За жал ги нема веќе ...се што ќе најдеш е стара залиха можеш во дм-овците да видиш да не има останато...ама провери рокови
Се согласувам за лабелото на алверде,најдобро! Ме интересира дали кај нас негде ги има лабелата на hipp ? За моиве две принцези
Пред некое време го купив Кармекс , на почеток дека ми беше испукана устата ептен ме печеше неможев да издржам, ставав секој ден ми се среди устата и сега не ме пече, навика имам секој ден да ставам пред да излезам од дома за негде.
Eucerin the real MVP! Ниту едно друго лабело не ми ја заштитува устата од ветер и студенило како еуцеринот. Нема мирис нема вкус идеално за оние кои имаат проблем со мириси. Ми ја спасувал устата илјада пати од болна сувост. Eos од друга страна... scam. Не е неподносливо ама е ПРЕблаго на вкус, нормално парфемирано и нема никаков ефект на хидратација. Едниставно стои над усните не се впива и го снемува за кратко време.
И мене ми кажаа дека бил добар. Беше на попуст во зегин мислам. Не го купив ама сега се мислам. Колку го купи?
Јас летото го пробав Carroten summer kiss и сум презадоволна. Ниту ми се лупи устата, ниту ми се прават ранички како што ми се случуваше порано. Го земав од ДМ, околу 120 денари мислам дека беше.
Бидејќи користам сретства за миење лице и креми за акни што се јаки, устата на рабовите ми е лом овие два дена. Кожата е сува, црвена, иритирана, ме пече на моменти, хаос. Ставам Мелем но не ми помага за ова. Помош
Не знам дали го има и во редовна продажба, го земав гратис со паста за заби, Lacalut лабелото ме изненади многу позитивно, усните ми ги прави многу меки.
За жал го нема во редовна продажба, а и одамна го немам видено со паста за заби. За мене е најдоброто лабело