Страшен тим. Немаат слаба точка, буквално. Откога го пратија Кансело на позајмица и почна Пеп да игра со тројца назад, е скоро невозможно да им дадеш гол. А, и ако не им е денот во напад, ако Халанд го чуваат тројца, тука е Гундоган, Де Брујне, еве вечерва Бернардо Силва. Алварез, Фоден, Марез... Секогаш се тука да влезат од клупа и да сменат резултат. Нема тим кој не го убија тактички. Еве сега Реал го декласираа. Не ми е криво што од нив ја изгубивме титулата во ПЛ. Едноставно мелат се пред себе. Тешко, многу тешко ќе биде Интер да победи во финале, но Пеп, како Пеп, ако почне да експериментира и менува како секогаш, ништо чудно повторно да фејлне. Може катанаџо само да спречи ваков тим. Real Madrid completed a total of 13 passes in the first 15 minutes vs City. City completed 124. Страшно.
Кој и да победи, мило ќе ми биде. Сити ми е омилен клуб во Премиер лигата, а после ваква сезона го заслужуваат секој трофеј. Предобар тим, штета ќе биде ако не освојат. Интер, четири победи врз Милан во рок од 5 месеци, ми се помили од самото финале. Се надевам дека ги боли Милан поразот, такви ѓубриња од играчи и фанови никаде немам видено. Карма за лани. Секогаш би одбрала победа против Милан, отколку било која титула. Ниту еден примен гол. Отпишани бевме уште од групната фаза, а стигнавме до финале. Голем е овој Интер! Се надевам ќе гледаме финале со многу голови, секако и од двата тима. @TheFiend уште од Март предвиде кој ќе игра во финалето.
Били се гледаме наредната сезона во групна фаза. Како ќе заврши: Highlight на денот ми е: https://vm.tiktok.com/ZM2dEJR6x/ Manchester City? Haaland? Nobody!!!
Дојде и последниот натпревар кој сите љубители на фудбалот го исчекуваме секоја сезона, финалето во Лигата на Шампиони. Добро познати тимови со амбиција и желба да се искачат на врвот на Европа, Манчестер Сити и Интер. Кога е во прашање финале во ЛШ, Интер има предност со повеќе настапи, титули и уште една борба за четвртата титула во ЛШ. Додека Сити ќе се бори за својата прва едвај исчекувана титула во ЛШ и шанса за освојување на триплетата за да стане и официјално најдобар клуб за оваа сезона. Интер оваа пролет покажа стабилност и дојде до она што сите Интеристи го сакаа, финале во ЛШ, Копа Италија титула и високо позициониран во Серие А. Додека сезонава Сити издоминира на сите можни натпревари. Според целово ова, Сити највероватно ќе притиска со поседот и тики-така, а Интер преку "катанаџо" и контри ќе пробува да направи резултат, ама ќе видиме, Пеп против Јунајтед и не играше толку тики-така, повеќе класичен англиски фудбал. Кој ќе биде шампион на Европа? Сите прогнози се на страната на Манчестер Сити, но како што кажа Гвардиола, италијанска екипа на 0-0 постојано размислува како да победи. И двата тимови ми се извонрендни, вечерва навивам за Сити ради Гвардиола и ради тоа што сезонава издоминираа, инаку дефинитивно за Интер, клуб со голема историја, кој и да одcвои ќе ми биде мило, со заслуга и двата клубови дојдоа до ова финале. @Stephen Amell Среќно и издоминирајте на свој начин бидејќи и вие заслуживте
Нека победи подобриот. Сити моментално е најдобар тим, со најдобри играчи, ќе ни треба добра тактика да ги тепаме. Не го отпишувам Интер, бидејќи многу уште самиот старт не отпишаа во групната фаза. Ама знам дека овој тим може. Лаутаро да игра 90 минути, и Инзаги да не прави глупави измени (кои не коштаа многу поени во Серија А). Се надевам дека ќе почне со Лукаку и Лаутаро, бидејќи во последните натпревари покажаа дека можат да придонесат многу во играта. Онана да брани, се докажа дека е многу подобар од Самир. Ајде момци, да покажеме зошто отидовме во Истанбул. АМАЛА!!
Манчестер Сити и официјално шампион на Европа. Реално досадно финале. Сити не беше препознатлив по она што е, особено она што го покажа против Реал, повеќе би рекол имаа среќа. Интер повеќе покажа корпулентност, цврстина или со еден збор машки фудбал, класика италијанска. За мене овај човек е генијалец, секоја чест Им напиша историја на Сити. Овај човек покажа дека само со работа, работа и само работа и дисциплина се постигнува успехот. Цел натпревар беше амбициозен, перфекционист вистински, за на крај да остане смирен и да покаже почит
Сочуство до @Stephen Amell Заслуживте гол на крајот. Не затоа што претходно игравте, туку затоа што се разбудивте после примениот гол, а Сити не изигра ништо повеќе. Ќе беше поинтересно да има продолженија и пенали. Лукаку... Која појава... Толку имам да кажам. Гвардиола, сега откога освои се, може е време да замине од ПЛ, и да не остави и ние другиве тимови да видиме трофеј. Овака, со Халанд посебно, не е интересно веќе.
@Billy Idol ништо не изигра Сити повеќе од Интер. Направивме грешки кои не коштаа МНОГУ. Лукаку, втор пат не кошта трофеј. Абе ни 10 денари не би дала за него. Оди си во Челзи и не се враќај од таму. Покажавме дека можеме, против Сити, кој го има најдобрите играчи моментално и е најдобар тим. Го оставивме срцето на терен, ама ете.. сами си пресудивме за својата среќа. Барем 5-0 разлика да беше, и да дремевме на терен, ич немаше да ми биде криво. Честитки за Пеп и Сити, заслужено.