Не знам за ова баш, ама има други на Голден Роуз, 80 денари. Во новата продавница на Голден Роуз во ГТЦ.
Овие од Липгал преубави, се изненадив ги мислев дека се мноу меки и неубави. Од ванила зедов, такво имаше, многу сум задоволна.
Бидејќи си го изгубив лабелото од Нивеа Milk and Honey и многу ми е криво затоа што многу ми ја омекнуваше устата. Но затоа сеа си го купив Нивеа Vitamin Shake и можам да кажам дека многу убаво мириса и е подобар од тој што ми се изгуби. Што е најинтересно го купив за смешна цена од 100 денари
Само што си го купив лабелово Одамна го меркав Па си ја надополнив колекцијава: И кремава што само што си ја купив Од кремава за раце сум препрепрезадоволна! После редовно употребување дури и од најиспукана кожа ти се обновува и добиваш сјај кој ни еден сапун не ти го засушува. А последнава крема е универзална, сега за сега, интересна е
многу сакам лабело за усни најчесто користам од авон нивеа лабелото е многу убаво ги прави меки усните...
Омилени ми на Rosal Lip Balm.. Сега моментално го имам лилавото од боровница и многу убаво ми мириса а за омекнување на устата да не правиме муабет.. Си земам и од Орифлејм кога ќе видам некое кое ми се свиѓа.. Верен корисник сум на лабела, никогаш не сум без нив.. Едноставно морам да имам со мене..
Повеќето мажи сметаат дека е „лошо“ да се користи лабело. Сметаат дека со тоа оставаат знак на исфеминизирани мажи. Можеби во тоа до некаде има вистина.Но зависно до самиот карактер. Ако едно машко е личност што се облекува „понежно“ а сепак не е хомосексуалец (педер) како сакате,често е осудуван од околината и му лепат етикети поради „понежноста“. Искрено не викам да лупаме лабело 6 кила на усните,но е естетски добро во зимно време,да бидеме средени за вие да не сакате извинете за ОФ топикчево доле .... Извинете и за“плиткото“ размислување Иако е за еден сингл маж е луксуз фрлање пари на вакви работи,зашто ние како машки сме поефтина инвестиција и поефтини за огледување од жените,и нели ние можеме и со 100ка во џеб.А вие девојките по правило не смеете да напуштите праг без 50 евра мин. А кога ќе ги прашате родителите зашто е така ќе ви речат : Ти неможеш дома да донесеш бебе во стомак,Таа има свој потреби,„Женски проблеми“,и слично. Факт е...повеќе се тресат родителите над вас него ли над машките. Ако ние јавиме потреба за шопинг толку интензивно колку вас,куферите и чао! А вие како девојки,ништо чудно и таткото ваш да ви купува пиштол поради : „Денешното време“ -_-
^ Оф-топик: сестра да не имаш? Патем, мене ми е сосем ок машко да има лабело со себе (се разбира не некое кое остава боја, но ова ми е супер). Никој нема заради едно лабело да мисли дека сте геј. Последно си го купив ова: Супер ми е, а и убавко мириса. Иако сметам дека опоравувањето на моите усни се должеше на повисоките температури.
За сите што ги баравте Blistex лабелцата,имам среќна вест за вас,ги има и во Македонија Во Еурофарм аптеките,цените им се движат од 140 до 170 денари. Ги немаше сите,околу 5-6 врсти,но им се изнарадував,you made my day Само што немав пари во мене,па не земав,ама деновиве,ќе се подновам со едно вакво Во меѓувреме го користам Ништо посебно не ми е,не ги хидратира усните,онака ми е,колку да ставам нешто на уста..
Последно го купив ова и не можам да опишам колку е прекрасно. Нема особена боја и не дава некаков посебен сјај, но многу добро ги хидратира усните. Покрај тоа мирисот е прекрасен.
секогаш го користам ова лабелце на нивеа, имам десетина потрошено, само цреша и ништо друго. Порано ги менував, ги имав скоро сите на нивеа, но се заљубив во ова. Совршено за средени усно, пушта малку црвена боја, прекрасно мирисаи ги прави усните меки. Итно ми требаше лабело и во Зегин го немаа "моето" па го земав ова на гарниер, баш е рипеир, што убаво ја омекнува устата мх мх, го препорачувам