Исто и мојата неуспешна.. Се разочарав ептен.. Гледам сега по Инстаграм оние што им е успешна и им љубоморам
Да бе,многу неуспешни имало ретко од тие кои што ги знам да има некој успешна,а сите аплицирале на друштво од 10 души едвај една успешна тоа е... Ограничен број,а плус и странци кој знае колку аплицирале...така да не сме единствени
И мојата е неуспешна. Од сите што ги знам дали има 2-3 на кои е успешна. Ќе излажам ако кажам дека не сум разочарана.
Леле каков натпревар беше тоа вечерва во Мадрид, дури и мене ми предизвика главоболка, напнато многу. Сега, имам желба само Реал да не освои и да се посрамоти, по можност. Другиве екипи ми се ОК, кој помалку, кој повеќе. @Ketchup, постави нова анкета. Реал, Баерн, Рома и Ливерпул се полуфиналисти.
Нема што да гласаме, се знае кој ќе биде шампион Се виде и лани колку е сатот, а еве и годинава. Да фрчат црвени на секоја утакмица. Тоа е, против мафија не се може!
Судијава тежок идиот.Не е достоен он да суди на една легенда како Буфон. Реал незаслужи да оди, особено не по овој фудбал вечерва што им го прикажа јуве. Ги посрамоти среде Мадрид.
Бидејќи мојот тим уште долго нема да види ЛШ , ќе си навивам за Ливерпул да стигнат барем до финале. Едноставно харизмата што ја има Клоп како тренер , играта на играчите ,особено нападот , ме тераат да навивам за нив на секоја утакмица. Не како некои што цела утакмица ги нема па кога ќе дадат гол од пенал ќе се радуваат као дебили. Ако гледам реално , мислам дека Реал ќе освојат , Барса беше лекот за нив ама бидејќи испадна , не верувам дека другиве екипи би имале некоја игра против Пеналдо и компанија.
Буфон треба казна да добие за глупостите шо ги изјавуваше после утакмица. Може да се лути само на одбраната шо дозволи Роналдо и Васкез у последна секунда сами да се пред него и на Бенатија шо го руши Васкез. Исто и на тренерот. На 0-3 и отепан Реал да не одиш да му дадеш четврти гол туку да чекаш продолженија. Не сфаќам зошто се повлече, требаше само истата игра да ја играат уште 10-15 минути верувам ќе дадеа гол. Дури и да примеа накај 75та пак ќе имаа време да нападнат, а ако дадеа порано за 0-4 Реал ќе требаше два да даде. Вака чекаа и се бранеа, а никако не им одговараа продолженија ппради тоа што претрчаа многу повеќе од Реал Пеналот си беше чист и иако Реал не ми е најомилен сакам третпат по ред да освојат. Не можат да изгубат двомеч од Ливерпул или Рома, едино со Баерн ќе биде тешка.