@Avery со its cold outside и јас имав негативно искуство. Баш штета, преубаво мириса, ама како што велиш ти воопшто не ми упиваше. Од тоа со невен сум презадоволна а и од црвеното (веројатно цреша). Спас за ладно време ми се
Само од Невен има, месец дена барам уназад друго лабело од нив ама нема. А ова црвеното ептен ми се погоди и мене
59 ден мислам дека беше. Ама е преефикасно за таа цена од сите други лабела на росал, лабело па и мелем. Не е толку мрсно како мелем и комотно можеш под течен мат кармин да го носиш. Сите рани ми заздравија е сега нема некој убав мирис ама не е нешто што не се поднесува.
Јас првото го имам користено и се` уште го користам, Нема некој мирис туку неутрален, не е мрсно, структурата му е ептен убава, како путер-крем да мачкаш. Често го начекувам дуо-две за 79 денари во кутиче.
Baby Lips или Nivea од цреша. Преубаво мириса и остава нежно-црвена боја. Имам безброј лабела ама само тие ги користам.
Мене ми смета што сите имаат вкус/мирис. Дури и класичното темно сино на Нивеа, дури и екстра хидратнтното светло сино на Нивеа. Дури и Мелем. Дури и Неутрогена. Откријте лабело што нема апсолутно никаков мирис/вкус! Многу ми сметаат тие вештачки ароми...
@MissChievous на еуцерин лабелото, lip active. Цела зима го користев за синчето, нема мирис, нема боја и многу е ефикасно, добро хидрира.
За мојава уста што пречесто пука,само Мелемот ми е спас На сите им го препорачувам Нема мирис нема нијанси и Спас е Го има во Зегин
Устата во овој период партал ми се прави, кое лабело е убаво освен Росал и Нивеа кои не ми помагаат, ми треба за хидратација, сега устата ми е цела со испукатини кои се лупат, правам и пилинг и џабе.Многу изгледа грдо кога ставам кармин . Еуцерин лабелото дали е добро, не ми треба за сјај, само да ми е мека устата и доволна хидратација да дава. И да не остава бело на устата по некое време. Со некои лабела имам вакво искуство и ептен неубаво стои, после пола саат имам бела линија на устата.
Мирис 0%, вкус 0%, хидратација 100%. Подобро немам користено во последно време. Цена: 69 денари последно кога го купив. @anggell @MissChievous Ако сакаш nude нијанса можеш да пробаш со ова на Maybelline. Содржи ментол. Не сум сигурна за цената бидејќи одамна ми е купено, ама знам дека го земав од Тинекс. Има различни бои. @Cvekence789
Мене и Мелемот ми има некоја арома. Не многу јака, ама сепак има. Ќе го пробам на Еуцерин, фала на инфо!
а си земав едно од Балеа, бидејќи мислев дека е ново, а на него пишуваше "без мириси". Ме привлече факторот и тоа што пишуваше дека има масло од авокадо. Убавината е што навистина нема ниту мирис, ниту арома! Истo така, мрсно лабело е, слично на она на Алверде од невен. Башка, чини само 89 денари. П.С. Изгледа е истово ова, само во нова амбалажа.
Ова ми беше ептен добро но кога беше во вакво пакување. Со заштитен фактор, лесно се нанесува, оставаше некоја боја и беше супер за над кармин зошто не е како стик па да го избрише карминот додека нанесуваш. Штета што веќе не го прават така.