Баш ми е кејф што играме против Арсенал. @Billy Idol ќе преговарам со Калафиори, се гледаме во Милано.
Како е сега натпреварувањево? Кој со кого. Кој иде понатаму и како е форматов? Ништо не разбирам. Ни се знае кој пие, ни кој плаќа. Го американизираа фудбалот. Ама тоа не значи дека нема да се радувам ако се повтори резултатов на Џузепе Меаца.
Ми се допаѓа новиот формат, ќе ни треба повеќе време да сфатиме како ќе оди ама мислам дека сфатив, секој од шешир еден ќе игра со по двајца други од шешир 1, двајца од шешир 2, двајца од шешир 3 и двајца од шешир 4. Наместо групи, се бираат противници на шеширот 1.
Компјтерот направи хаос, многу безвезе, ко НБА нешто западна источна конференција, нешто како ракомет ЛШ. Табела е лигашка фактички сите 36 клубови се борат за фајнл фоур така ќе му дојди. Е сега секој клуб игра по 8 натпревари со различни клубови, 4 дома, 4 гости. Противниците ги одреди компјутерот. Арсенал игра со ПСЖ, Интер, Шахтјор, Динамо Загреб, Аталанта, С. Лисабон, Монако и Ж(х)ирона. И сега од овие 8 натпревари зависи како ќе победиш, изгубиш или нерешено, така ќе завршиш на табела и ќе имаш шанси за понатаму. Комплицирано ептен. Не играш со сите него компјугерот кој ќе ти го одреди тој
Да. 5-1 сега ќе биде. Не знам што да кажам за новиот формат. Можеби е подобро, еве ни се паѓаат Сити, само еднаш ќе играме со нив. Нема да губеме 6 поени, само 3.
Комплицирано. Го гледав форматот, кои места одат директно во 1/8 финале, другите плејоф 1/16, а последните си одат дома. Ќе има доста калкулации... Како НБА и Ракомет му доаѓа. На крај нема ниту да е битно кој ќе победи, туку да се учествува. Не сум фан на прва, но ајде да видиме како ќе биде во пракса.
Затоа што сите финансиски ќе бидат обезбедени. Повеќе натпревари=поголем профит. Плус сите големи тимови горе долу ќе бидат во топ 16 или топ 8 без да се замараат како претходно во фаза на групи. Овде веројатно, според прогнозите, ќе им треба 8-9 бода за да продолжат понатаму. А тоа се 3 победи од 16 меча.
Аааааа за Јувентус ќе навивавме?!! Па јас гласав за тоа што е прво на листа.. Ништо, пу-пу не важни гласот.
8 меча играат, кај 16? Плус тука директно ќе им зависи и гол разликата од СИТЕ натпревари, не само од нивните 8 меча. Може на гол разлика да бидат и 13-ти и 16-ти. Од секоја победа, нерешено добиваат плус пари. Плус пари од карти… Не е дека ќе играат со втор состав
Ова што го направија само ја сјебаа ЛШ, поголема глупост е од лигата што сакаа да ја направат според мене.