Здраво, не знаев каде да го поставам прашањево, па ќе пишам тука. Дали некој го има користено ова, вреди ли за парите?
Ова го користам веќе неколку месеци, го препорачувам! Никогаш не ми биле помеки усните, а и прекрасно мириса. Сакам да земам и некое лабело со мирис на кокос... кое би ми го препорачале?
Јас го користам моментално. Мирисот е убав, но некако како да бе хидрира добро и тешко ми е на устата како да имам 5 слоја ставено. Не сум баш задоволна. Конкретно од Балеа би ти го препорачала ова
Уште одамна сакав да пробам некој рандом балсам и го купив овој: Не знам што очекував, но не очекував да има толку течна текстура. Не би рекла дека ми помага кога ми е распукана устата, односно не ми „ја лечи“, но од друга страна, ниеден балсам и не ми „ја излечил“ устата кога ми требало. Претпоставувам дека иако некои содржат хранливи состојки, голем дел функционираат на тој начин што формираат помрсен слој на устата па спречуваат да испарува водата од неа, со што спречуваат да се суши. Таква улога му најдов и на овој балсам. Не би го носела преку ден, особено ако излегувам, бидејќи остава премногу воденкаст влој на устата, како (нелеплив) сјај да имам ставено. Но, затоа не штедам со ставање од него навечер, пред спиење. Ставам прилично многу, и ми врши функција додека се разбудам, бидејќи не сум се разбудила со сува уста, напротив, останал мал мрсен слој, како само малку да сум ставила од обичен тврд балсам. Нема добар вкус, така што треба да се внимава да не се става премногу внатре во устата. Исто така, трае предолго, т.е. пребавно се троши. Преку ден користам балсам со СПФ и кај нас сум ги пробала само овие (мислам дека има само уште 1-2 со СПФ од други фирми): Од сите овие, најдобар ми беше Sun dance, бидејќи имаше највисок фактор, но и немаше никаков вкус. За жал, веќе со месеци го нема освен мислам во два dm во Скопје, според тоа што ми одговорија на Facebook пред неколку месеци кога ги прашав. Carroten и Bioten ми се премногу слични и во текстура и во вкус, односно имаат многу лош вкус, па внимавам да не се мачкам премногу внатре во устата. Толку се слични и имаат ист вкус, што кога им ја видов листата со состојки заклучив дека 99% ги содржат истите состојки и редоследот на некои од нив им е минимално разместен. Не знам дали ми се причинува, ама мислам дека вкусот на Bioten е за нијанса појак од тој на Carroten. Се надевам дека повторно ќе го вратат Sun dance (иако не верувам сега, можеби на лето?). Дотогаш, ќе морам да користам еден од овие два, во недостаток на други балсами со (повисок) СПФ. Отворена сум и за други предлози, ако има. П.С. Се извинувам за различните големини на слики; сликите се прикачени со линк, па така ги прикажува, не можам да им ја сменам големината.
Ама ова не е балсам за усни, ова е пилинг. Се нанесува на усните, лесно се масира и потоа се мие со вода.
"Пилингов" е одвратен, како шмиргла е и ништо не помага. Исто така и обичното лабело со кокос на Балеа не е убаво, баш како што кажа членката погоре, го осеќаш како ти стои на усни. Јас во моментов за усни го користам ова: Ама па фактички не е лабело. Ама е топ!
@pdb123 пробај го лабелото на Еуцерин, мене тоа ме спасува зимно време. Нема мирис плус со спф е 15. И на Веледа го фалат, ама не ми е пробано.
Моментално го користам ова, при крај ми е. Убав мирис на малини има, устата ми ја прави мека. Па за 70 денари , океј е.
Јас би ти го предложила овој. Го има по аптеките, цената му е околу 250 денари. Мене ми ги реши сите проблеми со усните.
https://images.app.goo.gl/3CwaqcoVPJv9BwHh8 такво лабело ми има донесено другарка ми кога беше во Франција *ти благодарам, пријателке Прекрасен беше. Дали има такво лабело во Македонија?
Овие денови поради ладното време усните ми се ептен суви Во моментов користам лабело од Алверде што многу ми одговараше додека беше потопло ама сега некако слабо... Што би ми препорачале?