Многу ми е мило за Сити не дека ќе има поврат пари за шеиците конечно после толку дерење финансиски средства ( и така пливаат во пари и не се за жалење ама ич за вложувањата) туку дека се за еден чекор беа блиску до трофеј и конечно го земаа, а најмногу за Гвардиола дека им ги затна устите на сите дека овој трофеј најмногу го сакаа, а само тој не можеше да го освои...Честитки!
Ако земеме цела утакмица, заслуживте да е нерешено, точно, Сити ништо не изигра. Интер одлично се бранеше и чекаше шанса цел меч, Сити имаше иницијатива, ама без 100% шанса. Е после падна голот како што падна и цела концепција се сруши. Тука мислев дека толку ќе биде од Интер и за брзо ќе примат втор гол, зошто мора да се отворат. И, да, ќе се случеше за малку ако Фоден беше попрецизен. Но, Интер ги имаше подобрите шанси, и тоа 100%. Лукаку би го тепал со мокра крпа. Човекот е ходајуча несреќа. Како слон во продавница за стакло. Единствено за што не го кривам него, а верувам ќе поентираше беше оваа прилика кога Лаутаро исебичи. За ова со мокар чорап би го шамарел во соблекувална. https://www.tiktok.com/@mirni311/video/7243154911481842970? Гледам Пеп рекол Реал да се пази, ќе одел уште на 12 титули со Сити. Ако овој реши да остане во ПЛ уште 10 год, ќе биде поуспешен менаџер и од Венгер и од Фергусон. Највеќе што ќе ми фали е боцкањето на Кејт со Мика Ричардс. Најдобро фудбалско шоу, дефинитивно. https://www.tiktok.com/@cbssportsgolazo/video/7243117364949339438?
Групна фаза за оваа сезона во ЛШ @Stephen Amell Прилично лесна група, имате среќа, сега појачани плус има да се нижат победи Ете кој ќе одат во Белград, фановиве на Сити, ама колку се на број? @Billy Idol Па и вие имате слична среќа, не се за потценување но не се и на ниво некое. Група Ф дефинитивно најтешка, пекол. Имав претчуство дека ќе играме против англиски тим, Њукасл или Арсенал мислев, но сепак ќе се гостува на театарот на соништата. Ќе се измачи Баерн ако паркираат автобус Јунајтед. Другиве се лесен залак. Галатасарај е добра, донесе одлични играчи меѓутоа против Молде и не се покажа баш во најдобро светло.
Јас фудбалот реално го знам површно не сум се заинтересирал нешто многу за фудбал. Супер ми е кога ми е досадно да го гледам за да отепам малку од времето. Уплатив мали пари на некои утакмици и си зедов пари, ама за финалето лани како ме зафркнаа кога завршија нерешено Барселона и ми отидоа среќно земените 100 денари што ги вложив. Чисто сумљам дека Реал Мадрид ќе влезат во финале, ама за вистински шампион во фудбал ќе видиме кога ќе стигнат до крајот. И не вреди да се расправаме за фудбалот кога тоа е игра направена за казна на затвореници, а потоа е влезена како спортска дисциплина.
После 6 години пак во ЛШ. Не бев свесен дека толку време помина без да играме во најелитното натпреварување. Едвај чекам да ја слушнам химната на ЛШ на некој интернет стрим што касни 2 минути. А, и тоа потешко сега кога ги исклучија руските и украинските стримови. Групата што ни се падна, е реално ЛЕ група по квалитет, но далеку од тоа дека ова се несериозни противници. Севиља секогаш знае да изненади и да изигра тврд фудбал. Ги гледавме и во финалето со Сити каде беа тврд орев, и дури имаа шанси за победа. Со ПСВ минатата година игравме во ЛЕ и натпреварите воопшто не беа лесни. Дома иако доминиравме, победивме со 1-0, а на гости, иако не беше толку значајна за нас, можевме и повеќе од 2-0 да изгубиме. Крајно пргава екипа се и добро за нас е што го изгубија Чави Симонс. Ленс ми се енигма. Ги немам гледано. Реално, Арсенал се фаворити во групата и очекувам да се пласираат понатаму, ама утакмиците ќе бидат далеку од убедливи. Нема да ме изненади и втори да завршиме. Баерн, иако навидум има лесна група за пролаз, не може да се потцени никогаш жешкиот терен во Галата, како и ладното во Копенхаген. Данците секогаш знаеле да изненадат. Иако, ако тука некој извиси, тоа ќе биде Јунајтед. Сепак, прогнозирам Баерн и Јунајтед да одат понатаму. Интер може да се каже дека доби доста поволна група. Иако Бенфика не смее да се потцени. Реал Сосиедад е исто солиден тим. А и Салзбург се далеку од лоши. Ќе има тука интересни натпревари. Нема да му е толку лесно на Интер, иако очекувам со Бенфика да одат понатаму. Група Ф: Група на смртта. Тука се може да се случи. ПСЖ како што се во криза и ништо не е јасно таму, нема да ме чуди и да извисат. Редно е да отпаднат. Борусија Дортмунд, иако не е тоа што беше и годинава не се засилија најдобро, им давам најголеми шанси за да продолжат понатаму. Милан исто мислам дека ќе е следниот патник. Њукасл ќе им пркоси добро, ама не верувам да успее нешто повеќе. Сепак се дебитант. Другите групи горе-доле се предвидливи, ама во ЛШ ништо не се знае. За мене Сити и Баерн се најголеми фаворити. Не чека интересна година.
Mislam deka bez problem ke bideme 1vi u grupata, pa posle do deka ide do tamu, kako prva sezona u LŠ posle tolku godini
Не би бил толку сигурен, освен ако Артета не се посвети баш на ЛШ, што не очекувам. Имаме млад талентиран тим, ама недоволно искусен под притисок. Јас ќе бидам задоволен да поминеме. Тоа е најбитно. Сепак после 6 години се натпреваруваме, и против нас имаме противник како Севиља што е редовен учесник. И ПСВ кои се крајно незгодни. Не очекувам дека сите ќе ги победиме.
Супер група, можеше и полошо од ова. Мора да бидеме 1ви во групата, за натаму да ни е полесно. Се надевам дека нема да праеме некој големи киксови. Уствари го нема Лукаку, нема никакви киксови да праевеме. Група А: лесна група за Баерн, Јунајтед сигурно ќе се втори. Група Б: Севиља први, Арсенал се надевам дека ќе покажат добра игра, и по можност да играат против нас. @Billy Idol мора да гледаме натпревар Интер-Арсенал. Дали тоа конечно Севиља нема да играат Лига Европа? Група Ц: Реал први, Наполи втори. Група Д: покажавме лани дека можеме против Бенфика, се надевам Интер ќе ја искористи предноста и ќе се пласираат први. Добар тим имаме, можеме повеќе. Група Е: Атлетико ќе ја издоминира групава, последните натпревари баш добро играат. Група Ф (група на смртта): баш ми е кејф што *илан се падна во групава. Влегоа во ЛШ на ич не ферски начин (не дека на Ѓубрентус му е виновен некој што се криминалци). ПСЖ и Дортмунд ќе се пласираат. Група Г: жално за Србиве што се паднаа во тешка група. Сити фаворити. Група Х: Барса плачеа лани заради не доделени пенали, годинава им се падна лесна група. Порто ќе се втори за да играт со нас. @quattro и за вас баш лесна група. Нема да имаш никаква мака до Јануари. Супер групи вака гледано, лесно може да се претпостави кој се фаворити ама никогаш не се знае во фудбалот.
Берлин лани итоа како се надигруваше за титула, цела сезона беа извонредни. Еден период ни беше загрозена титулата баш од нив. За краток период станаа доста квалитетна екипа во Бундесот со оглед на тоа каде се натпреваруваа пред неколку сезони. Исто е и со Лајпциг. Тоа и треба на Бундеслига, да биде повеќе конкурентна, да не биде сведено само на Баерн и Дортмунд. А годинава баш и така ќе биде. Леверкузен, Лајпциг, Берлин, изградија одлични тимови. Леонардо Бонучи од Јуве во Унион Берлин. Тоа доволно говори дека се тргнати на сериозни планови.