Групната фаза комплетирана. Извлекувањето за 1/8 финале во понеделник. Ваши очекувања за понатаму? Баерн може со ПСВ Ајндховен, Порто, ПСЖ и дури три италијански тимови, Наполи, Лацио и Интернационале. @Stephen Amell нема да е лошо за еден спектакл на Алијанц и Џузепе Ама.. лани во групата и првиот 0-2 и вториот натпревар 2-0, типичен италијански резултат за Баерн Сигурно сега ако се падниме ќе сакате да ни вратите итоа со испаѓање на Баерн од ЛШ
@quattro од сите можни тимови, само со Сити, Баерн и Реал нејќам да играме. Би сакала со Арсенал, Атлетико или Дортмунд да играме осминафинале, евентуално Барса. Покажавме дека можеме против Барса, дури лани беа и во подобра форма. Интер си се сами виновни што не се пласираа први, да не имам главоболки до Понеделник, ама Интер си е Интер. Лани имавме среќа на секоја ждрепка, се надевам и годинава ќе не послужи среќа.
АТЛЕТИКООООО!!!!!! Можеше да ни се паднат Сити, Баерн, Дортмунд или Реал. Ајдее Интер, подобро од ова неможеше.
Гостување во Рим, па добро.. со оглед дека Лацио нее во никаква форма засега во Серие А, сношти изгубија од Интер дома, имаме шанси, особено ако играме динамично како сношти против Vfb. Ќе видиме и преодниов трансфер период што ќе донесат и Баерн и Лацио. Лацио нека не менува ништо за сега хаха. Најтешко на Баерн му било против италијаните, кога ќе се затворат тешко се стигало до гол, среќа Сари игра повеќе офанзива.
Како си го наместија ждребот фаворитите. Само Интер - Атлетико и Наполи - Барса се донекаде дербиња. Другиве сите имаат фаворит. Порто? Не е лошо. Секој од секого може да изгуби во ЛШ, посебно Арсенал кој е неискусен, ама тука се е во наши раце.
Ова се 1/4 финалистите за оваа година. Од овие, за нас само Барселона е идеално решение во моментов @Stephen Amell Што направи Интеер.. Во Италија моќно први и убедливи, во ЛШ влеговте со позитива 1-0 на крајот утнавте.. Ама реално Атлети е доста не згоден противник, дефанзивен и досаден фудбал ама имаат и среќа, пеналите секогаш се не извесни ама изгубивте и 2:1 во регуларен резултат. И ние имаме отпаѓано од Атлетико итоа во 1/2, али не мислев дека Интер ќе отпадни со овај квалитет што го поседува моментално за разлика од Атлетико кој е класа подолу од пред неколку сезони. Интер моментално е Бог и Батина за јорганџииве али ете..
Грешките и уморот си го направија своето.. Кога немаш напаѓач, тоа е. Не знам како Инзаги ги става да шутираат пенал Класен и Лаутаро. Класен не знае топка што е или голот кај се наоѓа. Го има Павар или Фратези, не знам зошто го избрал Класен да шутира пенал. Кога видов дека ќе шутира Лаутаро, знаев дека ќе утне. Не за џабе испадна Гризман, осети умор. Ама нашиот капитен ќе шутира. Или Тирам кај што промашува голема шанса. Не можам да кажам дека ми е мило и дека барем ќе се "фокусираме" во Серија А. Одиме на +30 и по втора ѕвездичка. Фудбал ќе гледам дури во Август. Оти не сме навикнати да губеме, ова стварно тешко ми дојде. Pazza Inter Amala!
Уффф, лоши мемории имаме со Баерн. Може е време за revenge? Arsenal in the Champions League this season: ◉= Fewest goals conceded (5) ◉ Fewest xGOT conceded (4.69) ◉= Most clean sheets (4) And they still haven't conceded at the Emirates. ⛔ @Stephen Amell , ај Баерн што е тешка, после идеме на Реал или Сити... Другата страна на ждрепката е полесна.
Можно е , можно е, таман сега како шо сме разнишани лево десно и немаме стабилен ритам. Ќе биде хит, ама тешко дека би се повторило она од пред неколку сезони (5-0), ќе бидеме задоволни и со 1-0 сега, надежта последна умира во Баерн, и нас и вас ќе ви биде тешко, можеби нас и повеќе со моменталнава ситуација во клубот.. Ајде ќе видиме. MiaSanMia Дали ќе беше Интер или Атлети, важно е дека Дортмунд ќе испадне по секоја цена
Абе за тебе знам дека е исто, дали е Атлетико, дали Интер. Прашај ме мене како ми беше, кога сами себе се саботиравме. Акооо.. ви требаше Сити на вас. Уствари чекај, ни Арсенал нема да го минете. @Billy Idol после 10 години, стварно сакав барем до финале да стасате. Ама ај, не дека ги немате тепано Сити. Баерн се ништо за вас. Им враќате 5-1.
Тешко ќе биде и за двата тима. Арсенал е тим кој нема доволно искуство во ЛШ. Повеќето играчи за прв пат се во ова натпреварување, и се осети тоа со Порто. Иако Порто не е тим за потценување, маестро изигра, со грда, никаква, терористичка игра можеше лесно да го елиминира Арсенал. Пенал рулетот има и доза на среќа. Баерн видовме дека е тим кој се мачи оваа сезона. Многу повреди на клучни играчи, други пак, не се толку во форма. Ранливи во одбрана со Упамекано и Даер, ама од друга страна искусни во ЛШ и знаат како да дадат 200% за да поминат понатаму. Плус, германски машини се, никогаш не се предаваат. Така да, @Stephen Amell воопшто не ни помислувам јас на финале. Доволно е да идеме чекор по чекор и да уживаме. Арсенал долго време не играше во ЛШ. А за прв пат е во 1/4 финале после 2010 година. Не знам зошто го гледаат како фаворит, можеби затоа што сме добри во ПЛ, иако двете натпреварувања немаат апсолутно никаква допирна точка. Во ЛШ, Арсенал е нај неискусна екипа од сите што поминаа. Па, кој и да ни се паднеше, ќе беше тешко. Нема лесни дуели во ЛШ. А, и не се знае кој ќе оди понатаму. Мулер и Каи Хавертц Админите може да ја сменат анкетата, па да се преброиме кој мислиме дека ќе победи.
Епа сега, никој не вие крив кога не знаете да пуцате пенали Чекааај, не не отпишувајте одма Има едно ЗЛАТНО (ех да имаше сега едно емоуџи кај шо се крсти) правило : Фудбалот е игра во која играат 22 играчи, се игра 90 минути, топката е округла ама на крајот секогаш победуваат г е р м а н ц и т е. Тоа и јас викам, за двата клубови ќе биде тешко. Арсенал го има не искуството и играње длабоко во ЛШ после добри долги години, а Баерн имa технички проблеми и не адеквантен ритам на кој не сме научени. И јас не очекувам нешто посебно, тој што ќе понуди подобар квалитет тој нека победи и оди во 1/2. Ама па.. од Арсенал да изгубиме не ми штима нешто хаха, да речиш Сити ај, лани се и сешто освоија, има повод тооор Тооомааас Мулааа фур ди фирунг геген Арсенал https://vm.tiktok.com/ZMMhuTPK8/ @Ketchup ајде админии