Направи си благ пилинг со четка за заби, стави вазелин или мелем и со сува четка поминувај ги усните. Истото може и со шеќер и масло да го правиш, без четка. После тоа мачкај крем на база на пантенол, за регенерација, и секако редовно да користиш мелем после ова. И пилингот е убав да се прави барем еднаш неделно.
Ја пече и е црвена, беља ќе направи со пилинзи. @Elence93 јас би ти препорачала јака крема специјална за атопичари а од горе мелем
Јас тоа го правам кога ми е испукана и ме пече од ветер. Циркулацијата се зголемува и побрзо заздравува. Нема сигурно да трие да се излупи, нежно треба. Регенеративен крем задолжително, а такви се тие на база на пантенол.
Да не знае некој дали овие ги има кај нас, дали се добри и која е цената? Безразлика дали е Nivea или Labello.
Јас искрено би ви препорачала само чист вазелин од Зегин. Се преродив одкога почнав да го ставам. Само пред спиење се нанесува и следниот ден се приметува разликата
Девојки, дали го има имате користено лабелото на Weleda? Користев повеќе лабела, но сите ми стојат на површина како филм а не се упиваат.. или предлог друго лабело
Откако ги снема baby lips лабелата никаде, долго се мачев со лабела се` додека не почнав да го користам carroten summer kiss, ама за жал и него веќе го нема во ДМ, па морав пак да почнам во потрага по лабело што ќе одговара за моите проблематични усни. Во аптека ми го предложија uriage, па решив да го пробам и морам да го пофалам. Мене ми ги реши буквално сите проблеми, устата веќе не ми се суши, не ми се прават ранички, не е ни премногу мрсно, ниту се топи. Чини околе 250 денари и изгледа вака:
Драга пилинг на усни кои се црвени и печат е убиство...Немаш појма каков стрес е тоа за кожата, нема да може да се опорави. Усните немаат потреба од пилинг. И јас порано мислев дека е добро од време на време да се направи пилинг, меѓуота со време сфатив дека усните се толку нежни и немаат воопшто потреба од такво нешто. Важно е само да се негуваат со природни производи. Никако на база на вазелин или други состојки кои се навтени деривати. Има еден куп убави балсами на природна база како оние на Слверде на пример. Јас моментално го користам овој кој е limited edition и феноменален.