Ако ми ставиш декларација ќе може да ти кажам. Чисто сумњам, да беа природни ќе ги познавав и препорачав, ама можеби има некоја нова формула која ми промакнала не се знае. Пиши ми декларација па ќе ти потврдам дали се природни.
Сите на Алверде ги имам пробано она со невен и со бамбус и ѓумбир кој погоре го постирав, на Др. Хаушка кој е преубав (можеби еден од најдобрите кои сум ги пробала) потоа на Уртекрам (ги немам пробано ама се природни)...Еве на овие ми текнува сега, ако ми дојде уште некој на ум ќе пишам.
Јас имав порачано од lookfantastic лабело од burt’s bees и ептен ме бендиса, не е многу ефтино искрено, испаѓа околу 300 денари ми се чини. Не содржи глупости, ептен ми се погоди, ама дека сега со ситуацијава, не ми се исплаќа да порачувам од таму, побарај можеби ќе го најдеш на др страна. Инаку, сега користам едно од балеа како балсам е, по состав не е нешто најарно, ама врши работа.
За мене подобро од Vaseline нема Секогаш го ставам и пред спиење и се будам пак со него на устата , хидрирана и мека ! Многу пати од Х причини се случувало да ми е ужасно напкувана , да се лупи и боли , но преку ноќ ставам и баш чудо прави. Сум пробала и Laneige познатата маска ноо ништо не ми помогнало како него ! Исто добра опција е и жолтото лабело на Алверде .
Не е лош тој што го имаш постирано убава е формулата само се надевам дека ланолинот им е чист тоа би ми била единствена преокупација. Инаку другите состојки и комбинации се супер. Драга ова е најлошо нешто што може да го ставиш на усните. Додека го користиш ти дава резултати ама престани една недела да го користиш и ќе имаш уште поиспукани усни од претходно. Вазелинот креира само маска а во никој случај не ја негува кожата на усните во тоа е проблемот со сите навтени деривати. Ова е научно докажано преку тестови на доброволци. Јас не би го земала ни во лудило.
Последниве неколку месеци пијам терапија која екстремно ја суши устата, до степен што се лупи од едниот до другиот крај. Пробав се и сешто и можам да кажам дека единствено нешто што баш ми помогна е комбинацијата на Мелем во кутија, а врз него Вазелин. Јас го купив вазелинот на Балеа бидејќи е буквално пола цена од тој на Вазелин, а е истиот состав. Како што кажаа тој не ја негува кожата, но ја заштитува и посебно се препорачува и доколку имате некое место кое сакате да заздрави, прво со третман, па врз него Вазелин.
Не се согласувам дека заштитува. Креира еден вид на филм ама не ја остава кожата да дише и ја влошува состојбата. Се што влошува состојба не може да се каже дека заштитува. Секој има избор дали ќе става производ кој само ќе се претвара дека негува и заштитува или пак навистина ќе негува додека заштитува. Пчелиниот восок има заштитно дејство и во комбинација со рицинусовото масло (база на многу природни лабела) навистина ја извршува работата како што треба. Ова не го пишувам за да те предомислам ти користи што сакаш. Го пишувам за да ги заштитам дугите од погрешни совети и производи како овој што го препорача.
Нешто без кое не можам да живеам. На почеток малце специфично, лади, пецка, но од кога ќе се навикнете нема да сакате да го промените. Кога ми е најиспукана устата ќе го наѓачкам преку ноќ во дебел слој и сабајле ми е мека.
Мене ми е најубаво Алверде со невен. Најевтино и најубаво негува. Иако многу ми фали мирисот на Мелем, не знам дали некогаш ќе го сменам ова од Алверде.
Колку беа отприлика лабелата на Алверде и кое би ми го препорачале ко најубаво? Сакам да пробам нивно лабело пошо одамна читам тука дека доста ги користите, а ова сега шо го имам таман при крај ми е, па сите препораки се добредојдени.
Јас го имам жолтото Lippen - Pflege Bio - Calendula Пред околу 2 недели го купив беше мислам 59 денари или некоја друга блиска цена ама мислам беше под 60 денари повеќе од тоа сигурно не беше.
Драга околу 59 мкд. Јас последно што купив е она limited edition со бамбус и ѓумбир (тоа беше нешто поскапо ама не многу околу 70). Премногу ми е допаѓа. Она со невен е најнежно и класика. Ова го земав затоа што обожавам ѓумбир а и бев заинтригирана од комбинацијата. Еве за ова станува збор.
@Dream-Girl како што веќе кажале сите, омилени ми се жолтото со невен, и зеленото со бамбус. Преубави се и двете, хидратантни. Јас му давам малку предност на бамбус. Веројатно дека тоа од невен го користев долг период, па ова за промена супер ми дојде.