Едното финале пред финале заврши, вечерва и другото а потоа во реваншот ќе биде уште по неизвесно ако заврши и вечерва нерешено. Реал - Сити, како некогаш Ел Класико, ко со Барселона да играа. Сити притиска, пасови, посед, тики-така. Реал си чекаше од контра и им успеа. Дефинитивно Реал имаат цврста, воиграна и искусна одбрана, тие неколку поединци на Сити кои креираа шанси за гол речиси и да немаа многу можност да поминат, Халанд и да не беше забележлив речиси. На Етихад слично ќе биде, се надевам Сити ќе се пласира во финале, извонредно играат и атомски а башка Гвардиола игра фудбал баш мој стил за гледање, сето компјутерски подесено со поседот и додавањата. Сити е во трка за 3 трофеи, тешко, напорно, ама имаат потенцијал да освојат. Коректен беше резултатот сношти со Реал, 1-1, таман на Етихад ќе им е полесно. Вечерашниов натпревар ќе биде по интересен, во друга атмосфера, по друг дух некако, со класика, историја, традиција кои даваат чувство како во легендарните времиња, плус Италија е во прашање. На трибините ќе биде вистински спектакл и уживање. И вечерва нема да е поразлично од сношти, Милан повеќе ќе притиска со поседот, Интер катанаџо и позатворено, бар мене така ми изгледа. И двата клуба се во трка и за опстанок во ЛШ во Серие А, ги победија и двата римски клубови, Интер тука има предност. Серие А табелата стана не извесност сега, до крај ќе биде јако. Едвај го очекувам натпреваров вечер, вистински хит. @Stephen Amell cреќно вечер
И јас очекувам Сити да оди во финале. Ги сакам повеќе како клуб, од Реал. Како фан на Интер, се плашам за наредните 7 дена. Ако преживеам, добро ќе биде. Знам какви ѓубриња се Милан, ШТЕТА што Лацио на Леао не му ја скршија ногата. Во добра форма сме последните утакмици, вака лани да игравме, сигурно ќе освоевме Серие А. Љубоморна сум на сите што вечер со уживање ќе гледате, а не со стрес. Јас верувам во овој тим и знам дека МОЖЕМЕ ДО ФИНАЛЕ! Амала!
@Stephen Amell , што е ова? Молскавичен старт. Одма јако почнавте. Милан не знае каде се наоѓа. Како неспиени се.
Какво отварање на натпреваров, првите 10минути, вистинско миланско дерби, секоја чест, право уживање, за мене ова е финалето во ЛШ за оваа година Подобар натпревар и немало цела сезона со вакви придонеси и се што поседуваат овие два клуба од секој аспект не само спорт. Милан ништо не покажа, освен што има посед на топка. Интер издоминира првово, целосна контрола, слобода на терен, цврстина и корпулентност во секој поглед на теренот и одбрана и средина и напад, баш италијански црврсто без многу залетувања, браво. Секоја прилика ја користат, додавањата во контрите 90% успешни. На целава атмосфера од италијансково дерби, ми фали во моментов пица и лазањи
Под дерби не се подразбира само играта. Туку се она што го носи самиот натпревар. Атмосферата, навивачите, денот, лигата, историјата, популарноста и финесите.
Браво за Интер. Рано е уште да се збори, наредната недела ќе е одлучувачка. Не сакам да се радувам пред време, ама ни беше потребна оваа предност, и со уште подобар натпревар да се покажеме во Вторник. Милан вака да играте и во Вторник. Амала!
Честитки Бевте многу подобри во градското дерби. Со среќа против Реал или Сити. И да знаеш, ќе навивам за вас, оти сте ми симпатичен тим, а Сити ги мразам, секако од разбирливи причини. 2010 loading...
City osvojuva batka, inter dojde do finale oti ima lesni zdrepki porto benfica i milan ne igra ni so eden teškaš do sea ali zatoa ke go papa od City u finaleto
Најмило ми е прво што ги тепавме комшиките по четврти пат оваа година, со ниту еден примен гол. ОНАНА АЛАЛ ДА ТИ Е! Некој да ми кажеше дека ќе играме финале ЛШ, со Барса и Баерн во групна фаза, ќе му кажев дека не е добар.Докажавме дека можеме, иако многу не отпишаа одамна. Сега да се фокусираме во Серија А и се гледаме во Истанбул. ГОЛЕМ Е ОВОЈ ИНТЕР! Океј.
Честитки @Stephen Amell Заслужено, во двата натпревари Интер беше подобар во секој сегмент, целиот тим е корпулентен и искусен. Акциите на Милан највеќе одеа само преку Леао и тие неколку шанси што не ги искористија. Целава сезона во ЛШ се покажа Интер, вака така Инзаги после толку критики истурка далеку напред. Во Серие А го фати и ритамот за опстанок во ЛШ. Баш уште во групната фаза кога успеа да обезбеди 1/8 се гледаше потенцијал за успех, не беше толку изразлив, можеби тука е и среќата но сепак овај тим има квалитет, тие неколку поединци го носат напред. Интер го игра баш повеќе тој класичен италијански стил фудбал, затворено и на 2 гола Ако играте против Сити ќе мора да се отворите повеќе, Милан притискаше и Сити ќе притиска уште повеќе. А Реал со Анчелоти, класика италијанска Вечер уште еден мега-спектакл, ќе биде напнато на Етихад, се надевам Пеп ќе помине со Сити.
И јас навивам вечер за Сити, па во финалето нека победи подобриот. Задоволна сум јас и со финале, бидејќи не очекував групна фаза да поминеме, а не пак да дојдеме до финале. Интер се за мене шампиони. Многу го ругав Инзаги, признавам, ама Инзаги во ЛШ is something else. Сега да си обезбедиме топ 4 во лигата, да земеме купот и се гледаме во Истанбул (се надевам со Сити).
И официјално комплетирано е финалето за Истанбул 10.06.2023: ИНТЕР - МАНЧЕСТЕР СИТИ Се изнаигра Сити вечерва, како на тренинг. Гвардиола бог и батина за тики-така, бравоо Сити е и во трка за триплетата. Со ова темпо, тешко дека некој ќе ги запре. Секоја им чест за сезонава.