа лошите спомени од Јувентус :D... Тој е барем Италијанец, требаше да знае подобро...
    Како да признаам сега, жал ми е малку... Не за Реал, туку тапа утакмица на 6-ти Јуни, ќе нема некој жар. Ниту имаат традиција, ниту ривалство Барса и Јуве. Настрана тоа, предвидливо е, очекувам бавен Јувентус кој се труди да умртви игра, и титула за разиграна и напаѓачки расположена Барса, која па нема некој проблем да пробива бункери. Мене искрено, не би ми било криво и Јуве да освои по некоја случајност. Како и да е, непримамлива двојка, го чекав Реал да го бушиме во Берлин. Тоа е сеа, дај шта даш. А и како само можев да помислам дека Алегри ќе куртули од Барса :yawn:... И Кјелини од Суарез...
    ***
    Туку чиј блам е сега поголем, на Реал или на Баерн?
    На Реалчо, се подразбира, остана празен шкафот со титули годинава.
    Нека ги чуваат Гвардиола и Бејл и наредна сезона и ќе им тргне.
     
    Последна измена: 14 мај 2015
  16. veren

    veren Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.270
    Браво Јувентус , уметничко финале Јуве-Барса нека победи подобриот иако навивам за Барцелона, Јувентус е за респект и мило ми е за нив, поминаа преку сите препреки а колку само сите го сметаа за аутсајдери :)
     
  17. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Никаков блам не е да се испадне во полуфинале ЛШ.
    Инаку пак ништо од Ел гнасико и годинава :devil:
     
    На veren му/ѝ се допаѓа ова.
  18. viktorxD

    viktorxD Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    341
    Пол:
    Машки
    Barca osvojuva (GG WP )
     
  19. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Глупо е Ел Класико , Барса ќе си го тепа , вака со Јувентус ќе има битка до крајот .

    Браво и честитки за Јуве кој отидоа во финалето.
     
    На veren му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    ^^^ Изгубен куп од Дортмунд преку чудно изведени пенали. Премногу горе-долу убедливи порази за кратко време, Леверкузен, Аугсбург, Барса, Порто. Оние кои не го сакаат клубот, секако се ситат, не можеме сите нив да ги убедиме дека не е срамота за машинерија како Баерн. Не се чувствува хемија меѓу тренерот и играчите едноставно, две години е таму, а не знае како дишат. Ги нема и прочуениот германски менталитет и дисциплина. Ако за овој Баерн остварување е само Бундеслига... неа и без тренер можат да ја освојат.

    Не може да биде глупо Ел Класико кое Барса го тепа, капираш?

    Ја си викав само да не ми паднат Барса и Јуве во нокаут фаза, тоа се погоди финале... што најмалку очекував.
    Епа така, кога другите толку ги бива, ќе се досадувам во вин-вин ситуација.
     
    Последна измена: 14 мај 2015